Март 2015

Март 2015

Третото издание на патологијата од годинава. Еден од патолозите ни замина на Исланд за да открие дали и таму има автобуси со бр. 57, на негово место пак дојде брадест сириец со псевдонимот Serdaroth (и двајцата тотално не се членови на ансамблот Furion, секоја сличност е случајна). Овој пат имаше еден куп албуми ама имавме време и нерви да испитаме само осум од нив.
Melechesh enki artwork
8.0
Melechesh - Enki
1781 logo
Vortex
8.0
Одличен албум иако се чувствува сериозно опаѓање на квалитетот во однос на претходникот Epigenesis. Епичниот прогресивен ориентален метал звук кој палеше и жареше на тој албум е троа разводнет во своевиден чочек метал. Сепак, не сум разочаран од промената на звукот бидејќи Enki си е сосем ново чудовиште. Преполн од почеток до крај со заразни мелодии и рифови да не знае човек дали да бенга или да заигра на маса.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Сеуште од Израел омилен бенд ми се Orphand Land, веројатно така и ќе остане. Melechesh со Enki дробат во буквална смисла, ама баш дробат. Почнуваат онака ненаметливо, а потоа те возат цели шеесет минути и ти држат час по историја на тема Блискиот исток, сето тоа споено со еден уништувачки метал звук прават добитна комбинација за нас слушателите. На Lost Tribes како гостин се појавува легендарниот Макс Кавалера кој со својот вокал дава приоденес на и онака богатата содржина на Enki. На Divine Natural Awoken не можете а да не го приметите влијанието на Nile посебно во првата половина од песната. Едно е сигурно, Melechesh со Enki си го зацврстуваат својот статус во метал светот, ашколсум.
Chronicler2
Serdaroth
8.0
Мelechesh си се Melechesh! Нема утка кај нив. Заразни рифови, грување еден куп. Продукциски уште боље од The Epigenesis. Ќе ми треба уште време да го преслушам ко што треба, ама коска е до сега. Омилена сеа за сеа ми е Lost Tribes и многу ја поштувам референцата со Triangular Tattvic Fire што се убацува на 4 минути. Рокање и оценка 8.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
За Melechesh знам уште од средно, кога прочитав за нив во српскиот Metal Express магазин, но ги немав слушнато се до пред патологијава. Првиот впечаток ми е нешто налик Absu со доза Orphaned Land, што додатно ми имаше смисла кога видов дека Proscriptor Mcgovern им свирел тапани на албумот Sphynx (2003). Додатно, исто како и Orphaned Land, Меlechesh се бенд формиран во Израел. Нивниот шестти албум Enki нуди неоспорен квалитет во сите свои аспекти - хируршки прецизно отсвирени ориентални скали, јасна продукција и ‘ржачки вокали со кои Melechesh ги величат митовите и легендите од древна Месопотамија/Сумерија/Асирија. По нелагодностa и гневот што ги здобив гледајќи како ISIS уништува артефакти од овие цивилизации во музејот во Мосул, охрабрувачки е да се чуе врвно парче звучна уметност кое придонесува нивната величенственост на некој начин да продолжи да ечи низ времето. За мене, Enki е еден од оние албуми кои стануваат се подобри со секое наредно слушање.
A2700833321 10
7.0
Elder - Lore
1781 logo
Vortex
8.0
Бенд кој со звукот многу потсетува на Baroness или Mastodon со тоа што за разлика од нив си дава повеќе слобода и пробува да избега на стандардните стих-рефрен-стих структури. Резултатот е саат музика расфрлана низ само 5 песни, ослободена од стегите, пуштена на пасење. Навидум рецепт за жива досада, ама Elder знаат како да го избегнат тоа.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Пет песни кои траат цел час... Знаете ли колку е тешко да се задржи вниманието на слушателот со толку долги песни? Многу е тешко, но ако успеете тоа е доказ дека стварно вредите, а Elder и те како вредат. Lore веројатно им е барем сега за сега врвот на момциве. Не сакам да ги занемарам вокалите во нивните песни, Ник си звучи сосема океј, али Elder e бенд кој скоро целосно е фокусиран на инструменталната изведба, а таа во најмала рака звучи одлично, посебно ритам секцијата. Има тука тежина со нечисти заразни рифофи, континуирана психоделичност, мелонхолија и мрснотија што би рекле стоунерите кои прават члновит на бендот да бидат горди на ова издание, а фановите на ваков стил музика сигурно ќе знаат да го ценат ова. Америте во овој правец сигурно газат пред сите други, Браво.
Chronicler2
Serdaroth
6.0
Пост-рок/стонер рок и некоја таква комбинација, која што малце ми мава на Mastodon на момент. 5 спори песни, по 10тина минути се сите. Од аспект на музика, ми фаќа уво, ама продукцијава ме одбива. Звучи лабаво, климаво, нерафиринано. Во однос на другиве албуми, ова звучи на солидно демо. Ама не знам дали на ваков бенд би му стоела друга продукција. Да речеме, солидна 6-ка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Најпрецизен опис што можам да го дадам за албумов е нешто како Baroness да направиле албум со 5 песни од по 10+ минути.
Carach angren this is no fairytale 01
6.8
Carach Angren - This Is No Fairytale
1781 logo
Vortex
9.0
Carach Angren се моментално еден од најдобрите европски блек метал состави и за чудо не доаѓаат од скандинавија туку од земјата на ефтиниот готик метал со црвенокоси, Холандија. This is no Fairytale им е четврто ремек дело по ред и на него повторно ја користат препознатливата формула, комплексен блек метал со еден куп симфониски аранжмани, мрачна приказна, нарација и драматазации со кои може да му парираат на King Diamond лично. Овој пат темата е (многу, ептен многу) мрачна верзија на приказната за Ивица и Марица (или Хансел и Гретел на странскослужбенски).
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.0
Ако до сега Холандија ви беше позната најмногу по легалната проституција и по легалната употреба на некои опијати ве разбирам, и мене прво ме асоцира кога ќе го чујам името на земјата на лалињата како што милуваат да ја викаат. Но дали сте го чуле новиот албум на Carach Angren? Е тоа пријатели ви е ненормално добар производ на кои што во последно време се поретко и поретко налетуваме. Општеството одамна ни е труло и гнило, шири зараза со демонизам, а моралот и човечноста е на работ од изумирање. This Is No Fairyale ни сервира една брутална приказна на изопаченост, насилство, садизам и сите пропратни болни случувања на мрднатите мозоци. Погледнете го спотот од There's No place like home и ќе ви стане јасно што се обидувам да кажам. Бендов не би сакал да го класифицирам само како некој си блек метал, затоа што овде се нуди многу повеќе од тоа. За звукот и како е се продукциски средено не сакам ни да зборам многу, само ќе речам генијално... Да завршам во стил на Carach Angren и приказната што ја фураат, Violence, violence, violence....
Chronicler2
Serdaroth
4.0
Интрото ме заинтригира, и после тоа очекував влез каков што е у втората песна. Али не мислев дека ќе биде цел албум брз и бластовица блек метал. Сеприсутност на бластови. Сакам бластови коа се внимателно смислени и ставени а не цело време низ песните. Спомнав дека има бластови? Имаше пар полу-епски делови и 2 интересни рифчиња. Вокалот стандард. Продукцијата ми се свиѓа, нешто што ја би направил и/или би слушал. Можам да го слушам у некој кафич ама не дома. Ај 4ка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.0
Vegan… Black... Metal…. Chef. Кога би бил неинтересен.
635454547086189806
6.3
The Agonist - Eye of Providence
1781 logo
Vortex
7.0
Значи, The Agonist секогаш ми биле еден од најдобрите понови металкор бендови кои се издвојуваат со својата оригиналност и свежина. Претходниот The Prisoners би можел да го ставам комотно во топ 10 најдобри металкор изданија на сите времиња. Новиов е исто одличен но песните се поедноставни и погенерички, брзо здосадуваат. Не е до замената на Алиса, барем штп се однесува до вокалите одлично си ја врши работата, дури на моменти звучи и помоќно од неа, повеќе ми делува ко бендот да попуштил тимски.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Најмногу недоумици имав околу The Agonist и прилично долго време го преслушував Еye of Providence ама никако да се најдеме на иста фреквенција. Сите оние делови кои припаѓаат на мелодичен дет метал ми се допаѓаат, ама малку ги има, и сум за тоа бендот во иднина да се држи повеќе на таа страна, и супер им оди се додека не почнат да и ја давааат сета таа слобода на Вики која доминира на албумов со чистите вокали. Претпоставувам дека со овој албум намерата им е да дојдат до што поширока публика во што и веројатно ќе успеаат, играат на сигурно. Мене сигурно не ме импресионираа.
Chronicler2
Serdaroth
6.0
Melodic Death/Metalcore нешто? Се надевам не грешам. Како и да е не е лошо. Модерна продукција – све испеглано, и модерно звучи. Ми се свиѓаат гитарите како звучат пуно. Вокалот ми е онака, ништо посебно за полу-скрим. Има песна се вика Facebook Messenger, позз. И Architects Hallucinate. И у право се! Се глеа се прошетале у Скопје. Се на се, фино шесче.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Иако низ албумов фрштат дисторзии, дупли, солажи, повремени граулови и по некој бласт, тој за мене во основа е поп метал. Не велам дека музиката е лоша, ама не е нешто што било кога би се нафатил редовно да го слушам. Сè мислам дека можеби фактот што претходната вокалистка на бендов сега пее во Arch Enemy ми постави големи и преразлични очекувања, што бендов не ми ги исполни ни оддалеку.
113 ensiferum berserk greyish 14
6.0
Ensiferum - One Man Army
1781 logo
Vortex
6.0
Четири пати го свртев албумов и воопшто не можам да издвојам песна, погенерички е од турска серија. Што се случи со препородениот Ensiferum od пред неколку години?
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.0
Од почеток да си разјаснам да си немаме забуни. Ensiferum во жанрот што го свират се можеби еден од најдобрите бендови, тука воопшто не навлегувам во дискусија, тоа што јас грото од овие бендови не можам да ги сфатам премногу сериозно си е мој проблем. Хорското пеење, ѕвоната, пренагласената фолк мелодија, тематиката што ја одработуваат се само дел од работите кои ме иритираат тоа го имам зборено и порано. One man army го слушам сега, и тешко дека пак со намера би го слушнал.
Chronicler2
Serdaroth
6.0
Дечко, One Man Army се вика албумов, све треба да ти е јасно! Ај ок, не мора баш све. Поштуем дека има динамика у брзина. Еве слушам насловната песна, рока јако! Стегнато скроз. Искрено, мислев поише ќе ми фатат уво спорите делови ама напротив, изглеа поише ми се свиѓаа побрзите. Ок ми е шо нема многу фолкерај со рандом инструменти (гајди, мајди), скоро сите мелодии се на гитара. Neito Pohjolan – финско кантри брату – смешно ми е. Последните 4 песни некако слично ми звучеа. Ај ок се предавам, многу песни има албумов јеботе. Епа лапај си 6ка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Иако не сум голем љубител на метал со нагазен фокус на фолклор, сметам дека One Мan Army е солиден албум на чие создавање е посветено многу внимание и од свирачки и од продукциски аспект. Брзото темпо на почетокот, хорските делници и мелодиите кои се карактеристични за северно-европските народи прават парче епски метал кое слушателот го носи векови наназад на бојно поле полно коњаници, секири и штитови. Ensiferum можеби не се на нивотото на комшиите им Amon Amarth, но сепак знаат прописно да го тераат викингштвото во металот.
Leviathan
5.8
Leviathan - Scar Sighted
1781 logo
Vortex
8.0
Leviathan не е баш најоригинално име за бенд поврзан со метал (на Metal Archives има над 20тина бенда со тоа име). Сепак, од сите Leviathan-и, токму овој, отруен блек метал проект на еден човек најмногу го заслужува името. Scar Sighted е 64минутна патување низ негативните емоции на тој човек. Еден од посвежите блек метал изданија во последно време.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.0
Си реков ај дај му втора шанса, не избрзувај одма со заклучоци и пресуди. Пробав, али впечатокот сепак остана оној првобитниот, едноставно не можам да го слушам нештово. Таков некој хаотичен амбиент ми создава музикава што просто ми се врти во глава, а може и тоа е намерата, никого да не остави рамнодушен. Можеби некој ептен олд скул блек металци би го слушале албумов, јас не..
Chronicler2
Serdaroth
2.0
Некако ни ова не. Некој чуден black metal ваљда. Вокалот не, музиката не. 2ка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Можеби денес најизвиканиот бајраконосец на американскиот блек метал, Џеф Вајтхеад се враќа со нов албум на неговиот проект Leviathan каде што тој ги отсликува бубачките што му лазат низ глава. За мене Scar Sighted, како и последниот албум на Mayhem e збир на екстремно мрачни, болни и тешки за слушање крици од најдлаките амбиси на човековото битие. Изворен блек метал и по звук и по филозофија. Голем плус и додатно засилување на атмосферата што овој албум ја создава ми е неговиот буклет, полн грозоморни слики кои одлично ги доловуваат мрачните вртлози проткаени низ песните.
Ancient rites
5.5
Ancient Rites - Laguz
1781 logo
Vortex
5.0
Ви текнува колку беше закон Rubicon од пред една деценија? Ви текнува колку беше феномална и незаборавна мелодијата од првата песна Templar? Ви текнува каква атмосфера направија во Кастро? Епа ако ви текна морам да ви кажам дека ништо од тоа нема на новиов албум. Пола албум звучи ко пеачов да им рекол на остатокот ај бе свирете нешо генерички со многу бластови додека јас читам некоја книга со мојот многу зол глас.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Ако добро ме држи паметењето Ноември 2007 чинам беше кога Ancient Rites имаа концерт во Кастро. Знам дека пред самото нивно доаѓање во Скопје се дешаваа триста перипетии, али упорноста и посветеноста на некои членови од мкметал дружината Бригада не дозволи да се деси откажување на концертот, и супер што бидна така, затоа што Ancient растури во Скопје. Laguz доаѓа после една подолга пауза и со голема задача да го продолжат она што го веќе го направи ја со Rubicon, а сите кои го слушале тој албум знаат какво ѕверско ремек дело е. Жал ми е што овој пат за Laguz не можам да го кажам тоа, едноставно ја нема сржта, душата и енергијата што ја имаше на претходникот, ова не можам да го наречам ни бледа копија, а толку му се израдував кога видов дека пак снимиле албум. Единствено ни останува да се надеваме дека нема да чекаме толку долго време за ново издание и дека ќе биде далеко подобро од ова што сега ни го нудат.
Chronicler2
Serdaroth
5.0
Интроа на албуми ми спаѓаат у клишеа што ги сакам. Трет албум со интро у оваа партија Патологија, добро е. Не е лошо интрово. Ај да видиме понатаму што се дешава. Дечко, пак милион бластови, ок е. Има неколку интересни делови што ми фатија уво.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Фациве од Белгија пред извесен број години имаа свирка во клубот Кастро. Бидејќи имам добри сеќавања од тој концерт, а и ме држеше јакото од Enki, сметав дека албумов нема да разочара. Така и бидна, бар од музички аспект. Но, албумов има една голема фалинка преку која никако не можев да преидам вртејќи го, а тоа е продукцијата на вокалите. Тие се ставени многу многу пред музиката. Сфаќам дека Ancient Rites си имаат јасен концепт за детално опишување на настани од турбулентните средовековни времиња во Европа, ама никако не можам да немам впечаток дека вокалот прави аудио коментар на песните наместо да биде комполементарен инструмент во музиката на бендот.
Heiress of great sorrow
5.5
Heiress - The Great Sorrow
1781 logo
Vortex
7.0
Албум што го стаевме колку да не рече некој хипстер, абе ич немате тоа хипстер метали. Шега на страна, Heiress ги дознав преку Himsa (надежен металкор бенд со кој искрено не знам што се случи...) и претходниот албум од 2013та ми беше еден од најслушаните пост-металиш изданија на годината. The Great Sorrow е исто солиден но некако не ме привлекува и на моменти знае да те умре од досада (ко и секој пост метал... кхм кхм).
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Кога ги слушам прво нешто што ми доаѓа на памет е некое мало клубче, или подземна гаража со педесеттина луѓе во неа кои уживаат во музиката што Heiress ја свират. Јас прв пат го слушам бендов, ама ми се допаѓа во кој правец се движат, се гледа дека не лутаат точно знаат како сакаат да звучат. За мој вкус ова е премногу мрсно, тешко hardcore/sludge/metal зачинето издание кое слободно може да оди без оној прекин помеѓу песните затоа што одлично се надоврзуваат една по друга. Фино што го запознав бендов, ќе се дружам чат-пат.
Chronicler2
Serdaroth
2.0
Не ми се свиѓа. 2ка.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
6.0
Уште од првите моменти на овој албум се приметува значителното Neurosis влијание – не дотолку во динамиката и аранжманот на песните, но ептен во стилот на вокалите. Сепак, тоа не е проблемот кој го имам со ова издание. Она што ми смета е тоа што и по неколку слушања, имам впечаток дека песните, иако солидни, се премногу слични една на друга.