Слушнете ги Gatecreeper

Слушнете ги Gatecreeper

Gatecreeper се „нечистокрвни“ дет металци од Аризона. Бендот е релативно нов (постојат од 2014 година) и досега имаат само два албуми. „Нечистокрвни“ се зашто влечат шведски дет метал со косиштата. На моменти ми се чини дека слушам Entombed, а донекаде и Dismember. Но, не е само тоа, па затоа предлагам да го слушнете нивниот нов албум „Deserted“ кој излезе на почетокот од месецов. Одличен бенд, верувајте ми на зборот.