Сте ги слушнале Французите Аlcest?

Сте ги слушнале Французите Аlcest?

Alcest се искусни металчишта од Франција, а постојат од 1999 година. Почетоците им се блекерски, а ко што може да се прочита, подоцна ги карактеризираат ко пост-метал-шугејз (шо и да е ова). Како и да е, денес излегува нивниот нов албум „Spiritual Instinct“ кој има само шест песни. За да сфатите за што станува збор имаме можност да слушнеме (и видиме) две песни, за секоја имаат снимено спот, риспективли. Не дека сум по вакви жанрови ама ете ми делува свежо (барем за мене, ко аматер во овие води). Препорачувам да им дадете шанса. Мој фаворит е „Protection“, особено зашто преку неа може да се забележи „од каде доаѓаат“. Баш и „Protection“, не знам зошто, на моменти ме потсети на Vintersorg (постарите албуми). А оние пољубопитните можат да им „пророшкаат“ по постарите блек метал албуми.