Со задоцнување констатираме дека Shock Troopers имаат нов спот

Со задоцнување констатираме дека Shock Troopers имаат нов спот

Спотот излегол на 9 јануари ама јас дознав дури денес. Ваква добра ѓаолштина одамна не бев слушнал ни видел. Спотот е за песната „Соништа/Сеништа“, која звучи предобро, и се наоѓа на нивниот нов албум „Глуво доба“. Албумот излегува под закрила на Diehard. Патем, за звукот на албумот е задолжен Ненад Трифуновски – Трипе, а за спотот Кирил Манчевски и Стефан Дамјаноски. А, да… Наскоро очекувајте и интервју со Shock Troopers на МкМетал.