Yovel најавуваат втор албум

Yovel најавуваат втор албум

За оние што не се сеќаваат, Yovel се млад блек метал бенд од Атина со еден албум зад себе. Вториот албум „Forthcoming Humanity’’ излегува на почетокот од октомври како self-release, а во меѓувреме уредно не контактираа и ни испратија песна од новиот албум. Песната се вика „Epitaph | Chapter V“ а еве и како звучи. Патем, наскоро ќе прочитате и интересно интервју со нив. Но, чекор по чекор…