Август 2015

Август 2015

Скратено одморско издание, четворица патолози, пет албуми. Најкраток вовед до сега.
506491
7.4
Shape of Despair - Monotony Fields
1781 logo
Vortex
7.0
Не знам зошто финциве вакви албуми објавуваат преку лето. Monotony Fields е баш за долги зимски вечери, магливи утра, за секој ебан ден каде што си ја земаш прекумерната доза на PM10 честици. Песни ко „The Blank Journey" и "The Distant Dream of Life" не се баш за прошетки покрај море/езеро. Фактот дека овој пат не само што успеав да им преслушам цел албум туку дури и да го направам тоа неколкупати ми говори дека доста напреднале на полето на недосадност што е поприлично голем успех за секој funeral doom бенд.
007 2643
Brutalic
9.0
Штом почна албумот, одма помислив "Еве, уште еден стереотипичен Doom/Stoner албум...". Но, како албумот затера, така и јас се задлабочив во истиот. Поштувам амбиентални дела. Тоа ме бендисува во овој албум: не е типичен Doom/Death/Stoner, туку има повеќе допир кон амбиентално компонирање. Зборувам за амбиентални дела во стилот на Robin Guthrie, покасни ствари од Brian Eno... Друго што ме импресионира е што кога заврши албумот, не ни се почуствува дека саат и кусур помина - баш беспрекорно.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Дали монотонијата додека слушаш ваква музика добива некоја друга димензија? - Не знам точно да одговорам на ова прашање, али знам дека Shape of Despair со Monotony Fields и во најжешките денови знаат да го наоблачат времето со своите думштини. Уште да беа толку способни и моќни да знаат по малку да кушаат и за дожд врнење ко нив ќе немаше. Ако сте од оние типови на луѓе на кои не им се брза и сакаат лека-полека да си кажат што тешко им лежи на душичката тогаш Shape of Despair ви е правиот избор, тие се однесуваат како да ја имаат цела вечност во свои раце.
Hors
masnioth
6.0
Посоодветен наслов на албум не можеле да одберат. Искрено funeral doom не е мој тип на правец, сепак срцето ми тропа со над 7 отчукувања во минута. Конкретно ми тропа со 57, ама тоа не е важно сега. Во однос на звук, мислам дека таа исконска северњачка депресија е одлично доловена во целост во овој албум. Ако тоа ви е филм, ова е одличен албум за вас. Ако сакате да тонете во тотална депресија и безнадежност, ова е вистинското срање за вас! Продукциски е коска!
508035
7.0
Cradle of Filth - Hammer of the Witches
1781 logo
Vortex
9.5
Баш кога сите почнаа да забораваат дека бендов сеуште постои, Cradle се враќаат со најверојатно најдобриот албум од Midian наваму. Конечно им текна да ги тргнат оние силни симфониски делови кои одеа во позадина на скоро секоја песна на последните неколку албуми. Новиов е гитарски ориентиран и звучи многу помоќно од претходните, можеби затоа што балерината Алендер беше заменета со чешки демон кој итекако знае да вади одлични рифчини.
007 2643
Brutalic
10.0
Еве ја мојата прва 10ка! Ваков солиден албум од Cradle of Filth немам слушнато подолго време. Сепак, ќе бидам и искрен... престанав да ги пратам околу Nymphetamine албумот. Hammer of the Witches ми носи троа носталгии од поранешно време, кога Cradle of Filth констано издаваа, кој од кој, по-солидни албуми. Ме бендисува и концептот/темата на албумот. Можеби некои луѓе ќе речат, Cradle of Filth не чинат, се искомерцијализираа, вака, така, онака... но да не се лажиме, се забележува дека бендот има доста искуство, и тоа го прикажуваат не само во овој албум конкретно, туку и во жив настап. Како мој совет: ако сте музичар и вашата "бенд-кариера" се подобрува, односно, ако вашиот бенд стекнува поголем број на фанови и глобално признание, земети ги во предвид Cradle of Filth; погледнете како и каде почнаа, и анализирајте каде се сега, и што имаат сменето од почеток до денес. Се кладам дека ќе ви ги "отворат" троа повеќе очите и ќе ви дадат една идеја каде можете да додадете на вашиот бенд, и каде можете да одземите.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Немам баш многу-многу симпатии кон Cradle of Filth да си бидам искрен, арно ама Hammer of The Witches веројатно е нивното најдобро нешто направено последнава декада. Прв пат после толку време да преслушам цел албум на COF без да застанам некаде на средина и да речам СТОП. Овде звуков поседува суровост и дрскост како во старите денови преплетени со заразни мелодии кои ќе направат со неверување да го примите фактот дека конечно Дани и компанија направиле албум што нема да го мрчите. Да им бев фан ништо чудно и една сочна деветтка да им пишев :)
Hors
masnioth
1.0
Ja ова не можам да го слушам. Kaде е опцијата минус 1?
508021
6.8
Pro-Pain - Voice of Rebellion
1781 logo
Vortex
7.0
Онака, си го слушнал Truth Hurts, си ја слушнал цела дискографија. Ама пак ти се слуша и секој албум ти е добар и дури имаш и омилени песни кои ќе ги заборавиш до наредната недела. Анти-промена!
007 2643
Brutalic
6.0
Последен пат кога ги слушав Pro-Pain е пред, најмалку, десет години. Сеќавајќи се од она што ми е слушнато и она што го слушнав во новиот албум е, горе-долу, доста споредливо... и да не речам, исто. Значи немаат многу сменето во изминативе децении, и тоа мислам дека му игра во позитива на бендот. Да бидам и јас искрен, скоро ист материјал очекував од новиов албум, па и тоа го добив. Не се ни изненадив. Мислам дека Pro-Pain е еден од оние бендови кои ако почнат да менуваат правци, музички, ќе ја "утнат" многу работата (за оние што активно ги следат) и ќе изгубат голем број на фанови. Вака, она што "пали кецот" за нив, тоа нека биди.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Неверојатно продуктивен бенд со еден куп албуми позади себе. Дружината од Њујорк во Voice of Rebellion ни нуди уште една кроусовер дружба полна со агресивност, енергија и терање се у курац по список. Без разлика колку и да ги слушам Pro-Pain никогаш не ми биле досадни, па така е и со овој албум колку и тој да ми звучи генерички. Нема тука многу што да се кажува дополнително, Pro-Pain се еден вид на Институција, само вие терајте напред.
Hors
masnioth
7.0
Oдличен benchpress NYHC звук! Бенд што кариерата ја има посветено да биде љут. Тоа и реално е она што очекувам од нив, а и тоа го добивам. Одлично музика за дигање 250 кг на коса преса. Ако сакате нешто повеќе од ова, албумов, како и целиот бенд, не се за вас.
503707
6.6
Thy Art Is Murder - Holy War
1781 logo
Vortex
6.5
Thy Fart Is Murder уствари пробале да напраат негенеричка музика која овој пат не е базирана на брејкдауни секогаш кога ќе им снема идеја што понатаму. Дури има и неколку песни што се разликуваат од другите. За деткор бенд ова е поприличен напредок. Фартастично.
007 2643
Brutalic
7.0
Доста лесен материјал за "сварување". Чудна комбинација од death, black и djent. Обично ваква комбинација, мислам дека не е лесно да се изведи, додека слушателот сеуште да е заинтересиран, не само во една песна, но во целиот албум. Баш лесен албум за пратење, а мислам и дека додатоците на атомосферските делчиња со ѕвонливи гитари, баички помага во тоа. Мојот личен вкус за вокалите пак ми скрши филм, и после овој албум, заклучив дека сум голем "манџија" кога станува збор за вокали.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Ова треба да е нешто како музика без граници, али во глобала е иритирачки досадна музика. Деткорот колку што знае да биде експлозивен, толку знае и да биде монотон. Со ништо не се издвојуваат од баграта што го свират овој посебно популарен звук последниве десет години, чиста генеричност од почеток до крај. Читам и се чудам, претходникот Hate е најдобро продаваниот албум на сите времиња што се однесува до Австралиската екстремна метал сцена. Со Holy War мислам дека се далеку од еден таков успех.
Hors
masnioth
7.0
Прилично супер за deathcore бенд! Правец кој што мене лично ми звучел екстремно генерично. Но сепак, Thy Art Is Murder малку бегаат од тој стандарден breakcore beatdown муабет кој што го имаат бендови како Emmure, Acacia Strain и ним сличните. Ми имаат некој мелодичен поинтересен муабет, кој што на моменти забегува во одличен thrash death, па имање и некој Behemoth моменти, браво. Во секој случај го поздравувам трудот да се избега од таа досадна рамка на deathcore стандарди, кои што се, О БОЖЕ, толку досадни!
506792
5.6
Powerwolf - Blessed & Possessed
1781 logo
Vortex
6.5
За Powerwolf важи народната изрека "кој сериозно ги сфаќа е идиот“ (дисклејмер: нема таква народна изрека, ја измислив у моментов). Нивниот метал е толку генерички што дури Sabaton се Frank Zappa во споредба со нив. Покрај лошиот хумор, нивен втор адут се дебилно заразните рефрени за кои ни бутање штрафцигер во уво не е решение.
007 2643
Brutalic
6.0
Квалитетно сработен материјал, но онолку долг албум... дали се имало потреба од тоа?! Кога помислив дека албумот е при-крај, и погледнав до каде е - не бев ни до половина стасан. Од тие причини, албумов не ме бендиса многу. Иако сум "простен" со power металиве одамна, сепак, почитувам кога еден бенд од ваков калибар, би сработил квалитетен албум, но со пристојна должина. Без да му здодее на слушателот.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Ако по ништо друго барем по хуморот што го имаат Powerwolf во своите песни се разликуваат од клише power бендовите. Другото како по некое непишано правило се е исто, од мелодијата па до хорското пеење. Ова ќе ми биде најниска оценка дадена за оваа година на некој њемачки бенд.
Hors
masnioth
4.0
Премногу Dan Swano евровизиски метал. Ја модерен power не слушам искрено, иако ова не е до толку лошо. Ама повеќе ми е звучи на евтин поп панк отколку на метал. Башка преку кур од теми од истории у европскиов метал, аман више. И тоа никој не за јака историја од типот на партизани и комити, само некој фегети крстоносци и Викинзи со смрдени ноги. Ај фак оф више. А зашто ставаш цел бонус албум у албум? Тоа како да го разберам? Што сакате да ми кажете? Другиве мање више, али за Out in the Fields им се лутам. Озбилно.