Внимание! Забегани Швеѓани...

Внимание! Забегани Швеѓани...

Reveal се исто така релативно млад шведски метал бенд. Постојат од 2011 година и имаат три студиски албуми. Последниот (трет) албум излезе пред околу една недела и во недостаток на наследник на „Spheres“ од Pestilence, „Scissorgod“ го грабам со две раце. Па уште и каков звук… Ако намерно се труделе да добијат ваков звук тогаш секоја чест, ефектот постигнат. Многу добра морничаво-мрачна и напната атмосфера. Браво, секоја чест!