Тазе Швеѓани

Тазе Швеѓани

Sodomisery се ептен тазе бенд од Стокхолм. Генерално, свират дет/метал, но тука е собрано се што може да сè собере од шведската метал сцена. На моменти провејуваат Hypocrisy, па малку Dissection, па маваат и накај At The Gates итн, итн. Нивниот прв албум „The Great Demise“ излезе минатата недела, а еве и како звучи.