Декември 2015

Декември 2015

Полека но сигурно успеавме да дотуркаме до 12тата и финална патологија за годинава. Овој пат имаме пет патолози и пет албуми.
530139
8.3
Sadist - Hyaena
1781 logo
Vortex
8.5
Sadist се од онаа тајфа која секогаш имала поинаков пристап кон дет метал жанрот уште од 90тите... зборувам за бендови ко Cynic, Nocturnus, Atheist. До сега одлична дискографија со исклучок на сомнителниот Lego. Пред некоја година мислам дека го достигнаа нивниот врв со Season in Silence. Новиов бараше повеќе време и внимание ама после неколку преслушувања повторно го заклучив истото што го заклучувам секој пат кога ги слушам, колку само е потценет бендов.
007 2643
Brutalic
10.0
Незнам дали е до името, но самиот албум на Sadist ме потсеќа на целата дискографија од Sadus склопена во еден албум. Слично име, сличен стил на композиции... Дури и бас гитарата - ми мириса на Стив ДиЏорџио фан. Инаку, албумот е пекол, нема промашај. До некаде е и мистериозен, и ме оставаше во несигурност, да не знам што да очекувам секоја наредна песна. Без разочарање на крајот. Солидна 10ка!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.0
Sadist се овие Италијаните од Џенова, оти еден куп ги со ова име. Од сите Sadist/i овие ми се најдобри.Интересен омот и наслов на албум. Хиените обично напаѓаат во групи, а најчесто чекаат некој друг да им го улови пленот па овие на готово да им го земат. Сета среќа што Sadist не се од тие " хиени ". Сами се трудат да го уловат пленот, т.е нас. Од ала Death па преку џез прог влијанија и афричките ритмови е тоа што ме освои, а нагласените симфониски и електрониски парчиња тоа што натера да не им дадам максимална оценка. И после Нова година идете да го гледате Пандев, па може конечно и на нему ќе му тргне па ќе даде некој гол.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
На прва, втора и последна песна како да го воскреснале Чак и искрено тоа ми е интересното на албумов. Останатото некако е друг муабет.
Hors
masnioth
7.0
Многу фанки death metal и ич не ми смета, дури и клавијатурите кои што ми немаат логика у некои песни. Вокалот звучи екстремно жабарски, БРАВО! Звукот за death metal ми е малце попоп од што преферирам, но најверојатно е така поради доманицијата на басот како водечки елеменат во звукот! Е ОВА Е БАС! НЕ пратњата што ја свират 90% од басиситите во метал светот, да ви ебам тоа пропаднатите гитаристи! АFRICAN DEVOURЕRS Е ПЕСНАТА!
530463
8.2
Hooded Menace - Darkness Drips Forth
1781 logo
Vortex
9.0
Не се сеќавам во последно време Стеф (symbolic art) да ми препорачал нешто што не е фантастично (ок, со исклучок на One Direction, ама ај да не ситничарам сега...). Албумов е составен од четири апокалиптични музички интергалактички бронтосауруси кои газат и претвараат во црнила се околу нив.
007 2643
Brutalic
9.0
Кога би ги зел неколку ноти и акорди што, индивидуално отсвирени, звучат очајно и грдо... и кога би ги ставил во една композиција, и би ги отсвирил како што си ги искомпонирал - тогаш би звучеле доста заводливо. Незнам колку смисла направив изминатата реченица, но тоа е најдобро што можев да го опишам целиот албум на Hooded Menace. Доста јак Doom метал, што на денешницава мислам дека многу ретко се наоѓа, а и мислам дека нема многу бендови што компонираат вакви ствари повеќе. Стварно, го дефинираат значењето на поимот "Мизерија". Баш и насловот на албумот е соодветен за композициите. Ако сеуште не ви правам смисла, слушнете го самиот албум...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Ова е досега единствена патологија каде што нема ниту еден лош албум. Hooded Menace не сум ги слушал претходно, ама ова што го слушнав ми се допадна. Не ретко претераната должина на песните ( во просек им се над 10 минути ) знае да биде одбивно и досадно за слушање, што не е случај и овој пат. Овие Финци се вистински мајстори на спориот дет/думерски метал со ултра језиви текстови.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Соодветно име за албумов. Четири долги, спори и мачни песни идеални за демоноповикувачки литургии во подземни зандани. Не толку јако ко она што претходно го имам чуено од нив, али нејсе.
Hors
masnioth
7.5
Само Funeral Doom баки мој! Многу ок албум, иако не сум многу по овој тип на doom metal. Супер мелодии, дронажи кои пленат, одличен growl кој што лепи на траките. Гив ит а лисен!
534346
7.6
Grave - Out of Respect for the Dead
1781 logo
Vortex
7.5
Не знам колку албуми извадија Grave и Unleashed во последниве 10 години? 15? И двата бенда не се заинтересирани за истражување на нови територии туку се концентрираат на перфекционирање на она што го знаат. Не знам што да мислам за новиов, Grave е до коска, ама некако е во сенка на претходникот Endless Procession of Souls кој ми беше еден од најдобрите дет метал албуми последниве години.
007 2643
Brutalic
7.0
Добро е кога ќе се слушни бенд кој постои 20 и кусурот години, што сеуште имаат некои свежи идеи. Посебно за ваков стил, олд-скул death метал, јас лично мислам дека си доста лимитиран со компонирање (доколку сакаш да се држиш до тој звук). Солиден труд на Grave!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.5
Европски одл скул дет метал на кој е грев да му наоѓате маани. Е добро де ќе речете ова сме го слушале или па го слушаме веќе 20 тина години уназад, демек што е толку посебно? Посебно е тоа што Grave го фураат својот филм целосно искрено и посветено. Во ова модерно време, не се обидуваат да се прилагодуваат на стилови и не знам ти што, тука газат онака како само што тие знаат. Кој сака да слуша вистински дет метал ова ќе го отепа од вртење, останатите кој ве врти.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.5
Албумов дрcкo почнува и супер вози до крај. Добри беа и у Скопје, се док пејачот не реши да се понаша ко да има ПМС. Ме потсеќаат на Vader.
Hors
masnioth
7.5
Прво сакам да кажам дека секој бенд кој што свири death metal и не сака на свирка да му се дешаваат stage dive-ови е педерски скапанички бенд и може да одјебе. Да Oла Линдгрен, педерче нордиско тебе ти зборам, кога сакаш ферка, и земи уште двајца да биде фер, говно едно усрано шведско, да ти ебам тоа депресивната земја од која што доаѓаш! Што се однесува до музиката, дефинитвно како добар death/thrash треба да звучи, нема муабет за тоа. Sepultura у најбоље дани, плус стероиди на све, звук, свирење, вокали, ааааа! Продукциски доволно прљаво ко што мене лично ми одговара за death metal, особено за ваков со одличен old school звук. Солидно!
525011
7.3
Gorod - A Maze of Recycled Creeds
1781 logo
Vortex
8.0
Веднаш штом го слушнам името Gorod во глава ми врти "Chronicle From The Stone Age", сум си напраел павлов рефлекс од вртењето на песната. Но, да бидеме реални, бендов уште не успеал да го стигне "Leading Vision". Новиов албум е добар чекор во тој правец и би рекол дека е најдобар од трите кои излегоа после него.
007 2643
Brutalic
3.5
Лесно заборавлив материјал. Доста технички бенд, кој на времето се сеќавам направија голем "бум". Овој албум навистина не ми остави никаква импресија. Ми звучеше како да се собрале навежбани музичари, но не знаеле што да искомпонираат. Па ај, решиле недоволно да си ги докажат способностите.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.5
Мојот омилен француски бенд последнава деценија. Прв пат ги запознав во 2006 со Leading Vision кој лично за мене сеуште го држи врвот што се однесува за дискографијата на Gorod. А што да кажам за A Maze of Recycled? Абе Gorod си се Gorod нема што тука многу да солам памет. Ова ти е технички кунг фу дет метал на француски начин. Само поради тоа што Leading Vision ми е мене омилениот албум нема да им дадам 10. Кога ќе споредам со Pitbulls in the Nursery, питбуливе изгледаат смешно, а им дадов иста оценка, али јбг, што е тука е. Во топ 5 албуми за оваа богата метал година.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.5
Доста технички отсвирено, а сепак со многу грув, мелодија и повремени Meshuggah моменти. Албумов е динамичен и добар за слушање. Ми лајќи.
Hors
masnioth
8.0
Прилично OK tech death. Во однос на звук и продукција, мислам дека тоа е тоа. Све направено да звучи чисто, а и дрско во исто време. Ми се допаѓа шо на моменти има доста обиди за експреминтарање за по модерен core звук, кој мислам дека доста добро им успеало да го изведат, да биде доволно суптилно да не звучи како многу try hard-изам. Има јаки влагања на контри. Ме чуди што Французи можат да напраат волку добра музика, алал вера! П.С. Кога прочитав А Маze of Recycled Creeds - ми се појави слика од 100000 Scott Stapp-ови кои што свиреа 100000 Tremonti PRS Custom <3 <3 <3
532219
7.2
Gama Bomb - Untouchable Glory
1781 logo
Vortex
8.0
Ирциве све што имаат да кажат, го кажуваат под 3 минути на ултрабрз сетинг пошо нема потреба од успорување. Еден од најдобрите и најсвежите траш метал остварувања годинава.
007 2643
Brutalic
8.5
Gama Bomb ми делува на бенд што се искажуваат со "латифиња", што би рекле. Од самиот кавер, до самите песни, се гледа дека се заебаваат. Покрај сето тоа, знаеле музички, јак треш албум да исфрлат, што заслужува повеќе внимание. На самиот почеток (па и пејачот), доста ме потсети на Sacred Reich - Ignorance, кој и до ден денес го сметам за еден од најдобрите треш албуми. Ако би нагаѓал, би рекол дека барем на еден од членовите од бендот, Sacred Reich им е омилен бенд. А што е рециклиран материјал, Е рециклиран баички.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Конечно добар и забавен треш метал. Европските Municipal Waste додека ги слушате ќе ве асоцираат на шутки, дајвинзи, прскање со пива, бенгање и правење на триста глупости. Половина час возење под полна гас. Браво за овие Северни Ирци. Забегани нинџи :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Боринг тхраш уит кул воукалс. Д продакшн из а литл ту полишд, бат иц оуќеј.
Hors
masnioth
5.5
Kратко, просто и треш. Мање више секоја песна е иста. Ако од Gama Bomb очекувате нов звук, експериментирање и слично, сте се заебале. Многу генерични треш рифови, и аранжмани, поп референци од 80ти и 90ти, све! Супер tribute band за една одмината ера. Ова, би издвоил како soundtrack-от на незапослеништвото.