Јуни 2015

Јуни 2015

Поради сплет на околности и претпоставена интервенција на странски служби, патологијава месецов доцни две недели. Овој пат имаме нов патолог кој е од дијаспората и е стар член на мкметал и со него пак се враќаме на цифрата од пет патолози кои имаа задача да го дадат своето стручно мнение за осум албуми.
494745
8.0
Faith No More - Sol Invictus
1781 logo
Vortex
8.5
"Get the mothefucker on the phone, the phone..." Од сите бенови кои после 20 години пауза добија идеја да снимат нешто ново FNM имаат најсвеж и најоригинален материјал, воопшто не се обидувале да идат на стара слава. Нивниот „ќе свирам што сакам“ пристап е присутен и тука и лично мене тоа ми е најинтересниот елемент што ме натерал да го засакам бендов.
007 2643
Brutalic
8.0
После долга пауза, бендов се враќа со многу добар албум. Единствено што ми е познато e дека Mike Patton е во два бендови, Faith No More и Mr. Bungle. Mr. Bungle ми се добро познати, за разлика од Faith No More. Дефинитивно во овој албум, Sol Invictus, се слушаат оние звуци на California (последниот албум што го издадоа Mr. Bungle). Се чувствува шмекот на деведесетите, за оној кој пораснал низ таа ера, со Grundge и Metal бендови од тоа време. Малку носталгично - да. Се надевам не звучам како старец...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
После толку компилации, бест оф и не знам ти какви веќе не, па синглови и триста ми ти чуда Faith No More вадат албум. FNM не мора да ги споредувате со нити еден бенд на планетава затоа што се единствени. Може на моменти додека го слушате Sol Invitus да ви се чини некако разводенето и меко, ама тоа само така ќе ви се причинува, т.е наслушува. Мајк Патон и дружината креираат еден заразен и мошне заебан звук со широк спектар на стилови, од оној кој ќе ве натера да танцувате, бенгате, потпевнувате, да си замислувате сцени во филмови, па дури до оној што ќе ве натерате да отерате се у курац. Сви смо ми мадафакери, тоа е мотото на FNM.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.5
FNM никогаш ги немам слушано албумски, ама па не живеам под камен за да не им ги знам најпознатите ствари. Имав среќа да ги гледам во живо лани и премиерно да ги слушнам Motherfucker и Superhero кои заедно со Sunny Side Up ми се дефинитивните хитови на албумот. По многубројните преслушувања, со сигурност можам да кажам дека Son Invictus е многу ебачки и заразен албум за слушање. Ако споредуваме со враќањата на нивните современици од рок ерата на MTV, албумов можеби не е на нивото на Black gives way to Blue на Alice in Chains, но е далеку понапред на пример од King Animal на Soundgarden. Заклучок: Легендите се вратија, ваистина се вратија.
Hors
masnioth
7.0
Интересен албум, иако искрено мене Mike Paton не ми било музичкиот гениј што сите го билдаат дека е. Но албумов ми се допаѓа, има доста ново да понуда, но и има и многу стандардни FNM делови. Искрено, ми смета што мање више има вокал нон стоп, што искрено не поштуем. Али ок, вреди да се испоштовам албумов моуст деф.
494057
7.2
Arcturus - Arcturian
1781 logo
Vortex
9.5
Кој би рекол дека Arcturus после цела деценија не само што ќе се вратат со нов материјал туку дека ќе го напраат најдобриот албум во кариерата. Продукцијата звучи ко ја кога ќе си играм со еквалајзерот на програмчињава за слушање музика, не е баш најјасно што е гитара, што е електронски дел а некогаш и самиот (I See Ass) Вортекс звучи ко инструмент и за чудо сето тоа одлично функционира и му дава посебен шмек на албумот. Да бев хипстер ќе кажев „човече, не можев да ја слушнам гитарата ама знам дека беше таму некаде скриена во моите виткани бркови“. Да не беа Enslaved толку супериорни годинава, албумов ќе имаше 10ка.
007 2643
Brutalic
9.0
Компонирање на врвно ниво. Одма се забележуваат оние бендови кои потрошиле саати, денови и месеци во еден ваков албум. Од почеток до крај, музички - албумов е една приказна. Баш онаква приказна како што баба ти или дедо ти, ти кажувале кога си бил младо детенце. Кога тие приказни ти значеле абсолутно СЕ во детството. Албумот допира секакви жанрови, така да, поради оваа причина мислам дека е и по пристапен до повеќе љубители на различни метал "под-жанрови".
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Ваквиот стил на музицирање со еден куп различности знае да биде меч со две острици, така да или ќе ги сакате, или ќе ги хејтате трето нема. Лично јас некои бендови можам да ги слушам и ептен ми се бендисуваат, некои па не можам да ги смислам. За моја среќа Arcturus спаѓаат во првата група, а и како не би биле во таа група кога се од Осло. Од таму годинава ги имавме и Solefald со исто така одличен албум. Беснеење, хармонии-симфонии, курци-палци, пеење-дерење, атмосферичност, еклектичност, модерност и набројувајте си се што ќе ви падне на памет, ете таква им е музиката. Од мене палец нагоре за Arcturian.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Троа поекспериментален sympho/power со здрава доза бластови. Ок, зошто да не. Си викам Еве кај ќе беа Dimmu Borgir кога ICS Vortex би бил лидер во бендот. Отворам oфицијалниот fb профил на бендов, дотичниот да ти бил вокал, а Hellhammer на бубањ.
Hors
masnioth
3.0
Зашто се од тој смрден север мора да се карактериза како Avant Garde. Искрено, генерични рифови со генерични симфо делови се срање. Просечен вокал. Fuck it, досадно е. Дури ни повременети бластови него вадат.
492285
7.2
Ultra-Violence - Deflect the Flow
1781 logo
Vortex
8.0
Уште кога го видов омотот знаев дека албумов ќе биде спектакуларен. Не смееш да напраеш лош траш албум кога Ед Репка ти ги црта протагонистите од Clockwork Orange како праат пекол на друмот. Иако нема ниту една секунда оригиналност сепак бендот си го знае занаетот и како ебола низ африканско село брише се пред себе во тие 50тинa минути.
007 2643
Brutalic
8.0
Експлозивен старт - класично трешерски изведено! Се забележува дека децава пораснале со големо Testament влијание, германски треш бендови (се знае кои), но она што музички го презентираат/креираат, знаат да го направат со модерен пристап, како на пример: бластови се слушаат многу често, но го задржуваат класичниот треш шмек; чиста снимка (за разлика од голем број на треш бендови); солидна музичка соработка од стартот до крајот на албумот. Би го слушнал повеќе пати овој албум, не само еднаш.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Ова го пишувам ден после поразот на Јуве од Барса во финалето. Дечкиве се од Торино, веројатно и тие како и јас се разочарани што Јуве не стана шампион на Европа, али јебига што е тука е. Млад бенд, Deflect the Flow им е втор студиски албум и морам да признаам дека прават растур. Чистокрвен треш метал со основите од старата школа, експлозивност и агресија колку ми ти душа сака. A Second Birth со акустичната изведба на гитара му доаѓа некако како кратко примирје на огнот за да после пак се почне со напади на тешка артилерија. За мене Ultra-Violence сe вистинско треш метал хендбенгерско уживање. Бенд кој ќе ве натере да се мрднете од неконтролирани движења :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Much thrash, very mechl, wow! Шала на страна, доста стегнат бенд. По името и омотот имав впечаток дека се уште еден во низата neo-thrash состави што се појавија изминатава деценија, ама уште од почетокот на албумов момциве докажуваат спротивно. Deflect the Flow го одликуваат добри аранжмани и јасен креативен фокус. И покрај стилската разноликост од песна до песна албумот делува на многу вешто изделкана целина кај што сè си е на свое место.
Hors
masnioth
5.0
Интересен е овој генеричен thrash revival, ама ми е преку кур некако најискрено. Задњо нешто вакво добро што слушав беше Lost Society, а ова ми е како tribute на ова. Поштовам thrash највеќе во свет, поштуем и панк, ама преку кур, стварно не е 85та више.
506549
6.9
Pitbulls in the Nursery - Equanimity
1781 logo
Vortex
6.5
Не знам кога е најпогодно да се употреби фразата „враќање од мртвите“. Ама 10 години да те нема од сцена а имаш само еден (феноменален) албум позади себе те прави прилично мртов бенд. Е сега ако се вратиш со просечен албум кој е солиден ама е бледа сенка на дебито, дали е враќање од мртвите или превртување во ковчегот?
007 2643
Brutalic
6.5
Изгубен шмек од оригиналните Pitbulls in the Nursery, но не потполно - во смисла: првиот албум им беше по тежок, по мрачен, по џезерски, но новиов албум им е повеќе мело. Релаксирачки албум во глобала... идат мисли на атмосфера, психоделија. Мислам дека дечиштава на денешницава би го нарекле ова Mild Djent.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.5
Ем брутално, ем техничко, ем прогресивно, и капак на се сето тоа да не звучи досадно. Си викате како е можно тоа а? Е со питбуливе се е можно. Добро бе луѓе што чекавте цели 9 години? Уште на времето кога го во 2006 - та го вадат Lunatic, а Gorod го вадат Leading Vision се крена многу врева околу овие два бенда како носители на новата француска метал школа, а овој албум на касапиве е докторатот. Многу е битно да знаеш како да флертуваш со модерен звук а да не се вклопиш во сите оние клишеа што претходно си ги слушнал милион пати од милион бендови. Супер возење, за мене Equanimity е најдобар албум за годинава од ваков тип на музика. Рифот што после 13- та секунда се појавува на Rule the Plight е ванземјански, нема тука сомнеж. Слушајте го албумов и прајте се французи :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Бендов/албумов презентира многу дрско пичење. Нешто ептен налик Lamb of God ама кога истите би имале далеку пополн звук. Приметувам и Gojira влијание, особено на траката Reality. Имајќи ги LoG како главна инспирација понекогаш значи и будуење монотон понекогаш. Во случајот на Equanimity, тоа и се случува на неколку наврати.
Hors
masnioth
5.0
Не ми се свиѓа. Не викам дека е лошо, само мене мењањето од жанр у жанр ми е напорно. Скоцкано супер, кристално продуцирано, шо не мора да е добро. Агресијата е одличен момент низ целиот албум, ама Французи се на крајот од денот, а тоа никогаш не е добра работа.
500370
6.9
Weedeater - Goliathan
1781 logo
Vortex
7.5
Ако некој ме праша како би го опишал Weedeater со оние глупине етикети би кажал redneck doom/sludge from hell. Обично ваквите бендови делуваат опуштено што е и логично бидејќи нивната преокупација е тревата. Weedeater звучат злобно ко норвешки блек метал бенд кој штотуку дознал дека ќе градат црква во комшилук.
007 2643
Brutalic
6.0
Ако Cave of Swimmers - Reflection помислив дека е Southern Sludge/Doom, овој албум е бетар! Многу е Sludgy. Сепак, на крајот пак музичкиот вкус победува кај мене... не знам што да речам, ама скоро ич не ме заинтересира албумов, се додека ги слушнав оние Southern инструменти, кои можат да се слушнат и во филмот Deliverance (не знам како подобро да ги објаснам, но некаде во средината на албумот е). Во глобала, едноставен, бавен ритам (со исклучок на една песна, што ме изненади), претставувај ќи го оној "бавен" живот во Јужно-американските нации (Луизиана, Мисисипи...). Под "бавен", мислам на традиционалениот став од страна на населението. Сепак, бидејќи албумов успеа да ми потсети на овие работи, заслужува повисока оцена.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
И после владава наша ќе ни прави реклами како металците биле дрогаши ? Епа некој од нив, од тие горе може слуша Weedeater, никогаш не може да знаеме. Одиме со еден риф едно 40 пати, лупаме на тапан тек-тук, вокалот цело време напизден, освен кога пушат трева на Battered & Fried и се уфилмуваат во кантри филм, и на Benaddiction. Останатото горе/доле е исто, тука се работи за бенд кој не се приспособува на никого, едноставно вие мора да се навикнете на нив нормално ако сакате, не дека ќе им биде гајле ако не ги свиѓате. Од мене имаат преодна оценка, и на наредниот албум нека имаат повеќе нервозни Bully песништа. Добро би било наредната патологија да одмориме малку од овие Doom/Sludge/Stoner Metal чудесии, се уморив више.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Албумов отвара со стиховите I really hate your face, I hate the things you do, I know you don't like me, I'm comming after you отпеани врз прилично депре midi мелодија. На следните неколку песни, Weedeater си ги пичат нивните гнсни, развлечени слаџови пропратени од вокалот на Dixie Collins кој пљука отрови од налик на бесна ѕвечарка падната во буре чист дестилиран алкохол. Албумов не до толку музичко дело, колку што е декларација на омраза прецизно насочена спрема одредена личност. Другар што ги прати Weedeater со години вика дека постојат доста влошени односи помеѓу сегашни и поранешни членови. Не треба доста преслушувања на албумов за тоа да биде потврдено. На средина се избацува Battered&Fried каде што бендот си тера стандард со текстовите, но овој пат како музичка позадина оди само бенџо, чисто колку да не заборавиме дека се од Северна Каролина. Продолжуваат со уште неколку ствари во нивен стил се до крајната трака што е споро бас солирање во дилеј педала со која Goliathan тешко испушта душа. Заклучок: There's no hate like southern sludge hate!
Hors
masnioth
7.0
Oд Бога је добро, како што би рекла тетка Сабинче. Солиден стонер со сите салтанати. Вреди да се слушне. Поштуем и зебанции со бенџовци и све. Bow Down е вистинското ВМРО на албумот.
503664
5.9
Cave of Swimmers - Reflection
1781 logo
Vortex
7.0
Во поплавата од просечни (и досадни) дум/стонер бендови, од време на време излегува и нешто вакво. Звучат ко Candlemass на стероиди и имаат вокал на кој очигледно му е дадена огромна слобода така што некогаш звучи одлично а некогаш ко теткица што ги вика децата да се приберат за на ручек.
007 2643
Brutalic
4.0
Најмногу што ме заинтересира во овој албум се вокалите. Типот има специфичен глас и лесно се запамтува. Еден од оние типови, "или го сакаш, или ич го нејќиш" што велат луѓе. Нема помеѓу. Инструментално, ок звучи, но лесно се заборава материјалот од едно слушање. Не ми остави најголем в печаток, но тоа можно е да зависи и од мене што Sludge/Doom (овој поновиов звук, што некои луѓе го велат Southern Sludge) никогаш не ме заинтересирал. Reflection е една песна што ми остави поголем впечаток, за разлика од остатокот од песните.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Име на бенд кое носи корени од Египет, дуо со членови кои се од Венецуела ( најубавите жени да ти се таму ), а творат во жешкото Мајами. Ве збуни оваа комбинација? - Мене да... Се гледа дека доволно се " начитале " од богатото творештво на бендови како Black Sabbath и Candlemass, но не секогаш тоа е доволно за да се создаде албум кој ќе те дрецне од земја. Има еден куп моменти кои ми се допаѓаат, али има и многу досадни делови посебно кога ќе почнат упорно прогресивните делници кои знаат да одат до бесконечност и ми создаваат рефлекција на одбивност. Сепак ми се свиѓа храброста и ентузијазмот на момциве, Reflection земено во глобала и не е така лош албум.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.5
Фациве се интересно heavy дуо од Мајами. Reflection e составен од четири песни, што сè на сè траат околу 35 минути. Почнува со долга 10 минутна песна чие интро е апла A Forest oд The Cure (башка Константинопол од Мизар). Бидејќи од истава песна ја има и како single edit од 6 минути, претпоставувам дека би требало да биде согледана хитот на албумот. Добро, нек им биде. Продукција е на соодветно ниво за ваков звук. Заклучок: ок, ама ништо повеќе од тоа.
Hors
masnioth
6.0
Интересен пристап до doom/stoner металот, навистина интересно мелодичен и стварно несекојдневни аранжмани на песните. Али вокалот ми е огромен turnoff. Ако му успеа на Serj у SOAD не значи дека ќе успее сегде. Исто така пречиста продукција за мој укус. Вреди да се слушне во секој случај, интересна вожња.
493502
5.3
Kamelot - Haven
1781 logo
Vortex
7.5
Претпоставувам дека другите патолози ќе го изругаат албумов, ама да бидеме реални, ретко кој бенд може да исцеди толку квалитет од генеричкиот жанр кој го свират. Сите песни на албумот се специфични и препознатливи, рециклажата не се чувствува а на моменти ги надминуваат и нивните постари албуми. Успат, иако тешко се забележува, веќе два албуми по ред да ти имале нов вокал. Овој пат швеѓанец (Рој Кан или како и да се викаше беше новежанец).
007 2643
Brutalic
3.0
Иако бендов звучи просечно музички, или ок... како и да е... пејачот ептен ми скина филм, и низ цел албум не можев на ништо да се концентрирам, освен на одвратните вокали. Сепак, кога веќе реков дека албумов звучи "просечно", не мора ништо фазла да се вели... Едноставно, овој албум, не заслужува повеќе внимание од мене - доволно посветив.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Колку не сум во тек со збиднувањава на power metal сцената тоа чудо едно. Сум пробувал да слушнам тек-тук по нешто ново не дека не, ама слабо некако ми одело. Haven има се, ама баш се што треба за да им се допадне на фановите на овој стил, дури и нешто повеќе од тоа. Ова е за сите класичари/носталгичари по еден мелодичен и емотивен power метал, останатите нека се обидат па ако им се фати за уво арно, ако не никому ништо. Мора да има макар една балада на вакви албуми а?
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Никогаш не сум љубел power, никогаш нема ни да сменам мислењето, но да кажам дека албумов не чини треба грев да ме фати. Браво Камелотх, Шон Конери и Кристофер Ли покоен се е горди на вас. Веројатно.
Hors
masnioth
3.0
НЕ можам озбилно. Досадно е. Да беше погенерично, ќе беше Nicky Minaj.
495291
4.7
Six Feet Under - Crypt of the Devil
1781 logo
Vortex
6.0
Не знам дали е до мене, ама секој понов албум на Six Feet Under се повеќе и повеќе звучи ко успорен Cannibal Corpse. Ми се допаѓаа како беа изведени Unborn и Undead кои редовно успеваа да ми го привлечат вниманието. Тоа не се случува често со Crypt of the Dead.
007 2643
Brutalic
1.0
Бендов никогаш не сум го прател активно, а сега конечно ја видов причината зошто. Првата песна ме потсети на првиот бенд со кој пробував да искомпонирам песни за прв пат. А втората песна ме потсети на вториот бенд кога прв пат се собравме да направиме некаква песна. Поентата ми е... Абе добро, после 10+ издадени албуми, никако не се научија луѓево од Six Feet Under да компонираат нешто солидно?! Ептен ме провоцира ова... Некои бендови даваат цела душа во еден албум, а типовиве од SFU се заебаваат 20 и кусур години, и сеуште се на врвна издавачка куќа (Metal Blade Records). Некои бендови се отепуваат од работа за да добијаат некакво признание или да потпишат некој си договор со издавачка куќа... Фактите се тука, баш ме заинтересира што ривјуа имаат другите нивни албуми, и во просек од 14 албуми, ривјуата се испод 50%, или и 40% од вкупно издадени албуми. Без врска! Еве, сеуште чекам да заврши албумов како што го слушам... Не се само првите две песни аматерски, туку и остатокот. Не двојка, туку кец!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.5
Веројатно најлошиот албум на Six Feet Under до сега, а имаат еден куп албуми, па сега вие видете... Неинвентивен и генеричен дет енд рол со досадни рифофи, ужасни скримови и непотребни солажи. Како да слушам некој бенд составен од дечки на кои семето им удрило во глава па решиле да прават заебана музика. Лошо, многу лошо.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Како еден од основоположниците на Tampa звукот, Крис Барнс и те како си поставил за цел да продолжи да биде и негов бранител. Ова е воочливо уште од првите неколку секунди на единаесетиот по ред албум на неговото второ чедо Six Feet Under. Опасни груважи, грозоморни текстови, виртуозни соло шредања. Во доба на мали милион безлични death core бендови, охрабрувачки е да има албуми од Crypt of the Devil кои одлично покажуваат како може да се биде и брутален и креативен во исто време.
Hors
masnioth
4.0
Стандарден 90ти death metal, and not much else. Толку.