Јануари 2016

Јануари 2016

Со задоцнување од 2-3 недели конечно ја напраевме и јануарската патологија. Овој пат ги обработуваме последните изданија на Egypt, Batushka, Sunn O))), Intronaut и Baroness.
546256
8.3
Batushka - Litourgiya
1781 logo
Vortex
8.0
На прво слушање мислев дека е лоша идеја да комбинираш православно црковно пеење со блек метал, ама кога ќе размислиш истото не се разликува од она што го прават скандинавциве кога вметнуваат жалопојки и хорови кои би требало да бидат гласовите на старите викиншки божества.
007 2643
Brutalic
9.0
Многу добро сработен мелодичен блек метал. Ми се допаѓаат додатните вокали што звучат како "пеења" од свештеник или поп. Одлично се совпаѓаат низ мелодиите. Ова им дава умур на автентичност. Во целост, албумов е доста солиден, од страна на инвентивност, па и продукција.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.5
А помислив дека се работи за некој руски бенд, али олку добар бенд може да бидне само во Полска. Блек метал со моменти на византиско пеење тоа ќе да е рецептотот за една совршена " бласфемична литургија ". Кога листав по страните на познати метал веб сајтови за најдобрите албуми за 2015 година често го среќавав и името Batushka, само што тогаш сеуште не го имав слушнато албумов. Сеа можам со право да потврдам дека албум и те како вреди да се слушне. Лимитот на Литургија е ограничен само на 500 примероци, чисто колку да си знаете ако некој сака да го има.
Hors
masnioth
6.5
Ја као понисни Србин, врло веома се радујем што су брача Руси, заузели истински став према православљу у металу. ВЕРА НИ Е ПРАВОСЛАВНА ЕДНА НИ Е ЦРКВА. Ок, далеку од лошо дека звучи, но не е мој тип на музика. Успешно е изведено комибирањето и уште потешката задача на продуцирањето на прљавштината на black-от, и чистота на црковните вокали.
530930
7.4
Baroness - Purple
1781 logo
Vortex
8.5
Еден од најдобрите албуми за 2015та. Мешавина од сето она што го правеа на претходните албуми.
007 2643
Brutalic
5.0
Албумов, како и самата боја - љиљакова. Некогаш знае да биди мистериозна боја, секси, интересна... А некогаш, зависи од тонот, знае да биди и незначања, самостојна, и не-интересна. Просечен албум.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Да бидам искрен од старт, значи јас Baroness ги слушам прв пат еве сега со Purple. И ајде реков да прогуглам што како, и уствари видов дека бендов е солидно популарен и си има своја верна публика. Пред три години додека биле на турнеја имале страшна сообрајќајна несреќа, така да Purple му доаѓа како второто нивно полувреме. Одлична музика, широк спектар на мелодии и заразни рифофи и многу занимлива продукција која носи некој жив и автентичен звук. Ако се продолжи и во наредниве патологии со форсирање на овој prog/sludge или што ти ја знам каков звук ништо чудно и да станам фан на ваквиот жанр :).
Hors
masnioth
8.0
Одлично албумче, како многу soothing Mastodon заедно со Brian Eno. Особено на овој албум ми се допаѓа вокалот, како и доцни 60ти психоделија вајбот, кој што се проткајува низ целиот албум. Мислам дека Роки Ериксон да праеше поумерени дози на асид, денес ќе праеше ваква мајкоебечка музика. Baroness звучат одлично на овој албум, и топло го препорачувам овој албум. А кавер артот е Словачка бомбоњера од 70ти.
534425
6.9
Intronaut - The Direction of Last Things
1781 logo
Vortex
7.5
На некој сајт прочитав глупа рецензија (или коментар) каде што беа опишани како "Dream Theater meets Mastodon" и испадна дека апсолутно не звучат ко ниту еден од двата бенда, арно ама нивниот пристап кон прогресивниот рок/метал е прилично интересен и свеж.
007 2643
Brutalic
6.5
Технички, добро сработен албум. Забележувам влијанија на Cynic, The Black Dalhia Murder... Продукцијата е на место. Сепак, доста долги песни, и на некои моменти се забележува дека е непотребно. А да не почнувам за вокалите...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Значи просто невозможно е да следиш се што се случува на метал сцената. Јас прв пат ги слушам Intronaut, дечкиве знаат да одржуваат динамика во текот на целиот албум, што значи дека нема да ве заспијат. Инструментално позитивно изненадуваат, имаат неповрзанo/заебано добри заразни рифови и одлична ритам секција. Погледнете само тапанарот за кој се бендови има тропано, ѕвер. Од мене седно скромно ама заслужено седмиче.
Hors
masnioth
6.5
Почиња све убаво, и после ми џезираат. Абе дај fuck off, преку кур од „леле видете ме знаеме да праиме improv“ муабет. Стварно е излитена финта веќе. Meталот, дури и клин емо деловите се многу ок, не е спорно, само џезерските тупења ме одвраќаат од бендoв. Одличени свирачи и техничари, али многу го дрват. Можеле да остаат повеќе од тие Coheed and Cambria делчиња и да не го дрват со фри џезове. Продукциски стегнато ептен. Cover art убиство!
543511
6.0
Sunn O))) - Kannon
1781 logo
Vortex
4.0
Не знам што недостига на албумов, не дека го имам нешто посебно слушано бендов а и не сум фан на жанров, ама Monoliths & Dimensions ете успеа да ми привлече внимание во одредени ситуации. Kannon од друга страна пак, почнува да ми го успорува пулсот, дури не сум сигурен дали го слушам албумов или нешо звучниците ми крчат.
007 2643
Brutalic
10.0
Албумов е навистина на работ на... не на разумот, но на работ на границата помеѓу Амбиент и Noise. Едни два, сосема спротивни од себе, жанрови, во кои Sunn O))) знае одлично да ги стави во една композиција. Ме стави ептен на мисла па почнав да се прашував дали албумов е сосема некомотен (Noise), или пак сосема комотен (Амбент) за слушање. Анализава всушност ме натера да уживам во албумот и го свртив можеби 3-4 пати пред да ја напишам патологијава. За вакви бендови кои ми го активираат мозокот, и тоа баички, само 10ка, ништо друго.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.0
Ај бе не ме заебавајте... Разбирам терање на разни филмој, ама ова никако да го разберам јас. Текстовите им се налудничави, мрачни и мрднати ама музичкиот дел е апла досаден. Активни се како мечка во длабок зимски сон, тешка хибернација цело време.
Hors
masnioth
5.0
Искрено, мене Sunn O))) ми се како индиска серија. Глеаш прва епизода, се уклучиш на 35та пак, па пред крај, све исто се десило. Многу сака да дронуем некад, не викам не, али ова никад не ми било филм. Знам дека многумина од вас ќе речат „Ама ти не беше на свирката у Потоп у гаража пред 10 години, само тројца бевме и они свиреа 4 саат 5 песни, ич не си пост атмосферик блек сатан, копиле приградско, плебс скапан“ и нема да им замерам. Си сакам динамика у животов. За мене у ова нема убавина. Продукциски е попара, тука нема што.
550541
5.3
Egypt - Endless Flight
1781 logo
Vortex
6.0
Ветувачки први рифови, делуваше прилично свежо ко за жанрот за да некаде после трета песна почнат да верглаат.
007 2643
Brutalic
3.0
Можеби грешка направив што го преслушав албумов на сабаље, пред да се напијам трето кафе, но искрено, ич не можев до го сварам целиот албум. Од бавни безвезни рифови, мизарни пентатонски солажи, па и до одвратни вокали... Пак ќе речам, ептен џимрија сум кога станува збор за вокали, али стварно, типов звучи ко да испушил 3 кутии цигари пред да ги сними вокалите. Не знам што му била целта - да звучи сексипилно? А згора на тоа, ич не го бива за пеење - за дерење го бива. Само на неколку моменти се почуствував... комотно... слушајќи го албумот, па затоа го одценувам повисоко од кец.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Отварањето на албумов со Endless Flight многу ме потсети на музиката од филмот Babel. За разлика од повеќето стоунерски бендови кои го фураат овој филм последнава деценија и создаваат прилично досадна музика ( секако чест на исклучоци ) Egypt го влечат оној олд скул звук. Може тука да приметите многу Блек Сабат влијание, а пак на моменти знаат да возат како R.A.T.M. Мое мислење е дека доколку на оваа музичка подлога се оди со чист вокал многу подобро би звучело ова, ма да и вака не звучи воопшто лошо.
Hors
masnioth
4.5
Мене ова ми е доста генерично стонерски, и покрај Rob Zombie вокалот и пар моменти, немам што да кажам за албумов. Среќна Нова секое добро.