RISK IT! (DE) & Short Fuse Hero - MKC, Skopje

RISK IT! (DE) & Short Fuse Hero - MKC, Skopje

Diehard Records & Booking ви претставува:

Risk It

Хардкор бенд од Дрезден, Германија формиран во 2009-та година. Последниве години еден од најактивните Европски бендови. Позади себе два долго свиречки албуми и две еп-а. Одличен лајв бенд, со стотици концерти позади себе. Момците биле на турнеи со Terror, Madball, Agnostic Front, 7 Seconds Comeback Kid и многу други.
На 29-ти Март за прв пат и во Скопје.

Домашната поддршка доаѓа од Скопската хардкор банда Short Fuse Hero.

По неколку месечна пауза момците повторно на сцена со освежена постава!

Бифе Фросина – МКЦ Скопје
29-ти Март (петок)
Почеток 20 часот

Билети во претпродажба по цена од 300 денари на билетара во МКЦ или онлајн на следниов линк.

На врата билетите ќе бидат 400 денари.

Поддржете ја домашната сцена! Се гледаме на концерт.