8.0
Morgoth ги знам од раните 90ти кога тогашната МТВ која беше уште во пелени ја пополнуваше втората програма со пуштање на MTV која пак беше музичка телевизија тогаш а не инкубатор на одвратни реалити шоу-а. Е тогаш посебно беа интересни 120 minutes (алтернатива) и Headbanger's Ball и одеа едно по друго испресечени со Beavis & Butthead кое во тоа време беа поради некои причини смешни. Morgoth тогаш свиреа некој индустријален рок и бев поприлично изненаден кога дознав дека всушност пред да станат тоа што се, биле одличен дет метал бенд. Уште повеќе се изненадив кога дознав дека планирале после 20 години да снимаат пак и тоа да се вратат на нивните дет метал корени кои потсетуваат на комбинација на Death од Scream Bloody Gore и Cause of Death на Obituary.

Април 2015
Четврто издание на патологијата за годинава. Овој пат имавме 7 албуми за испитување и тројца патолози на располагање. Кумулативно ова е патологијата со највисоки оценки до сега и првата каде што три албуми го делат првото место.

Morgoth - Ungod

9.0
Ова е вистински олд скул дет метал без многу мрсење муда што би се рекло. Е ваков звук одамна сакам да слушнам. Morgoth ми се германските Obituаry во моментов. Некој ќе рече претерувам со споредбава, и да ви кажам право јас ич не мислам така... Многу ми е ќеф во ова модерно метал време кога ќе налетам на вакво парче музика каде што нема премногу техника, тинтрање, пицнати продукции до совршеност. Посебно сето ова добива на тежина со оглед на тоа што Morgoth се враќаат скоро после 20 години пауза, што е една цела вечност. Не е се во бластови, луди солажи, сложени рифофи. Импресиониран сум колку моќно може да звучи несовршеноста, и еве доказ само како треба да се комбинираат спори делници во дет метал, за тоа треба душа. Гледам летото имале турнеја како предгрупа на Bolt Thrower, научиле многу и од нив. Вистинско освежување, ама баш освежување.

8.0
Јако јако! Нека има black and roll за сите! Башка Ungod е преепско име за албум, како и Morgoth (првиот господар на злото во LOTR Универзумот) за бенд! Солидно блекачење со тегнење делови кои те тераат да размислиш за светогледот и способноста да владееш со bench press-от. Добра вожња со Death/Obituary-евски вокал, со рифажа за сите пари. Просто и одлично!

Enslaved - In Times
10.0
Најверојатно единствената 10ка што ќе ја дадам годинава. Enslaved внимателно ја градат кариерата и се еден од ретките бендови кои немаат исфрлено ни просечен албум. In Times им е круна на се она што пробуваат да го постигнат со последните неколку албуми и нивниот препознатлива „пинкфлојдовска“ варијанта на блек метал. Нема една секунда што не е генијална на албумов, од одличниот влез на Thurisaz Dreaming пa до последните ноти на Daylight. Ова е еден од албумите кои паметиш до крајот на животот.

7.0
Еден од најдобрите европски/светски блек метал бендови? Познавам еден круг на луѓе кои секогаш со восхит и суперлативи ми зборувале за Enslaved. Јас искрено не знам што точно да мислам. Некој би им се восхитувал на храброста што бегаат од блек метал клишеата, некој ќе ги дочека на нож, посебно олд скул закоравените блек метал фанови. Мене ова ми е сосема солидно, нити нешто претарано добро, а многу далеку од лошо. Од една страна викингшки блек метал, од друга алтернативен рок со поп вокали сето тоа е споено во In times. Сите оние што не се премногу ограничени/лимитирани во своите музички гледишта не би требало да имаат проблем со слушање на овој албум.

8.0
Да да, добро е. Иако не сум ги следел Enslaved никогаш, албумов е навистина ок за слушање. Добри експерименти во звукот, убави growl-ови како и стандардни северњачки металчења, како и прекрасни Dan Swano-вски клинови кои што ја грејат душат ги ладат јајцата. На моменти ми делуваат и малку Devin Townsend-ски тие клинови кои што така си имаат некоја sympho позадина, која што ти го доловува постоењето на Свемирот во сета негова слава. Малку ми смета типчно европско металските аранжерски фори, како и типично европско металската пречиста продукција. Но сепак, албум кој што има одлична вожња.

Alkaloid - The Malkuth Grimoire
9.0
Бендот кој го носи името на нашата позната фармацевтска компанија всушност е „супергрупа“ составена од поранешни членови на германските бендови Obscura и Necrophagist. Погодувате, свират технички дет метал, само што овој пат не се работи за клиничко и стерилно мастурбирање на инструментите (не викам дека има нешто лошо во тоа кхм...) туку сега имаат повеќе емотивни и мелодични моменти додадени на споменатото мастурбирање. Еден од најдобрите деби бендови и албуми годинава успат.

9.0
Прво нешто кога го погледнав името на бендов си викам овие ќе јадат тужба за користење на име на наша фармацевстка компанија, и некако на шега си ги земам да ги слушам, гледам прв албум, бенд кој не го знам...., арно ама гадно се заебав. Гледам во бендов свират членови на Obscura/Necrophagist и одма се сврте топката на сериозност од моја страна. Ова ти е Obscura со емоции, еден широк и шарен спектар на варијации и од инструментален и од вокален аспект. Не сум некој голем фан на технички/прогресив дет метал, али ова ми се врза некако. Ете сеа малку ќе си играм доктор и ќе си земам за право да им препишам лек на сите зависници од технички супериорен метал, утка нема. Сигурно ќе имаат еден куп пациенти.

7.0
Интересно. Јас многу многу не сум мераклија на прогот- ми станува напорен после 2 песни, но бендов сметам дека има што да понуди. Врвни инструменталисти, во најмала рака. Можеби малце е прегенеричен прог на моменти, но сепак изненадуваат со одлични death metal стандарди, како и доста интересен вокал. Dyson Sphere делот од албумот малку ми е досаден но остатокот е кул. Аранжерскиот дел доста интересен, на моменти исполнет со стандард риф, брејкдаун, риф, на моменти со доста експеримантирање. Worth a listen, како што еднаш кажа големиот Хајлие Селасие.

Ufomammut - Ecate
8.0
Ufomammut продолжуваат со својата креативна бучава само што овој албум не делува толку хаотично ко претходните а згора на тоа рифовите звучат уште пожестоко од порано. Не знам дали е тоа добро или лошо, не сум толку фан на жанрот, лично повеќе ми се свиѓа кога има некој ред меѓу хаосот дури и ако се работи за психоделичен дум бенд кој се бави со свирење на ист риф 15 минути.

7.0
Прво искуство со Ufomammut, италијански/жабарски бенд. Најдобар опис како јас ги доживувам е како да се возам во лифт кој се движи само надоле и надоле, едноставно нема копче кое би го придвижил лифтот да почне да се движи нагоре. Толку некој психоделичен звук вадат што ме мрднуваат од памет. Еден повторлив нечист риф знаат да го возат низ цела песна со вокал како некој да пее од длабок бунар и пак сето тоа да звучи добро. Си викате како е можно тоа? Епа можно е, затоа слушнете го Escate. За оваа година од тоа што сум слушнал ми е најмрднатиот стоунерски бенд, а да не e од Америка.

6.0
Ок, поштуем дрон, али преку кур некад. Фино е што се враќат на ортодоксен doom/sludge/noise/ska/jazz/black ама филмов е извозен поише од Kim Kardashian. Разбирам- бегање од метал стандарди, бегање од секојдневието на аранжирање, ама стварно преку кур. Во таа борба да се биде „поинаков“ ова стана правец- и тоа некреативен. I LOVE HOW EVERY SONG SOUNDS THE SAME!

Psycroptic - Psycroptic
7.0
Кога рано во кариерата ќе напраеш албум ко Scepter of the Ancients, осуден си секое твое наредно дело да биде споредувано со тоа. Oвој албум ќе биде посебно на удар бидејќи звукот е малку разводнет и на моменти се прашував дали слушам Psycroptic или некој хардкор бенд.

7.0
Тасманските ѓаволи повторно напаѓаат. Исклучително продуктивен бенд кој вади албуми скоро на секои 3 години. Symbols of Failure од 2006 ми е омилениот албум од Psycroptic, тука ја сервираат сета своја бруталност и нечистотија. После овој албум звучат веќе модерно, за да на последниов ја достигнат кулминацијата. Се е тука технички средено до детал, само што веќе почнуваат да влечат на дет/кор страната, а тоа е нештото што ми премногу ми смета. Psycroptic e дружина од многу талентирани музичари на кои не им недостига умешност и креативност само што на овој албум како да им се скинал тој извор од кој ја црпат енергијата. Да не се сфатиме погрешно, албумов далеку од тоа дека е лош, сигурен сум дека ќе се најде на врвот на многу листи што се однесува до технички дет метал настроените фанови, само што јас очекував многу повеќе од ова.

7.0
Еј, technic-death Hatebreed! Колку hardcore вожња има у албумов страшно е, ко напумпани Stamping Ground се. Се на се доста генерични метал и hardcore рифове, ама пак интересно е за слушње, а и паше за кардио и тегови. Не би додал нишо, каснам за на Бехемот!

Karyn Crisis' Gospel of the Witches - Salem's Wounds
7.0
Не можам да разберам зoшто некои уметници толку сакаат да ги бутаат своите имиња во името на бендот (Bon Jovi, Van Halen, Дарио и Миг-21). Ќе им сменеше нешто ако бендов се викаше Gospel of the Witches? Настрана тоа, се работи за одличен бенд кој се обидува да плива ко пират со готик шминка во водите на Black Sabbath или Candlemass. Гласовните способности на Karyn се импресивни и всушност е она што го истакнува бендот од купот новопечени денешни бендови. Проблемот со албумов е што можеле да скратат барем 25 минути досадни и непотребни испади.

6.0
Овие маж и жена, сопруг и сопруга се а? И веројатно за да не се расправаат по дома решиле бенд да си направат. Тука сопругот се решава да си земе еден куп обврски, цел инструментален дел, дур и тој потпевнува, а на жената си и ги оставаил само вокалите. Прв албум, а веќе издаваат за голема издавачка куќа Century Media. Не можам баш точно да го дефинирам стилот што го свират, ама најблиску ми е doom метал, онака во глобала премногу инструментално спор. Најдобриот дел ми се вокалите на девојкава, кои се на релација од ангелско до демонско пеење. Интересни наслови на песни како Mother, Father и за мене најдобрата The Alchemist. Нема ништо да изгубите ако им дадете шанса, пробајте ги.

6.0
Битолска металка incarnate. Ххехехе. Дефинитвно не е мој фах, ама не би го отфрлил туку така. Интересен вокал, добра вожња, и многу интересни инстурментални делници кои што се засноваат на експериментирање со psychedelic делчиња, наместо типично металски „глејте знаеме да свириме“ дркање кур. А и вештерки не се баш моја тема. A и кој кур албуми од по 1540 минути!

Moonspell - Extinct
7.0
Moonspell ја продолжуваат низата на одлични албуми од нивното „враќање“ на метал жанрот во нивната музика од The Antidote наваму. Extinct е малку помек од претходниците и иако има одличен почеток и неколку песни кои се едни од најдобрите во последната деценија, сепак некако не успева до крај да ми го задржи вниманието.

5.0
Кога го видов коверот за Extinct чоек да си помисли дека се работи за некој дет/грајндерски касапски бенд, а не за Moonspell. Колку да се потсетиме, бендпв пред неколгу години го гледавме во Скопје. Е сега кога би дошол да го свири овој албум сигурно не би отишол да ги слушам/гледам. Не дека очекував на овој албум да свират ствари како Alma Mater, ама пак и толку певливост, мелодија, едноличност не очекував. Така некако незабележително ми се провејува овој звук на Moonspell, од едно уво влегува од друго излегува, тек-тук по некоја ствар што може да те заинтригира што е премалку за преодна оценка.

3.0
Има добра причина зошто не слушат gothic ја. Не можам сине. Науфаран на приградски живот и сељаштво. Така што овој албум не издржав да ги ислушам цел, најискрено. Многу генерични рифови, вокалот како така малце тапа ми е, не ми лепи на уво уопште. Секоја чест за луѓето кои го сакаат бендов, ако наоѓате убавина во оваа музика, само напред. Јас не можам, искрено. Ова ми е Сакис Рувас на металот.