Уште една нова песна од Heathen

Уште една нова песна од Heathen

Heathen ја стримуваат насловната песна од новиот албум, која, да бидам искрен, звучи многу посвежо од претходната. Иако, мора да се признае дека тоа е и препознатливиот печат на Heathen, трешерско мелење и одлични мелодии. Да се потсетиме, „Empire of the Blind“ излегува следниот месец. Можеби и спотче до тогаш…