Јули 2015

Јули 2015

Седмо издание на патологијата, скратена поради одморите, имаме само 5 албуми но со ист состав на патолози од минатиот месец.
505054
8.3
High on Fire - Luminiferous
1781 logo
Vortex
9.0
De Vermis го слушав интензивно пред некоја година и си мислев дека тешко ќе успеат да го надминат тој албум бидејќи секој бенд во кариерата мора да наиде на креативен ѕид каде што веќе не можат да одат понатаму. High on Fire со новиов албум го рушат тој ѕид ко да е од картон. Можеби некои постари фанови нема да се сложат, ама ова им е најдобриот албум во кариерата, нешто што во метал жанрот не се случува толку често.
007 2643
Brutalic
7.5
Албумов е класично составен од Шведски death metal и sludge. Ме потсеќа на првиот пат кога го слушнав Tales from 1000 Lakes од Amorphis, иако и двата албуми се различни меѓу себе. Сепак, многу добар албум за она што е. Неколку пати ме збуни што да очекувам од секоја наредна песна, поради тоа што се расфрлаат од еден крај до друг, помеѓу тие два жанрови; знаат одлично да го изведат тоа. Седумче и пол!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Кога некој го бива го бива бе. Презаситен сум оваа година од слушање на ваков стил на музика, али ова стварно е добро, чиста класика. Одличен омот, супер континуитет на квалитет, добрите текстови се нештата кои го карактеризираат триово од Калифорнија. Кога јас го величам Luminiferous, човек кој не сум многу-многу во те со збиднувањата на овој правец можам само да си замислам како фановите на High on Fire ќе го доживеаат овој албум. За мене најдобар албум за оваа патологија. The Cave ми е песната што ми го оперира мозокот.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
9.0
Со веќе 7 албуми бескомприсно металчење, HoF покажуваат дека не се способни да утнат. Каде каде што застанаа во 2012 со De Mysteris Vermis, таму продолжуваат денес со Luminiferous. Дрско, стегнато, брзо, бесно – онака како што им доликува на оние кои го дрзнале да го носат фаќелот запален од Motorhead, Venom и Celtic Frost. Исто како и кај новиот на Goatsnake, и кај Lumiferous нема една песна одвишок. Лични фаворити многу - од брзи галопирачките како првата The Black Plot и веќе познатиот сингл Slave the Hive до поспорите The Falconist и Тhe Cave. Ова е првиот албум каде што легендарниот фронтмен Мет Пајк не е на поопасни пороци, така да имаме непобитен доказ дека за неговата ѕверска вештина не се заслужни пиењето и дрогата, туку упорноста, искреноста и непокорот да се биде најдобриот што можеш да бидеш – нешто во кое несомнено успева. Секако, со помош на можеби најмоќното ритам дуо во underground музиката.
Hors
masnioth
8.0
Искрено никогаш не ги заслушав, не знам зошто. Ама албумов е супер. Одлично неандерсталско металчење со одлични дози на stone-ажа! Исто така вокалот на Matt Pike ми лежи на овој албум многу повеќе од нивните претходни ствари, не знам зошто исто така. Дали поради фактот што сега е дебела спојка од Ron Jeremy и Alan Rickman не би знаел, можеби е тоа. Одличен момент на овој албум тотално Sabbath солажите што ги има низ нумерите, отвараат ко бунар у јули! Исто така Slave the Hive! \m/
503055
6.8
Tempel - The Moon Lit Our Path
1781 logo
Vortex
8.0
50 минути бомбардирање со феноменални рифови и одлична атмосфера. Почитувам бенд што може да ти раскажат цела приказна без потреба од вокали и стихови каде што единствените патокази се насловите на песните.
007 2643
Brutalic
6.0
Еве класичен пример каде вокалите се клучни за исполнување на празнините низ целата композиција. Чекам, чекам, и сеуште чекам вокалите да се придружат на неколку места во првата песна, но никако не дочекав. После, неколку песни беа добро сработени без вокали, но сепак, повторно се најдов во исчекување и во друга песна. Значи, нешто недостасува. Мислам дека е до не доволно посветено време. Како и да е, инструменталниот пристап е OK сработен, но за крајниот продукт - станува збор за искуство.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Рич и Рајан се заебани дечки од Аризона, познати под името Tempel. Јас прв пат го слушам бендов и во најмала рака ми звучи привлечно и интересно. За некои бендови кои свират инструментална музика отсуството на вокали знае да биде од старт хендикеп што не е случај овој пат. Прогресивен метал зачинет со заразана мелодија и ритмови карактеристични за блек металците. Не мрчете за должината на песните, таман си е. Далеку од нешто ново и бомбастично, али вреди да се чуе.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Стегнато инструментално black/prog/djent дуо. Пецо ми пушти песна од првиот албум и ми ги спореди со Bolzer. Toa за мене е прехрабра етикета, но не дека нема сличности. Tempel имаат многу полн звук ко за двајца, одлични аранжмани и не кубурат со креативност. Продукцијата е многу јасна, повеќе изразувајќи им ја djent нишката (нешто што не го памтам од тоа што го чув од првиот албум). Али добро, тоа е актуелниот звук, ништо лошо што си експериментирааат. Можда е ограничено од моја страна, ама отсекогаш чувствувам празнина во пецна што нема вокал, бидејќи на истиот гледам како на инструмент и сметам дека бендов би бил на следно ниво ако некој ден решат да пуштат глас, крик или што и да е.
Hors
masnioth
6.0
Звучи ок, има доста епски делови, ама навистина ми е празно без вокал. Не сум мераклија на instrumetal ама оваа навистина не е лошо. Доста епски делови низ песните, солидна продукција, само не ми се сфатливо зошто некој од Аризона не би ставил ич desert stoner муабет во негов албум, а има толку мелодичен black метал. Интересна работа со акустична гитара исто така.
504948
6.7
Paradise Lost - The Plague Within
1781 logo
Vortex
9.0
После прошетката до брит поп водите и назад и после неколку конзистентно одлични албуми, Paradise Lost ја крунисуваат кариерата со едно од најдобрите изданија во нивната кариера. The Plague Within ги содржи најдобрите елементи од нивниот звук во нивните 25+ години постоење.
007 2643
Brutalic
5.0
Просечен албум на ветерански бенд. Ништо повеќе!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.5
Ова е најдобро што можете бе Paradise Lost? Со 2-3 добри песни на цел албум ли ќе не залажувате? Ааааа не, не со тие куршуми. Не сум некој што во детал ги пратам PL па сеа да земам да споредувам и да солам памет каде напреднале, а каде назадиле, ама едноставно сум презаситен од еден ваков генеричен звук. Пред некоја година да не беше таа снежна бура низ Европа ќе ги гледавме во Скопје со многу подобар материјал од ова.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.5
Далеку поише очекував искрено. Не дека нема солидни ствари, ама како целина ич не ми направи мерак. Албумов ми е како компилација на b-sides од Type O, Opeth и Ghost. Свесен сум дека се легенди и дека имаат албумишта позади себе, ама The Plague Within некако не е еден од тие. Може друго ќе беше да не беше 14-15 песни долг.
Hors
masnioth
8.5
Aу браво! Ми доаѓа ко да им е Icon двојка. Мене лично ова ми е многу посфатлив Weltschmerz од мајкоебени инди даркери и слични курајберлуци. Чиста исконска, мизантрописка депресија, мислам само погледнете ги насловите човече! Продукција масакр, многу жив и необичен бубањ за doom gothic, вожња на гитари и звук кој што мене крајно многу ми прија. Исконски мрачно, ако имаат проблеми и мислите на самоубиство не го слушајте, гарантирам дека ќе се рокнете, озбилен сум.
Between the buried and me coma ecliptic
6.6
Between The Buried And Me - Coma Ecliptic
1781 logo
Vortex
8.0
Посмирени од било кога и овој пат неочекувано инспирирани од Dream Theater, Between The Buried and Me го напраеле нивниот најамбициозен албум во нивната кариера.
007 2643
Brutalic
9.0
Албумов, за малку од мене ќе добиеше десетка, но изгуби еден бод поради вокалите. Некако не природно ми звучеше комбинацијата на грчливите со чистите вокали и ме остави да се сомневам цел албум дали пејачот не чини, или е до мојот вкус, или пак самиот бенд од незнаење што да аранжира, "ај овде чисти вокали, а онде грчливи ќе ставиме...". Ако ставеа или само грчливи, или пак само чисти вокали, можеби ќе добиеше десетка од мене. Музички е одлично составен материјалот. Снимка - кристална! Како што се менуваа песните низ цел албум, воопшто неусетно го правеа тоа, без губење на интерес во самиот албум - без самиот слушател да знае до каде е во текот на албумот. Можеби премногу ги анализирав вокалите, но тоа е од мене.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.0
Прог метал правецот не е за секого, дефинитивно. Сакам експерементирање со звуци, варијации на вокални изведби ама Coma Ecliptic никако да ми се фати за уво. Не секој дриблер со топка и совршен техничар е синоним за добар фудбалер, истото се однесува и за BTBM. Инструментално имаат моќ, само што во поголем дел таа моќ како да не знаат правилно да ја насочат. Колку само досадни песни има албумов, аууу баш да си паднеш во кома. Coma Ecliptic ги има убедливо најдосадните уводи на песни. Не се обидувајте да споредите со лошите моменти на Dream Theater/Opeth или нешто слично, оти ова е многу-многу полошо и од најцрните нивни денови.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Ок проги дроги, ама очекував поише/подруго од фамата што ги опружува веќе неколку години. За дечкиве може да се каже дека ептен се наслушале Dream Theater во животов. Не дека тоа им е тоа сè што имаат да понудат, бидејќи секоја од песните на Coma Ecliptic е стварно уникатна приказна сама за себе на музички план. Но, и покрај тоа, не ми фаќаат уво нешто особено.
Hors
masnioth
4.0
Не е мој тип на музика. Show tunes пијано со metalcore, клин вокали и Devin Townsend feat Mastodon мелодични деличиња, стварно ми е лошо комбо. Секоја чест за продукцијата и техниката, но аранжирањето и компонирањето навистина не ми се свиѓа. Сите вокали у бендов ме нервираат. ОЗбилно!
495537
6.4
Goatsnake - Black Age Blues
1781 logo
Vortex
6.5
Одличен стонер бенд со вокал кој потсетува на Ian Astbury од култните The Cult. Во основа ваквата комбинација не би требало да функционира бидејќи овој вид на музика бара рапав прљав вокал ама ете на Goatsnake им успева.
007 2643
Brutalic
3.5
Или мене воопшто не ме интересира што сака бендов да постигни во овој албум, или ми треба "џоинт" за да се вклопам во нивната "фрекфенција". Неколку рифови успат ми завлекоа внимание, ама баш толку. Што да речам друго, освен дека Heaven and Hell ова го направи сто пати подобро во The Devil You Know.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Калифорнија ти е дувлото на Stooner/doom сцената. После албумот на Acid King кој ми е врвот за оваа година од овој тип на музика доаѓа и Black Age Blues со еден многу поприфатлив и помек звук, звук кој полесно се сварува посебно на американскиот пазар. Во глобала албумот е досаден, али по 15 години апстиненција не знам и што би се очекувало. Битно еднаш албумов го свртев, кафе се напив, виски не :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
9.5
Ги знаев како име, ама Black Age Blues ми е првиот контакт со Goatsnake. Љубов на прво слушање. Торнадо од албум, со ниту една песна одвишок. Мислам дека заедно со Crooked Doors од Rоyal Thuder и Luminiferous од High on Fire ми се досега најдобрите албуми во 2015. Одлични стонер грувови во ниски штимови (гитаристот е Грег од SunO)))..) во комбинација нестандардни блузерски вокали (плус на неколку места одлично имаат убацено и госпел придружни вокали) што низ деветте песни директно и искрено даваат до знаење што отприлика обичниот човек пребродува во глобалнава темна доба. Поадекватно име за албумов не може да има. Прочитав дека ова им е прв албум по 15 години пауза. Може делува како долг период, ама резултатот е несомнено ремек дело
Hors
masnioth
6.5
Не е лошо, албумов ми звучи како love child на Аcid King и Clutch. Вокалот ми е ок, малце нервира на моменти ми има некои Scot Weiland-ски моменти кои што јас лично не им ја глеам поентата во бендов. А искрено ми е малце и предолг албумов.