Уште едно ремек дело од Monstrosity

Уште едно ремек дело од Monstrosity

„The Passage of Existence“ излегува на почетокот од септември, а веќе имавме можност да слушнеме како ќе звучи. Дека е премногу очигледно дека албумов ќе е мастерпис докажува и новата песна „Radiated“ која имаме можност да ја слушнеме како уште една увертира. „Radiated“ нема „изненадувања“ како претходните две песни ама затоа има одличен дет метал драјв, карактеристичен за Monstrosity. Единствена забелешка е што наместо две кратки солажи требало да „фукнат“ една подолга. Ама тоа е само финеса и вкус…