Востание Фестивал 5

Востание Фестивал 5

Diehard Records & Booking
ВОСТАНИЕ 5
– МКЦ Скопје –
– 20-ти Декември 2019 -

Борбата продолжува, петта година по ред!
Годинава имаме четири домашни бендови, сите активни и со нови изданија.
И за прв пат кај нас, ќе ја имаме честа да ги гледаме FIRST BLOOD (USA).
Формирани 2002 во Сан Франциско, Калифорнија, Карл и неговата дружина носат безкомпромисен, моќен и суров хардкор/метал. 17 години, три студиски албуми и безброј турнеи низ целиот свет. Бенд што убива во живо и дефинитивно не се пропушта!

Домашните машини Shock Troopers имаа одлична година. “Глуво Доба” излезе на плоча преку Diehard records, промовираа во МКЦ и заминаа на Европска турнеја.

За само две години Последен Удар успеа да се постави како доста сериозен бенд. По одличното “EP”, летово го само-издадоа албумот “Не Сме Како Вас” и ќе го рокаат во живо на Востание 5!

Short Fuse Hero по кратка студио пауза повторно на сцена. Во меѓувреме снимија ново “EP” и лансираа спот за “Кој Ве Ебе”!

Свежата крв Conspiracy го издаде својот деби албум Dehumanized пред неколку месеци.

Карти во претпродажба на билетарата во МКЦ по цена од 350 денари. На врата 400 денари.
Врати: 19 часот

Како и сите досегашни востанија, за дизајните е задолжен Филип Тасевски ФИЦ! ♥
Поддржете на домашната сцена!