Сте ги слушнале Contrarian?

Сте ги слушнале Contrarian?

Contrarian се прогресивни дет металци од Рочестер, Њујорк. Инаку, сепак станува збор за ветеранска екипа, а не за почетници. Постојат 6 години и зад себе имаат 4 албуми, од кои последниот „Only Time Will Tell“ излезе пред неколку дена. Претпоставувам дека се еден од многуте дет метал прогресивци во морето, но мислам дека сепак вреди да се слушнат. Патем, снимија и спот за насловната песна од албумот, кој, искрено, не ми се допаѓа толку колку самата песна.