Тазе хеви метал

Тазе хеви метал

И некој ќе рече, па кај може во 2021 година да има добар хеви метал? Не знам ама еве го, и тоа, деби албум. Coronary се хеви метал бенд од Финска и дебитираат со албумот „Sinbad“, кој официјално излегува задутре, а во меѓувреме стримуваат баш одлична песна од него. Мал хинт, басист е Јарко Алтонен од Korpiklaani. Верувајте, фациве знаат што свират. Многу добро.