Soen имаат нов спот и нов албум

Soen имаат нов спот и нов албум

Иако тешко зачекорувам во прогресивните води, овојпат (како и многу пати досега) правам исклучок. Признавам дека Soen досега не сум ги слушал (иако станува збор за ветеранска екипа), а и да не беше спотов (и песната, се разбира) толку добар, тешко дека ќе се закачев. Како и да е, новиот албум „Imperial“ официјално излезе денес, заедно со феноменалниот спот за уште пофеноменалната „Antagonist“. На ваков текст, спот и песна не им требаат фалби и зачини…