Xentrix имаат нов сингл

Xentrix имаат нов сингл

Тоа значи дека конечно имаме можност да слушнеме нешто ново од Xentrix после „Scourge“ од 1996 година. Песната се вика „Bleeding Out“ и се наоѓа на новиот албум „Bury the Pain“ кој треба да излезе на почетокот од јуни годинава. Вака, на прва, забележлива е одличната педантна трешерска продукција, но она што малку како да ми недостасува е нивната мелодичност. Но, океј, поминати се 23 години од нивниот последен албум, промена во поставата итн, итн. Да не судиме прерано, сигурно ќе стримнат уште некоја песна до јуни.