Февруари 2015

Февруари 2015

Со мало задоцнување стигнавме до февруарската патологија. Овој пат учествуваат четворица патолози, од месецов ни се приклучи и Никола од Кичево (temninata). Заради доцнењето на Јануарската овој пат се одлучивме само за 5 албуми.
Napalm death apex predator easy meat
8.0
Napalm Death - Apex Predator - Easy Meat
1781 logo
Vortex
8.0
Не знам од каде го вадат конзистентниот креативен бес веќе 30 години. Додека многу бендови ги снемува откако ќе се испукаат или пак ќе почнат да вадат албуми на секои 100 години (кхм... Slayer, кхм...) Napalm Death немаат направено посериозна пауза од 80тите наваму. Со исклучок на Overkill, во моментов не ми текнува на бенд што може да вади толку квалитетен материјал без прекин на секои 2-3 години буквално. Бесот и жестината се сеуште присатни, продукциски овој е еден од попрљавите албуми за разлика од последните неколку каде што си ја зачистија продукцијата. Ми се чини дека немале позаразен албум од Diatribes наваму.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Далечната 1996 година кога јас сум бил копиљак Napalm Death заедно со At the Gates ја направиле една од најдобрите свирки во Скопје ( барем така ми кажуваа тие што биле ). Бенд кој постои повеќе од 30 години и сеуште твори со без малку иста енергија како и во минатото мора да се почитува. Не дека на овој албум ќе слушнеме нешто ново од нив, нешто што не сме слушнале, али да бидеме искрени тоа од ND никој и не го очекувa после Harmony Corruption кога веќе решаваат повеќе да се наклонат кон дет металот/грајнд наспроти албум како Scum. Apex Predator-Easy meat e албум со текстови исполнети со бес и гнев со манифест на драматичност, налудничави вокали и ептен стгната продукција. На ND фановите не им треба дополнително објаснување и убедување за да го слушнат албумот, но сите оние кои сакаат да слушнат директен и екстремен звук без многу тинтрање нека ги слушнат чичковците од Бирмингем.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Како што нивниот втор албум From Enslavement to Obliteration (1988) отвора со Evolved as One, така и овој 15ти по ред отвора со одлична песна што повеќе звучи на нешто налик Swans или на маорска воена химна отколку на самите ND. Насловена како и самиот албум, таа почнува со длабоко проповедничко пеење за по некое време да се претвори во морбидна, но доста прецизна комбинација на врисоци и племенски тапани. По овој одличниот вовед следува очекуваното грајндерско рокање, овојпат не онолку екстремно колку што ND знаат да бидат, но сепак доста квалитетно и мерачко за слушање. Албумов мене лично ме потсеќа на Call of the Mastodon со повремени crust моменти. Сè на сè, доста добро издание. Пред некој ден стигна и веста дека ND ќе настапуваат на овогодинешниот Егзит фестивал во Нови Сад, така да имаме одлична прилика прописно да бидеме изграјндани од легендиве и во живо.
Hors
masnioth
9.0
Grind ко што треба бе! Без многу паламудење. Да, свирење на метал grind стандарди, ништо ново, ама па на крајот од денот, кога си дефинирал еден од најагресивните правци во светот на металот нема потреба да дрвиш многу многу, со експерментирање, инди рок потсвесни пораки и слично. Брзо, дрско и социјално освестено- NAPALM DEATH. Што не е јасно!?
Venom from the very depths
7.3
Venom - From the Very Depths
1781 logo
Vortex
7.0
Пушташ прва песна, веднаш Hell, Satan ово оно си викаш, супер, уште се Venom, не почнале да пеат за социјалните проблеми на Гренланд за да звучат модерно. Пушташ втора песна, звучи ко Whiplash у изведба на Motorhead, пушташ трета песна и си викаш.... wtf, Venom еволуирале? Па ок, еволуирале ако за еволуција се рачуна користењето на повеќе од еден риф во песна. Можеби од тие причини албумов не звучи толку безживотно како последните неколку на кои кумулативно немам потрошено ни еден час, бидејќи ептен биле интересни нели?
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Легендите Venom, или тоа што остана од нив... Секој што се бафта со метал повеќе од 30 години заслужува почит, огромна почит, така да Cronos пријателе ти симнувам капа. Тоа што мене овој албум на моменти ми е премногу досаден е можеби и моја вина, али што е тука е. Малку ми е глупаво што си земам за право да судам за некој што буквално ги оставил коските на метал сцената али едноставно From the very Depths не се спријатели со моите ушни тапанчиња. А да ќе заборавев, панкеришта слушнете го албумов задолжително :).
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Кронос и бандата со нивниот 14ти по ред албум ја докажуваат српската поговорка „Без старца, нема ударца“. Овој албум, со неговите нешто над 50 минути полномасен хеви-треш искорнат директно од длабочините на пеколот, не може да те остави ниту рамнодушен ниту со здрав врат. Покрај мнозинството брзи, прикладни за Venom траки (Grinding Teeth, The Death of Rock n Roll, From the very Depths…) има и неколку со постабилно темпло како Evil Law и пак Smoke, која ептен ме влече накај Crowbar. Исто како и на претходниот албум Fallen Angels (2011) каде што имаше партали химна едноставно насловена Punk’s Not Dead, и на ова издание Кронос укажува почит кон сличниот по брзина музички стил и неговата нераскинлива врска со треш металот со песната Long Haired Punks. Дали првото чело на металот отсекогаш гаело симпатии кон панкот или можеби во последно време си праат муабет со Фенриз на Скајп на таа тема не е ни битно. Она што е важно е дека после повеќе од три децении, фациве уште знаат да одржат лекција по бескомпромисно металчење. Lay down your soul to the gods rock ’n roll!
Hors
masnioth
8.0
Така!? Black Flag на стероиди? Meталци што превише биле пички да бидат панкери? Или добро свиреле за да бидат панкери!? Не е важно. Важно е дека е Venom. Како и Napalm Death, причата е таа. Бенд што воспоставил метал стандард и го фура истиот. Не ми смета. Venom треба да рокаат, а не да видат дали новиот албум ќе им звучи боље ако малце убациме breakdown, со некој gravity blast, clean вокал и други пичке материне. Motorhead добро ги научи сите, рокај дур си жив, умри, и рокај пак!
Torche restarter
6.8
Torche - Restarter
1781 logo
Vortex
6.0
Бев одушевен од албумов на прво слушање, едноставноста на рифовите, ведрината (ептен метал) и општата искулирана атмосфера на албумот не може да не ти се свидат. Проблемот е што не добив желба пак да го слушам, а кога пробав со сила, за потребите на патологијава нешто не штимаше. Репетитивните рифови можеби функционираат само еднаш, има нешто ужасно иритирачки во вокалот и некои песни едноставно одат на нерви (No Servants, ти ебам тоа фонијата глупа на почеток). А можеби и сум презаситен со стоунерски бендови во последно време.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Torche ми се како некои марсовци. Нит сум ги видел нит слушнал се до Restarter, и ете и низ Мајами да ти се врткало по некој стоунер бенд. Да бидам искрен ми се допаѓа како звучи бендов, заразни, ама не досадни мелодии, цврсти рифофи, одлични вокали кои ќе ве натераат да им посветите повеќе од едно обично преслушување на албумов. Супер звучат кога дробат во песна како Undone, каде во помалку од две минути покажуваат што стварно знаат, али во иднина повеќе би сакал да ги слушам онака како што звучат во последната песна Restarter, каде покажуваат способност девет минути да те остават будни. Torche како да влечат британски корени, воопшто не ми звучат како амерички бенд.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
За Torche слушам често во последниве години бидејќи се современици на некои од моите омилени групи како Mastodon, High on Fire и Baroness со кои што делат издавачки куќи, продуценти и турнејски автобуси. Сепак, по некој сплет на околности никогаш ги немав заслушано и не знаев што да очекувам.. За среќа, како и последните албуми на гореспоменатите им другари, Restarter е албум што има доста да понуди, од груверски рок везења а ла Foo Fighters до мрсни слаџ рифови наштимани толку ниско што слободно може си праат муабет со Ноне. Доволно е да ги слушнете Loose Men и Barrier Hammer за да увидите за што се работи.
Hors
masnioth
7.0
Поштуем дронажа и дрвење, па и ако има клин вокал, достоен за Backstreet boys. Прилично мелодично за sludge-stoner, што на моменти е супер, на моменти и не е баш. Ми се свиѓа експериментирањето, и не знам зошто ама целиот албум ми им некако Devin Townsend/ Mastodon vibe. Не знам зошто. Ама ми се допаѓа тој дел. Вреди да се слушне, можда му давам 7мица пошо не е за мое уво скроз, можда треба да му навлезам повеќе.
Cover art
6.3
Solefald - World Metal. Kosmopolis Sud
1781 logo
Vortex
8.0
Solefald отсекогаш биле бенд за кој не викаш ок се, или те одушевуваат со тоа што го праат или си викаш дека се срање, средина нема. Впрочем многу Норвешки бендови се такви, редовно се обидуваат да ги турнат и да ги рашират границите на жанрот што понекогаш се завршува со летање на истите во провалија. Solefald никогаш не се залетувале, нивниот специфичен звук го градат веќе две децении, нивното цело постоење се базира врз излегување од зоната на комфортот. World Metal им е до сега најрадикалниот експеримент и верувам дека ризикот се исплатил бидејќи албумов станува се подобар и подобар со секое слушање. Можеби ја нема таа заразност како претходниот (и после 5 години сеуште во глава ми се врти она Tit for tat a bit of dat...) но претпоставувам дека заслужува повеќе внимание и посветеност. Еден од моите кандидати за најдобар албум на 2015та.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Аууу мајко моја мила!!! Роди ме со к'смет и фрли ме таму далеку во Норвешка. Не ја знам премногу историјата на Solefald, а можеби и подобро е така за моја конечна пресуда на World Metal. Kosmopolis Sud. Името на албумот најдобро ја отсликува содржината. Измешајте метал, фолклор, електроника, разни перкусии и на тоа додате еден куп различни варијации на пеење од growl, dark па чак и поп стил и ќе добиете Solefald. Мене албумот ми влезе под кожа, а String the Bow of Sorrow не ми излегува од глава. Задолжително обрнете внимание на чудациве и малку нека ве фати меланхолијата од Осло.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
4.0
Музиката го оправдува насловот, бидејќи бендот пробува да искомбинира не само разни стилови метал, туку и ралични стилови музика општо. Не знам дали ова им е утврдена насока што ја тераат и на нивните претходни албуми или изолиран експремент, но во случај да е второто, би го оценил како не многу успешен. Иако им се воодушевувам на музичари кои газат на конвенциите за да го спојат неспоивото и да создадат нешто ново и оригинално, морам да признаам дека во случајот на овој албум, комбинациите на стилови често ми делуваат многу рандом и неинвентиво.
Hors
masnioth
5.0
Kaко што велат Енглезите, не е моја шоља чај. Супер да свирите и да комбинирате правци, ама треба бе малце осет за аранжман. Многу нешта, на крајот ништо. Башка лично мене, кога го слушам зборот avant-garde ми се прикењуе малце најискрено. Оддамна не се десило метал бенд да ме натера да слушам Fergie, ете oвие постигнаа.
38e8e53326d6bb2f08e0d65915b
6.0
Keep of Kalessin - Epistemology
1781 logo
Vortex
6.0
Keep of Kalessin, бендот кој ќе остане запаметен по тоа што е првиот блек метал бенд кој се испробал на евровизија. Една од најголемите грешки во метал светот после обидот на Morbid Angel да бидат Marilyn Manson. Epistemology е албум кој има многу елементи од Armada и Kolossus ама некако не успева да искешира како што знаеја тие два албума. Еве ќе ја земам за пример The Spiritual Relief за пример, одличен почеток, ја носи онаа морничава атмосфера од Armada и одеднаш се убацува пеачот со ужасни чисти вокали и целата песна успорува по некое време и забораваш дека воопшто слушаш Keep of Kalessin. Тоа се случува низ цел албум. Ете за споредба го пуштив Armada веднаш после овој албум, па Crown Of Kings кога ќе почне тоа е орање од почеток до крај, не ти се прекинува. За жал тоа го нема на новиов албум, има солидни делови ама ништо не функционира како што би требало, дури и кршон од албум Reptilian ми звучи посолидно од ова.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
И пак Норвешка.. Поминаа пет години од Reptilian, ѕверски албум, за мене еден од најдобрите албуми во 2010. Нешто што за жал нема да можам да го кажам за Epistemology. Мелодичност до болка, епски тек со пренагласени високи чисти вокали и некоја чудна продукција се дел од работите што овој пат ми сметаат кај Keep Of Kalessien. После едно-две преслушување веќе албумот ми здосади. Едноставно е една вака талентирана дружина очекувам/очекував многу повеќе.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
За бендов знам само неколку работи – дека беа доста зборени од членовите на Мкметал пред едно 6 години и дека таа фама спласна откако бендов реши да свири на Евровизија. Така да тргнав да им го преслушам овој албум со доста резерви кои втората трака ми ги потврди бидејќи е монотон спој на power метал со death метал тапани. Но сепак, на мое изненадување, KoK (ha, it sounds like Cock) тој звук не го тераат до толку низ целото издание. Иако power моментите се присутни низ албумот, повеќето од материјалот наликува на нешто во стилот на подоцниот период на Dimmu Borgir. Продукцијата е премногу кристално чиста за мене, но не замерувам премногу бидејќи тоа е веќе утврдена норма за овој вид метал.
Hors
masnioth
6.0
По мене не е толку лошо. Ама не и сјајно. Добра вожња, интересни рифове, ама ќе се убаци тој clean вокалот и ќе ми усере све. За екстремен метал бенд не се многу екстремни. Песните си имаа тек, аранжманите се фини, ама премногу генерично европски ми звучи, најиксрено. Предлоги се песните, и нема некоја да ми отскокнува како посебна, можда Anima Mund маааалце, дур нема опера и бластови заедно, да ми укења све.