Уште една нова песна од Six Feet Under

Уште една нова песна од Six Feet Under

Пред некое време кога ја стримуваа „Amputator“ се подлажав дека ова најверојатно ќе биде еден од најдобрите албуми на SFU. Ама денес решија да пуштат душа со уште една песна („Zodiac“) која звучи дури и претерано досадно. Еден те ист риф цели три минути. Како и да е, „Nightmares of the Decomposed“ излегува не почетокот на следниот месец, па ќе видиме што ќе донесе…