Steel Temple VINYL промоција во Скопје

Steel Temple VINYL промоција во Скопје

Конечно дојде и тој ден. Стигна долгоочекуваната плоча на STEEL TEMPLE од албумот NOBODY’S SLAVES издаден лани на ЦД од Miner Records. Албумот го докажа своето постоење и со балканска турнеја на бендот, а и со освоената награда на Македонските Алтернативни Награди во 2017 како најдобар алтернативен албум на годината.
Се гледаме во сабота на 13-ти Октомври од 12 часот на пладне во МКЦ на Скопската Винил Конвенција да го промовираме историски првиот македонски метал албум од еден бенд кој излага на винил плоча.