Запознајте ги Marrasmieli

Запознајте ги Marrasmieli

Marrasmieli доаѓаат од Финска и (во основа) свират блек метал. Пред една недела го издадоа својот прв албум „Between Land and Sky“ кој ветува многу. Мелодично, остро и жестоко. Можеби има простор за продукциски подобрувања ама тоа секако (за мене) не е пресудно. Важно момците креираат супер атмосфера. Во продолжение можете да го преслушате целиот албум.