Trendkill+Последен Удар во Браво!

Trendkill+Последен Удар во Браво!

OI OI OI!
Свирка на домашен терен, почитувани дами и господа!
Бендовите ги знаете, екипата е таа. Браво е мало, а ние сме многу!
Упад – 200 МКД.

Али да испоштоваме протокол:

Последен Удар – Најопасното OI, директно од улиците на источната страна на градот! Едно ЕР зад нив, од скоро време и спот, а наскоро и албум!

Тrendkill – Хаце панк, директно од приградските населби! Втор албум многу наскоро, само да се влезе у студио!

За загревање и растегање после свирка ќе се погрижи Каљо Масниот во улог на дискџокеј, со хаце, ОИ!, рок и метал хитчиња!

Ќе биде жустро, ќе биде топло, ЛОШО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ!

Почеток од 20:30 часот!