„Тивкиот човек“

„Тивкиот човек“

„The Silent Man“ е насловот на новиот сингл на Cult Of Luna. Инаку, од 2013 година (кога излезе последниот албум), па наваму CoL издаваат само периферни изданија. Синглот „The Silent Man“ излезе вчера и се надевам дека ова значи некаква најава за нов албум. Песната трае 10 минути и во ниту една секунда ниту е досадна, ниту е монотона. Особено ценам што продукциски звучи онака како што звучи, поголемо внимание посветено на целокупниот дисплеј (музика+атмосфера), отколку на пеглање и истакнување одреден инструмент. „The Silent Man“ е едночинка, драма, кратка приказна со голема тежина. Браво!