Санаториум имаат нова песна

Санаториум имаат нова песна

Санаториум, за жал, имаат нова песна. Имаат долга историја на издавање по една песничка (веројатно е сингл) без никаква најава за што се работи. Пример, најава за албум, ЕР издание, што било. Музичкиот дел не можам да го „рецензирам“ зашто никогаш не биле моја шолја чај. А текстот, евидентно, е еден те ист текст само малку извртен, превртен, пермутиран, комбиниран од истите долгогодишно познати зборови темнина, душа, студенило… занаетчиска зборовна комбинаторика кога нема што да се каже. Како и да е, за фановите на Санаториум ова е одлична вест, па бујрум новата песна „Параноја“.