Уште еден дум бенд ама овојпат од Холандија

Уште еден дум бенд ама овојпат од Холандија

Graceless се дум/дет метал бенд од Холандија, практично ветеранска екипа од еден куп бендови и проекти. Бидејќи холандски, на моменти вокаливе ме потсеќаат на целата таа постара холандска дет метал школа, па можеби и затоа избрав да ги слушнам. Има тука доста мелодика, убави, масивни и масни рифови. Интересно како и да е… Нивниот нов албум „Where Vultures Know Your Name“ излезе пред неколку дена, а во меѓувреме имаме можност да ја слушнеме „Embrace the Rain“, последната песна од албумот.