Undergang имаат нов албум

Undergang имаат нов албум

Undergang се дет металчишта од Копенхаген, инаку ветеранска екипа некоја (речиси сите членови свират/свиреле во по десетина бендови). Звучат ептен старошколски и потсетуваат на најдобрите корени на дет металот. Како и да е, денес официјално им излегува новиот албум „Aldrig i livet“, а и снимија и спот за песната „Menneskeæder“, кој вака на прва делува ко спот на Six Feet Under.