Smut снимија нов спот

Smut снимија нов спот

Smut снимија спот за песната „Во мојот град“, која се наоѓа на нивниот последен албум „Тие се насекаде“. Албумот излезе во мај годинава. А, еве што се вели во најавата за спотот:

„Драги пријатели, ова е нашиот прв видео запис од новиот албум за песната “Во Мојот Град”.

Песна од големо значење и емоција за сите нас. Песна посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства, кои ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи. Посветена на луѓето кои без грам совест ќе искочат на ТВ екраните и со тажен поглед глумат невини жртви. А вистинските жртви сé уште имаат име. Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско Езеро. Тие не беа ваша кампања и не беа дневен проблем од кој треба да се решите. Знаеме дека ние нема да го заборавиме моментот кога нашиот град не беше повеќе наш!“

Љубов и Почит,
Вашите SMUT