Vio-lence се враќаат (најверојатно)

Vio-lence се враќаат (најверојатно)

Vio-lence денес издадоа сингл ама со преработка од Dead Kennedys. Поточно „California Über Alles“, која оригинално се наоѓа на албумот „Fresh Fruit For Rotting Vegetables“. За преработката снимија и одличен спот (што е за огромна пофалба) и да се надеваме дека ова ќе значи и некаква најава за нешто ново, зашто не е сефте Vio-lence да продефилираат со некое издание. После последниот албум во 1993 година, издадоа ЕР во 2003 ио ДВД во 2006.