Мај 2015

Мај 2015

Мај, месецот на мајските бумбари, алергиите на полен и теориите на заговори против Македонија. Месецот кога симпатизерите на политичките партии поминуваат низводно многу километри за да се мрестат на неколку локации во Скопје. Каква врска има тоа со патологијава? Никаква... ама ни требаше вовед.
497176
8.5
Sulphur Aeon - Gateway to the Antisphere
1781 logo
Vortex
9.0
Кога Behemoth, Nile и Immolation би имале бебе со нездрава опсесија по Ктулу и делата на Ловкрафт би ги добиле Sulphur Aeon. Еден од најдобрите дет метал албуми во последно време.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.0
Во претходниве неколку патологии ќе се најдеше барем по еден бенд кој што сум имал прилика да го гледам/слушам во живо, што не е случај со оваа патологија. Арно ама дефинитивно знам коj би сакал наредно да ги слушнам, а тоа се Sulpuhur Aeon. Епско албумиште, монстроузно нешто, нема тука ниту една празна секунда, а камо ли некоја " фалш " песна. Ова ги надмина сите мои очекување. Ако Behemoth ги пропуштив за свадба, не би ја направил таа грешка со Sulphur. Дали тоа дека сум под големи импресии, али мене ми звучат дури и помоќно од познативе полјаци. Дет метал така склепен зо заразни рифофи и епска мелодија што ушти ми зуи во ушите. Затворете ги очите и ќе доживеете прошетка по планини, ридови, пештери, океани. Дали ќе ја преживеете? Е тоа не знам, ама јас ќе го пуштам уште еднаш. Патем, како ми се запотера се највисоките оцени на германски бендови ги давам... Многу блиску е албумов до десетка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Најпрецизен опис што може да го дадам за бендов/албумов е Behemoth нафурани на Lovecraft, ама звуков е толку полн епска надмоќ што ништо чудно еден ден за Behemoth да зборат дека се Sulphur Aeon нафурани на Лукавиот. Gateway to the Antisphere е 51 минута прецизно изделкан blackened death метал кој одлично чекори со стиховите за демоните од Некрономиконот. Ми беа потребни само неколку преслушувања на албумов за да добијам силна желба да го гледам бендов во живо.
Hors
masnioth
8.0
Oдлично. Шбавиве газат, се гледа дека имаат големо влијание од нивните сонародници Obscura, иако се далеку од таа техника, што мене ме радува! Звукот им е толку мрсен, што дури и на мене, Каљо Масниот, ми паѓа тешко да го соџвакам. Децава на Ctuhulu дефинитвно имаат што да кажат.
491158
8.3
Acid King - Middle of Nowhere, Center of Everywhere
1781 logo
Vortex
8.0
Ко за стонер/дум метал бенд, Acid King се ептен лесни за слушање, да не речам и заразни. Обично со ваква музика (барем на мене) потребно е време нешто да ти фати уво (нешто = тој рифот од 30 секунди што се повторува 2000 пати и по некој удар на бубањот, ако се смилува бубњарот) арно ама Лори и компанијата успеале да напраат нешто што се впива од прва.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Во оваа пола година слушнав толку многу стоунерски настроени бендови колку претходно за цел живот што не сум слушал, како да сакам да надоместам нешто. Него нејсе, ова до сеа ми е најдобриот албум од овој жанр за оваа година со најдобриот човек на вокали, се гледа дека се работи за стари волци, а такви се овие што доаѓаат од Сан Франциско, градот на треш металот. Немам кој знае колку преслушувано постари ствари од Acid King, тек-тук по некоја песна, но албумов го преслушав едно добри три пати со големо внимание, вистинско уживање. Што дрога се користи за создавање на ваква музика, и за ваков мрднат генијален омот? :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Ветераните се враќаат за да им покажат на илјадниците генерични бендови кои изникнаа во последниве неколку години како правилно се свири стонер метал орото. Кога си еден од основоположниците на жанрот, притисокот створен од очекувањата на фановите е поголем со секое наредно издание. За среќа, со Middle of Nowhere, Center of Everywhere, Acid King и те како покажуваат дека умеат да направат уникатен албум во веќе преситен правец. Како и на нивните претходни изданија, и овој албум изобилува со рифови кои се способни да те надувуваат сами по себе додека хипнотичниот глас на Lori те носи далеку над земјината атмосфера.
Hors
masnioth
10.0
Aлбумов го преслушав пред патологијава, leak-нат на Youtube цел. Acid King за мене се најдобриот sludge/doom/ска/џез бенд на сите времиња, а албумов само ми го потврди тоа. БОНУС- НАЈБОЉЕ КАВЕР АРТ У СВЕЕЕЕЕЕЕЕЕТ!
A3251543800 10
8.0
Royal Thunder - Crooked Doors
1781 logo
Vortex
8.0
Royal Thunder (ептен пауер метал име) издаден од Relapse беше прилично несекојдневна работа. Испадна дека нема врска со тој жанр на музика и дека се работи за одличен хард рок албум каков што немам слушнато одамна. Она што прво ми остави впечаток е типката што пее на албумов која звучи ко микс од Флоренс Велч и Џемс Хетфилд. Второто се ненормално заразните песни, посебно Time Machine.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Какво пријатно изненадување, браво бе Royal Thunder. Отворање на албум со песниште како Time Machine е нешто кое може само да се посака. Ич не се сомневам дека песнава ќе им стане химна и заштитен знак. До сега Атланта ги знаев само по Јастребите и Антиќ, сеа ќе ги знам и по Грмотевиците. Одличен стегнат модерен рок со многу мелодија, интересни рифчиња, допадливи за уво, емоции на тони и девојка на вокали каква што одамна немам слушнато. Ако албумот завршеше со Ear on the fool од мене ќе имаше најмалку 9. Последните три песни воопшто не ми се поклопуваат во албумов и ми се само како потполнување на време, а и без нив албумот ќе имаше коретно времетраење. Во секој случај многу интересен и допадлив бенд/албум за слушање.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
9.0
Овој албум е уште еден во низата изданија кои за мене ги зацементируваат Атланта и Џорџија како најплодната почва за одлични метал и рок бендови во последниве 15 години. Темелите на сцената беа од цврсто поставени во 1999та од страна на Mastodon со поддршка на Relapse Records, за на нив кариери да изградат таленти како Baroness, Zoroaster (чиј гитарист/вокал веќе е официјален член на Royal Thunder), Кylesa и Royal Thunder. Овој втор по ред албум на последно споменатите можеби ја нема иновативноста и инструменталната виртуозност на Mastodon, но вака добро скоцкани аранжмани не се среќаваат секој ден. Морам да признаам дека го утепав од слушање. Албумот почнува со заразната Time Machine, продолжува со низа емотивно набиени рок химни за да маестрално да почине со дводелната the Bear, очигледно е инспирирана од великаните Jeff Buckley и Kate Bush. За мене, Crooked Doors е албум каде што ниту една песна не е одвишок и ниту еден дел е досаден.
Hors
masnioth
8.0
Воопшто не е лошо да се чуе. Ова за мене се Florence and the Machine на hard rock-от. Oдличен вокал, многу интересен стил на компонирање. Воопшто не стравуваат да застранат накај old school класични психоделии како 13th Floor Elevators, a oд друга страна имаат и многу уникатен и кул пристат кон сопствената современа рифажа. Ми идеа и некој Crack the Sky моменти, што морам да го поздравам. Вреди да се слуша, дефинитвно! Криво ми е што не сум ги знаел порано! P.S. Фала за The Bear I и II не сте морале да ми посветите песна. P.P.S A И МИНЏЕВО ШТО ПЕЕ МНОГУ СОЛИДНА Е! ХЕХЕХЕ КАЉО ШОВИНИСТО! P.P.P.S Како се викаат Royal Thunder а не свират POWER METAL!?!
498792
7.3
Sigh - Graveward
1781 logo
Vortex
9.0
Лоша продукција, хаос, труби, бластови, џез, блек метал, јапонци...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Сите знаеме дека јапонците се родени чудаци и дека се и сешто можеш да очекуваш од нив. Какви само перверзни реални шоу програми се изнагледав од нив на интернет во последно време, абе умот да ти штукне, дефинитивно не се тачни. Опишани како блек/авандгарден метал и споредени со Solefald, со тоа што норвежаниве се далеку похармонични и посредени. Sigh ми се заебано забавен метал бенд и ништо повеќе од тоа. Колку што брзо ќе ти привлечат внимание, со дупла брзина ќе ти здосадат. Еден куп разни инструменти со вокалот што си игра прават еден голем хаотичен производ, тоа ќе да е авандгардата :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.0
За мене неспојливата еклектичност на стилови на албумов може да се објасни со еден збор – Јапонија. Иако самите се етикетираат како death/black метал, Sigh, како и многу други од истата земја (Maximum the Hormone, Babymetal итн.) се коктел на многу музички стилови, така да не сум до толку изненаден од тоа што го слушнав. Она што ми е чудно е како фациве свират со Watain и Inqusition кога споменативе ќе им дојдат на домашен терен?
Hors
masnioth
9.0
ОВА Е СРАЊЕТО! Зашто се волку закон! Мислам дека Јапанци треба да имаат авторски права на хистерија како поим. Толку прекрасен хаос, не сум чул подолго време. Какво уклапање на металско шредање, хистеричен hardcore- Јeff Walker вокал, дувачи и електроника. Браво! Мислам дека не е за сечие уво, ама мене ми паше одлично. ДУВАЧИВЕ ДИГАЊЕ МАНЕ КО ДА СЕ ОД ШУТКА!
505126
7.0
Gruesome - Savage Land
1781 logo
Vortex
7.0
Глорифицирање на раниот период на делото на Шулдинер, примитивен еднодимензионален сиров дет метал кој на моменти успева да ја достигне генијалноста на материјалот на првите легендарни албуми.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Gruesome се бенд од Америка, а Savage Land им е деби албум. Омот со неандерталци/човекојадци, еден куп черепи асоцира на едно дамнешно примитивно минато време. Е кога веќе спомнав минато, Gruesome се трудат да ве вратат назад едно 20-25 години, на почетоците од легендите Death. Ако го сакате тој период на Death, тогаш ќе гo сакате и овој албум, дефинитивно. Ако намерата им е што повеќе да звучат како old Death тогаш мора да им се признае дека горе/доле им успеало. Сфаќам почитување, оддавање на почит, влијание и ред други работи, али требало нешто и свое да вметнат во албумов, да си остават печат, да се нешто повеќе од копија. Баш ме интересира ако извадат уште еден албум дали тој ќе им биде ваков, или ќе се обидат да звучат како Symbolic и The Sound of Perseverance.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Група музичари од бендови под капата на Relapse Records се собрале да ја испочитуваат раната фаза на творештвото на Death. Уште од првите неколку секунди на овој албум е јасно дека ликовите позади бендов/проектов успеале во тоа што го наумиле. Продукцијата e блиска на Leprosy најмногу што може, вокалот ист, солажите како да се испичени од Murphy, Rozz и бато Чак. Додатно, логото на бендот ги соддржи истите елементи на раното лого на бендот што им служи како инспирација, a легендарниот Ed Repka се потпишува на омотот. Албумот е околу 35 минути, не го тупи и лесен за слушање, па можеш да го пуштиш да сврти 2-3 пати на едно седнување без да добиеш потреба дека си слушал доста. Но од друга страна, токму овој момент ми претставува меч со две острици. Колку и да е солиден како музичко парче, во споредба со албумите кои му се инспирација, Savage Land делува како хомоногена маса каде што нема песни кои отскокнуваат како Pull the Plug на Leprosy или пак Evil Dead, Torn to Pieces и Zombie Ritual на Scream Bloody Gore. Сепак, како човек на кој што Death му се најомилениот бенд на сите времиња, сметам дека Gruesome завршиле одлична работа. Прашање е дали ќе се најде јунак што ќе го направи истото со подоцнежната прог димензија на музиката на DEATH.
Hors
masnioth
7.0
IT'S 1989 AGAIN! GO! Како што и самите си викаат Death "Leprosy" inspired метал! И продукцијата, и текстовите и свееее врсискаат death metal! Одличен tribute албум за една прекрасна ера на металот! P.S. Кога се ебеле Tardy и Schuldiner да се роди вокалов?!
489156
6.5
Shining - IX - Everyone, Everything, Everywhere, Ends
1781 logo
Vortex
7.0
Shining се од оние блек метал бендови на кои немав многу посветено внимание и нивното постоење го открив всушност кога ги заслушав нивните комшии џезери, Shining од Норвешка. Не знам какви им се другите албуми, овој звучи доста солидно и би го стаел во ист кош со Enslaved под "интелегентен блек метал".
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.0
IX да ти означувало дека ова е нивни деветти албум, што ти биле педантни шведските блек металци бе... Прв пат ги слушам Shining и прилично напети ми се видоа. Еден спој на многу акустични спори мелодични делови и рецитали со брзи типични блекерски напади и продерување на својот мајчин јазик. Не многу скандинавски бендови творат на своите јазици, можеле барем една песна да стават и на англиски јазик, чисто за извоз што се вика. Многу депресивно и болно издание, едино смешно ми е како звучи пеењето на чистите вокали на шведски. Не сум јас за ова, НЕ.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Иако долго време знам за Shining, ова ми беше прв пат да слушнам нешто од нив. Сè што знаев претходно е дека се потпишуваат како suicidal black metal, што ми беше тема на саркастични замерки околу фактот што уште се живи и творат. Очекував нешто споро и досадно, но со неговите чести вожњи и добри аранжмани, Everyone, Everything, Everywhere, Ends го покажа спротивното. Бавни и развлечени делчиња има, но не до тој степен да ти го направат слушањето досадно. Во целост, солиден албум. Чудно малку што иако насловот на албумот е на англиски, сите текстови се на шведски.
Hors
masnioth
7.0
BJERGEN KJERGEN OF THE BAJORGEN FJORDS! Супер вожња. супер black metal. Можеби не е мој тип на музика ама е супер за слушање. Продукциски напраено цакум пакум, и тоа не во онаа куртонска Godlike metalcore амерички продукција, EВРОПА БАЈО!
487428
5.8
Minsk - The Crash and the Draw
1781 logo
Vortex
6.0
Еден мој другар баш прецизно го оцени албумов како "poor man's Vertikal (Cult of Luna)".
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Ај ако не 200 минути нека биде следниот албум а? Едвај еднаш успеав да ги слушнам и тоа со триста маки. Преку глава више од вака наштиман звук на гитари и поигрување со емоции и бес и паѓање во депресии. Minsk, доста беше дружење, поздрав.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Клон на Neurosis од А до Ш. За ова да биде уште очигледно, албумот е издаден од Neurot Recordings. Али, нема ништо лошо во тоа. Како и нивните музички татковци, и Minsk прават долги песни полни спора и тешка за слушање музика која ти ја црпи енергијата. Само што не го прават до толку добро ко Neurosis.
Hors
masnioth
5.0
Меh! Онака, ок све, ама преку кур.
492735
5.8
Byzantine - To Release Is to Resolve
1781 logo
Vortex
7.0
Byzantine се од оние бендови кои или ти се допаѓаат од старт или не сакаш да ги пипнеш со 5 метри долг стап. Нивниот модерен приод кон траш металот е инспириран од The Haunted и Lamb of God со тоа што музиката им е подинамична и поекспериментална посебно на последниве албуми. Ако не сакате Steven Wilson моменти во вашиот траш метал, бегајте подалеку од ова.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Ептен потценет бенд, ептен. Кога ќе видам само кои бендови свират по светски познати фестивали, издаваат за силни издавачки куќи, имаат еден куп фанови, а не се ниту приближно квалитетни и креативни како Byzantine е тоа ме боли, али јебига. Ако Lamb of God ви се добри и ви праат ќеф за слушање и покрај тоа што некогаш знаат да звучат многу монотоно и генерично, тогаш Byzantine би ви биле дошле како кец на десетка. Овде ќе добите апла надградено интелегентни LOG. А колку стегнато и комплексно знаат да свучат слушнете ја само To Relaese, и ќе ви стане се јасно. Посебно ми се допаѓат тие малку Meshuggah делчиња што онака ненаметливо ќе ги чуеш онаму кај што најмалку очекуваш, еден куп смирени и полни со емоции парчиња, и богатството на различности што Крис го нуди низ призмата на своите гласовни способности, секоја чест. Супер албум, слушнете го.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
4.0
Пред да го слушнам бендов/албумов, извесен корецензент (над 35 години, со потекло од полошкиот регион) ми ги опиша како поинтелегентна верзија на Lamb of God. Мојот впечаток дека се еднакво глупа верзија на Mushroomhead со модерни делчиња на моменти. Самите песни, а и албумот во целост ми делуваат ама ептен некохезивно. Додатно, чистиот вокал е ужас.
Hors
masnioth
4.0
Не знам зошто, ама во последново време многу генеричен метал на сите страни. Освен продукцијата на мрсниот бубањ, и тук там некој ретро thrash момент, овој албум не ми е ништо посебно. Toa што си комибинирал Carcass, Opeth и Testament у една песна не значи дека ќе испадне добар албум нели?