Tombs имаат нов албум

Tombs имаат нов албум

Tombs се модерен блек метал бенд од Бруклин. Ова „модерен“ веројатно според звукот, инаку бендот постои повеќе од 13 години со солидна дискографија зад себе. Во жанровскиот опис им стои блек/пост метал ама тоа и не е важно. Звучат одчично и интересно е што имаат песни кои, иако на ист албум, се разликуваат меѓусебно. Да не забегувам, задутре им излегува новиот албум „Under Sullen Skies“ и тоа преку Season of Mist. А како звучи, намирисајте од неколкуте песни што ги стримуваат.