Six Feet Under снимија нов спот

Six Feet Under снимија нов спот

Six Feet Under снимија спот за песната „The Rotting“, која се наоѓа на нивниот последен и ужасен албум „Nightmares of the Decomposed“. Се прашувам што е потребно за еден бенд да сфати дека не ја бива работата веќе? Додуша, во случајов не станува збор за бенд туку за поединец. Откако Крис Барнс остана сам во Six Feet Under и изрента музичари, бендот практично почна да смрди. Не само што станаа досадни и монотони, вокалот на Барнс одамна е бедотија, спотовите им се се полоши и полоши… А капак (во полошотијата) е последниов спот кој е забранет за малолетни лица. Спот кој не (по)кажува апсолутно ништо. Катастрофа…