Февруари 2016

Февруари 2016

Ах февруари, месецот на студот, глупавите љубовни и алкохолизирани празници... ок, ок, Март е знам, ама доцниме од оправдани причини (повеќе за тоа на сајтот/фб страната во наредниов период). Месецов инаку за прв пат имаме и македонско издание и ќе се обидеме тоа да стане традиција. Рецензирањето на македонски изданија секогаш бил жежок костен ама си викам ај ќе го гризнеме и тој метак (костен?), по цена на тоа мкметал да стане поомразен сајт од она што е. Значи месецов го обработуваме новото издание на Formless Terror, а покрај него и новите на Megadeth, Abbath и Borknagar.
549936
8.2
Abbath - Abbath
1781 logo
Vortex
9.0
Не знам дали некој очекуваше дека после заминувањето на Abbath ќе чуеме негов соло материјал, со обзир на тоа што неговата хибернација е прилично долга во последнава деценија, единствено будење му беше за одличното враќање со All Shall Fall пред некоја година арно ама и тоа звучеше ко лебедова песна на бендот. Сепак, и тоа се случи, Abbath излезе со материјал кој ненормално потсетува на Immortal и кога го слушам се прашувам колкав инпут всушност имале другите во бендов бидејќи ова звучи ко фул Immortal албум плус некои модификации кои им беа итекако потребни на албумите после At The Heart of Winter.
007 2643
Brutalic
9.0
Одкако слушнав дека Абат беше оставен сам, и дека албумот е завршен од самиот - Абат, одма се забележува која била водечката сила во Immortal. Се забележуваат оние "Black 'n' Roll" моменти, истите како и во проектот кој се случи пред неколку години, I (aj). Одлично сработен албум. Навистина уживав во секоја песна, од почеток до крај.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Оние олд скул блек метал фанови можеби ќе му се восхитуваат на Abbath, и тука завршува се. Искрено колку и да го слушам албумов пак нема да ми се свиѓа, попусто е. Не викам дека е лош, веројатно е до мене. Само поради песна како што е Fenrir Hunts која е врв на албумов ќе дадам прееодна оценка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
10.0
По многу конфузното и за сите фанови разочарувачко распуштање на моќните Immortal, Абат реши албумот што го спремал да биде следното издание на бендот да го издаде како соло проект бидејќи тој реално е синоним за Immortal и по креативен внес и по лик т.е. пошто му се може. Така да звукот на ова издание е несомнено продолжение на втората фаза на „Бесмртните“ каде што со нивниот неприкосновен блек метал им се враќаат на лекциите научени од Venom и Celtic Frost. Ја имав таа среќа да го гледам mighty Abbath! во живо во Солун (битолска екипа поз), само два дена откако искочи албумов. Го отсвири скоро цел, не заборавајќи да не’ почести со по нешто дрско од Immortal и I. Песните на албумов ми се закон од прва до последна што значи дека и во случај да не најде повторно заеднички јазик со Демоназ и Хорг во иднина (искрено се надевам дека ќе ја опраат работата), Абат ќе се погрижи зимата во Blashyrkh да трае вечно!
Hors
masnioth
7.0
Тhe artist formerly known as Immortal ! Tоп му е, се забавува. Слушнете ко албумов за да видите како е да си праиш иста музика ко што си праел порано, мањак другите примадони да го ти го крадат тој corpse paint shine! Не е лошо! А и нема да е лошо кога си поставил стандарди на правецот, реално.
549852
8.0
Formless Terror - A Pax of Heretical Evolution
1781 logo
Vortex
9.0
Македонски метал албум е поголема реткост од искрен политичар на ова подневје. Сепак, може не не бива за квантитет ама не бива за квалитет, новиот монструм од Formless Terror само го докажува тоа. Од Giants па до инструменталот Bowels of Chaos, албумов е доследен наследник на Sovereign Chaos Authority. Во време кога повеќето брутал дет метал изданија убиваат со монотонија и тераат на заспивање (или фрлање од 7ми спрат), фино е да се чујат бендови што навистина се трудат да напраат нешто што е различно, уште пофино е кога тоа е домашен бенд. Успат, да не заборавам, закон омот.
007 2643
Brutalic
7.5
Добра содржина, добра продукција. Басот беше малку незабележлив, но се друго беше доста чисто снимено и инжинирано. Се забележува дека луѓето посветиле баички време на албумов, и со тоа го имаат одредениот продукт. Брејк-даун рифовите ми се најфраерски. Незнам друг бенд од Македонија што го негува овој правец на музика со ваков квалитет, така да мило ми е што имаме барем еден бенд, од ваков калибар. Само напред!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.5
После цела година од како пишуваме збор-два за разно/разни албуми од еден куп бендови, конечно ја имаме честа да мрчиме за нешто од македонската метал сцена. Formless Terror ги пратам од самиот почеток, ма да рака на срце одамна нe сум ги слушнал во живо, али A pax of Heretical Evolution е добар повод да ја посетам следната свирка од нив. Што да кажам, мајкоебачки добар брутал дет метал. Обавезно преслушајте \m/
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Второто издание од знаменосците на македонскиот ултабрутален звук насловено А Pax of Heretical Evolution, слично на нивниот првенец, претставува бескомпромисен получасовен бластфест од крај до крај, со повремени слем делници адекватно поставени низ аранжманите. Текстовите ми се супер, пошо си сакам трипање на таа тематика. Единствена замерка имам околку звукот на тапаните. Јас лично претпочитам продукција на дуплата да биде појака на басови со што бруталноста на звукот би достигнала уште повисоко ниво. Нејсе, овој албум на 19 март доживува концертна промоција во МКЦ, така да дојдете и на лице место видете за што монструм се работи.
Hors
masnioth
8.0
Супер албум, уште боље cover art. Рифажата коље, како и на претходниот. Продукциски е доста стегнато, иако у споредба со со претходниот, бубањаот и басот звучат доста послабо на овој албум од претходниот. Зиле закла! Во однос на самата музика ми се свиѓа што покрај стандардните brutal death рифови, има многу зачини на hardcore-ски вожњи, што мене како приградска сељачина многу ми лежи! Се глеаме на промоција!
536834
6.9
Megadeth - Dystopia
1781 logo
Vortex
8.0
Ок, редно беше после два лоши албуми Дејв да излезе со нешто солидно, впрочем цела кариера на Megadeth е таква. Dystopia е враќање во форма за бендот иако голем дел од песните се деривирани од нивни стари хитови (Post American World е Symphony of Destruction 2, Dystopia позајмнува многу од Hangar 18, The Threat is Real од Ashes in Your Mouth итн.). Посебно ме одушеви новиот гитарист Кико кој е можеби најдобриот што Megadeth го имале после Марти. Доволно е да се слушне што прави типот на Conquer or Die, една од најдобрите инструменталки на бендот у кариера.
007 2643
Brutalic
7.5
На прво слушање, можам комотно да речам дека овој им е еден од подобрите албуми кои Megadeth го имаат издадено последниве 10ина години. Албумот има шмек на оние постари албуми кои бендот ги издаваше за време на деведесетите години. Голем бонус е и тоа што, како што застарел Дејв, така и вокалите му се подобриле. Ич не можев да ги поднесам вокалите, во глобала, на скоро сите предходни албуми - ми звучеа на расплакано девојче со микрофон в рака. Во целост, солидно сработен албум за ваква стара екипа (посебно двајцата Дејв-ови), за која "до вчера" не можеа ни да се поднесат еден со друг.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Колку и да е сумлив Дејв како лик и појава, мора да му се признае дека со Dystopia успеал да направи солидно музичко дело. Одамна сум престанал да ги пратам Megadeth ама ова сигурно им е нешто најдобро во последниве десет години.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Легендите се враќаат со ново издание, кое уште на прва песна е повпечатливо од последните неколку. Причината е едноставна – нови членови кои внесувааат свежа крв во веќе добро познатите стандардни на бендот. Еден од нив Крис Адлер од Lamb of God на тапани, инаку diehard обожавател на Megadeth уште од дете кој на скорашни интервјуа изјави дека Мастејн не само што лично го поканил да се придружи на бендот туку и му дал креативна слобода, не само во делот на бубњевите, туку и во аранжманите. Таква шанса реално е една во милион, па нешто ми вика дека завлекувањето на звукот кон албумите од златната ера на бендот се резултат токму на неговите сугестии. Не дека албумот стои рамо до рамо со тие албуми по квалитет, ама ипак, ќе згрешам ако кажам дека албумов не е добар. Текстовите, како и секогаш, се одличен коментар на дволичното милитаризнирано општество кое мораме да го живееме. Единствена замерка ми е што баш и не морале 15 песни да стават. 7
Hors
masnioth
5.0
VOTE TRUMP! Генеричен Megadeth албум, со многу лоши Аvenged Sevenfold делови (како и све од Аvenged Sevenfold). И МОРА ЛИ СЕКОЈА ПЕСНА ДА ИМА ИНТРО АМАН!?
545838
6.1
Borknagar - Winter Thrice
1781 logo
Vortex
9.5
Нема да кријам дека сум фан на авантгардниот и мелодичниот блек метал кој доаѓа од скандинавските држави, мислам дека луѓе ко Ihsahn, ICS Vortex, Vintersorg не ни знаат да напраат нешто лошо и да сакаат. Исто нема да кријам дека Borknagar ми се еден од најомилените бендови од тоа подневје. Она што посебно ме одушевува кај бендов е што ако немаат подобар материјал од претходниот едноставно не снимаат, праат пауза. Winter Thrice е факинг ремек дело и триумфален успех да го напраат она што се обидуваат да го напраат последнава деценија. Уште сега го рачунам за еден од најдобрите албуми за 2016.
007 2643
Brutalic
2.0
Воопшто не ме заинтересира ништо во албумов. Многу долги песни и мачни за слушање. Дел е и тоа што не сум ни голем фан на вакви стилови на метал, па затоа и двојка, наместо кец.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.0
Умешноста на еден кувар не е само во рутината да ја зготви храната со некаков си просечен вкус и со тоа да биде задоволен клиентот. Генијалноста на готвачите е да измешаат различни вкусови, зачини и што уште не, а храната да биде со врвен квалитет, башка соодветна сервирана. Е така Borknagar знаат да спојат емоција и мелодија со бес и урлање. Лани ги имавме албумите на Enslaved и на Arcturus, али за мене Winter Тhrise е на врвот од оваа норвешка тројка. Баш ме интересира дали Vortex ќе им даде 10 че :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.0
Има многу ствари од Скандинавија што ги сакам на музички план. Melodic death стилот што во последно време многу бендови го тераат дефинитивно не ми е една од нив. Ако ненадејните преоди од блек во поњер им успеваат на Opeth, не значи дека сите можат да го истераат истото и тоа јако да звучи. Winter Thrice воопшто не успева да ми го задржи вниманието. За како се прави тоа како што треба, нека се обратат кај Абат.
Hors
masnioth
5.0
Искрено, доста ми е од овој прог-рок-блек-евровизија Amorphis/Keep of Kalesin бендови. Досадно е луѓе. 1. Не мора секој песна да трае над 5 минути. 2. Супер е што пеете clean и scream и знаете да свирете инструменти. 3. Ако Dan Swano е цар, не значи дека и вие ќе бидете. 4. Музиката ви нема душа, ама ич бе пријатели. 5. Аранжманите ви се толку генерични, ја шо не свирам ниту еден инструмент боље ќе напраам.