Јануари 2015

Јануари 2015

Постарите членови на Мкметал се сеќаваат дека пред 4-5 години имавме нешто што се викаше „патологија“ каде што на одреден број на луѓе (со вишок слободно време) им се даваа неколку албуми месечно за да го напишат впечатокот од слушањето на истиот. Целта не беше хирушки прецизна рецензија, туку напротив, субјективен и површен впечаток за нешто што е прилично ново. Рубриката беше инспирирана од тогашниот популарен метал сајт Global Domination (кој за жал престана да постои од пред неколку месеци) каде што се викаше "Audio Autopsy". Пред некое време решивме да ја вратиме патологијата и резултатот е ова што го гледате. За месецов Јануари (доцниме 2-3 недели поради доработки на новиот сајт) се нафатија тројца патолози да одработаат 8 албуми. Се надевам дека повеќе луѓе ќе се пријават за понатаму. Инаку најдобро оценет албум месецов испадна новиот на Desolate Shrine, релативно непознат бенд, иако очекувавме тоа да биде Marduk.
Desolate shrine the heart of the netherworld 2
7.3
Desolate Shrine - The Heart of the Netherworld
1781 logo
Vortex
7.0
Ако темнината од арктичкиот круг од северот на Финска го претворите во звук, најверојатно ќе добиете вакво нешто. Не дека Desolate Shrine се нешто посебно револуционерни, ама ко за звук кој би требало да биде крајно непристапен поприлично се заразни.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Звук сличен на Bolzer, омот сличен на Aura/Soma на Bolzer. Заклучок, не ги пропуштајте Bolzer коа ќе свират со Behemoth во МКЦ во април.
Hors
masnioth
9.0
ОДЛИЧЕН BLACKEND DEATH или DEATHEND BLACK метал. Како да е саундтрак на мизанторпијата. Мислам дека ако Shock Troopers некад сменат правец, вакво треба треба да праат. Одличен звук, дрско делници од страна на сите инструменталисти, и вожња каква што треба. Иако навидум песниве делуваат предолги, сепак мислам дека таа стонерска нишка што се протега ширум албумов, мене лично ме тера да не ја приметувам должината. Како Behemtoh да напраиле албум со Electric Wizard и плус некој мрсен думер да замешал прсти. Се на се топ.
91sqhcjnpgl. sl1500
7.0
Marduk - Frontschwein
1781 logo
Vortex
8.0
Не може да не се избегне чувството дека ова е втор дел на Panzer Division Marduk. На овој албум одмараат од антихристијански теми и се префрлаат на воени теми и глорифицирање на војната како механизам за поприлично намалување на населението. Со исклучок на една или две песни и тука се држат до двете брзини кои ги користеа на Panzer Division, ултрабрзо и паузата меѓу песните.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Панзерите спремиле уште една мрсна доза од нивниот christraping black metal, опејувајќи го најзлобното што човештвото има да го понуди. Сите текстови се посветени на некои од познатите копнени кампањи на Третиот Рајх и неговите озогласени шампиони, чија дисциплина и суровост се совршено комплементарни на мардуковиот аудио терор. Иако, повеќето песни ги краси стандардниот непрекинат бласт бит, кај останатите Мардук се решиле за малку поинакви и доста интересни решенија (на пример оној на The Blonde Beast кој слободно може да легне и на пост-панк трака). Личен фаворит, песната 503.
Hors
masnioth
6.0
На светот е познато дека не слушам black metal. Арно ама албумов не е лош. Ми се свиѓа што не звучи модерно, освен бубањот на Blond Beast, што е тотално факинг инди рок диско панк? КОЈ КУР ЧОВЕЧЕ? Зашо ми Bernays Propaganda-уваш у black metal? Каде ја виде потребата за тоа? Исто така, многу бе долги некако песниве у курац.
A4279693149 10
6.7
Mechina - Acheron
1781 logo
Vortex
6.0
Замислете прогресивен djent да се додаде на саундтракон од Battlestar Galactica. Отприлика така некако звучат Mechina кои неуморно вадат албуми секоја година што можеби и не е толку паметно бидејќи новиов е далеку подосаден и порепетитивен од претходниот.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Ако некогаш Cirque du Soleil наумат да го адаптираат Terminator за во театар, замислувам дека музичката позадина ќе биде нешто налик овој албум. Грандиозни оркестрации и хорови, придружени со шредечи гитари и тригерувани тапани. Не знам дали бендов е прв што го фура ова или најверојатно е дел од сцена слични нему, али мене ми делува интересно.
Hors
masnioth
7.0
Прво ќе почнев да серам, ради 3те интра што се саундтрак на видео игрица, ама после слушање на албумот можам да кажам дека не е лошо уопште кога ќе разгледаш, пардон разслушаш. Ме пизди малце dubstep-от и пренагласените жичани симфонски моменти. Од друга страна фолкорните елементи во некои нумери, особено на Wings of Nefeli ми праат ќеф ептен. Не е лошо, малце како поекспериментални Born of Osiris ми е бендов, а Born of Osiris се одличен нов бенд. Традиционално како и сите нови бендови продукцијата е ко да ја праел Господ, премногу испеглана. Али јебига.
The crown death is not dead review
6.7
The Crown - Death Is Not Dead
1781 logo
Vortex
7.0
Еден од бендовите кои ги снема тогаш кога исфрлија неколку феноменални изданија за да подоцнат решат да се вратат со поприлично загубен моментум. Не дека е лош новиот материјал, само ништо не се истакнува посебно. Нема песни ко Crowned in Terror или Slayer of Light кои те тераат да излезеш на улица и да бодеш луѓе во фаца. Нема ни мидтемпо монструми ко Dead Man's Song.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Микс на се’ што Шведска му даде на металот - од Entombed преку At the Gates, па сè до Amon Amarth. Ова и не е никакво изненадување, имајќи предвид дека Томас Линдберг од AtG се потпишува како вокал на албумот Crowned in Terror во 2002, давајќи му многу публицитет на овој бенд.
Hors
masnioth
7.0
Тhrash-ерски death metal? YES PLEASE! Брзо, дрско со неадерталец на вокали. Што може човек да сака повеќе? Али после 10тина минути скурчуе искрено. Во дадени моменти поштовам слаџерски басови и бубњеви. Исто така, многу јако ми легна што дур го слушав нивниот албум, јадев чварки.
A1839505205 10
6.7
Cryptrip - The Great Magmatic Leviathan
1781 logo
Vortex
6.0
Не знам дали постои друг бенд што е клониран колку Black Sabbath, во последно време имам чувство дека секој втор бенд е стонер. Не дека има нешто лошо во тоа, подобро вакви бендови отколку металкор или djent. Проблемот со бендов е што додека го слушам ми звучи повеќе од одлично за да после 2 дена не можам да се присетам апсолутно на ништо од албумот, ни како звучи вокалот, ниту на еден риф. Може не е до нив, може е до мене.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Стегнат стонер дум сличен на Samsara Blues Experiment. Во морето вакви бендови што се појавија во последно време, тешко се наоѓа нешто што вистински се разликува. Сепак, потребно е време и повеќе изданија за да се одвои квалитетот во квантитетот.
Hors
masnioth
8.0
Све што е волку Sabbath-есто и Acid King-eсто е топ во моето скромно мислење. Добра стонерска продукција, доста остра на моменти, особено во гитарскиот звук. Ако се прашувам јас би стаил погласен и масен бубањ, ама тоа е само мое мислење. Супер деби албум, не е ништо пионерско, ама е stoner-sludge вожња, она што според мене треба да биде секој stoner-sludge бенд.-повторување до немај каде на рифове, кои те тераат да си го преиспитуваш сопственото постоење. Глупи стонерски наслов за глупи стонерски створови. Одлично!
Ekzx2zf
5.0
Angra - Secret Garden
1781 logo
Vortex
7.0
Никогаш не сум успеал да сфатам зошто се дига толку џева околу бендов, ете на Metal Archives немаат албум со оценки под 90%. Не знам каков е стариот материјал, не стигнал на ред за преслушување, ама новиов оди на сигурно ко ДПМНЕ на предвремени избори. Дури и Фабио Леоне од Rhapsody кој им е вокал од пред некој албум и кој е прилично специфичен тука звучи генерички.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
4.0
Dream Theater клон со повремени поњер моменти. Како на светов да не му е доста што самите DТ ги пресвируваат своите (т.е. на Rush) финти последниве неколку албуми, па ај да праиме уште... минус јаки солажи.
Hors
masnioth
4.0
Не знам што да кажам. Одлична техника, интересни традиционлани бразилски ритмови, ама све ми звучи премногу генерично метал. Општо е, ама не значи и дека е добро. Нема толку страст и има преголеми дози на протагонизам. Металот е BadBoy attitude, нешто ко што беа New Kids On The Block во раните 90ти. Башка малце growl од време на време нема да шкоди! Дали Matt Barlow не ве научи ништо!?
Articlesharedimage 28927
3.7
Battle Beast - Unholy Savior
1781 logo
Vortex
4.0
Навистина сакав да го сакам бендов, мислев дека е нешто ко Sinergy или Dream Evil, бендови кои не се сфаќаат себеси претерано сериозно но имаат одлична способност за правење заразен генерички метал. Battle Beast за жал е уште еден Hammerfall само со женски вокал.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
2.0
Музиката на бендов нит ми е за во битка (Manowar стандарди не земаме предвид), нит ми е ѕверска. Немам слух за power, сори.
Hors
masnioth
5.0
Kaко Nightwish со муда. Не е мој стил, ама верувам дека јаката гегевска power metal сцена може да се пронајде во oвој маженствен еуро power metal. Noora пее како дебел, алкохоличар Bruce Dickinson. Тоа мора да се поштова. Од друга страна, имаат премногу Malibu Stacy моменти, особено во гитарскиот дел. Speed and Danger владее како посебна трака на албумот, како Јаков Дренковски да напраил песна со Биба Додева и Motorhead. Push it to the limit cover- длабок поклон, симињам капа!
1313460
2.3
Abracadabra - This Is My Swamp
1781 logo
Vortex
3.0
Најавувани ко рускиот In Extremo со „оригинален“ сценски настап (демек носење костими од животни е оригинално) Abracadabra се еден од најлошите бендови кои ги имам слушнато во последно време.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
2.0
Кога глуп металец од десните брегови на Балтичкото море ќе претера со водката помислува на две ствари – самоубиство или правење ваква музика. Фациве очигледно го одбрале полесниот пат и го почастиле светот со овој албум. Најголемата тага е ипак моментот кога грешни души што го слушаат ова на редовна база ќе се дрзнат да објаснуваат што е, а што не е метал.
Hors
masnioth
2.0
Aко сакате ethno-ska-jazz-atehobudist-trance-grind-djent-blackened-death-christcore folk metal, тогаш ова е бендот за вас. Фино е да комбинираш правци, али не треба да од Brother Louie до Boltthrower. Не лепи на уво. Ако се заебаваат, поштуем. Ако не, не знам што да кажам. П.С.- НА РУСИ ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ ДА ПЕАТ НА АНГЛИСКИ ОДМА!