Сте слушнале за Black Earth?

Сте слушнале за Black Earth?

Black Earth практично е оригиналната постава на Arch Enemy. Во март годинава издадоа колекција со песни од периодот на Arch Enemy до доаѓањето на Анџела, значи додека во бендот пееше Јохан Лива. Но, она што е интересно е тоа што на изданието има и две нови песни, освен 17-те одново снимени „класици“. Засега, Black Earth е проект и не се знае дали има некакви планови, но ова е многу интересен бајпас во историјата на бендот. Зошто? Затоа што со новиве две песни практично продолжуваат онаму каде што застанаа со Burning Bridges. Да бидам искрен, поарно и од тука да продолжат, или, Black Earth (односно, првиот албум на Arch Enemy од 1996 година) да продолжи онаму каде што застанаа Arch Enemy во 1999-та. Денес имаме можност да слушнеме една од новите песни, „Burn On The Flame“. Хинт: песната е одлична!