Март 2016

Март 2016

Патологијава требаше да излезе пред една година, но поради тогашните обврски на главниот и одговорен уредник и опаѓање на ентузијазмот никогаш не беше објавена.
553663
7.7
Deströyer 666 - Wildfire
007 2643
Brutalic
6.0
Незнам дали ова му е намерно или на-нејчена, но албумов им звучи како да им е снимен за време на крајот на осумдесетите. Премногу рециклиран материјал, и ми делуваше на 100ина други албуми што ми се ислушани, од други бендови. Покрај тоа, секоја песна им звучеше речиси исто. Од секогаш сум наидувал на бендов, низ муабет со луѓе, но никогаш не сум слушнал ништо од нив, освен новиов албум. Навистина ништо посебно, она што го чув. Не ми го привлекоа доволно интересот.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Ова треба да се вбризгува директно во вена на зависниците од силна адреналинска музика, ДЕФИНИТИВНО. Блек/треш со хеви металски шмек кој нема да ве остави рамнодушни. Сакате да јуришате качени на коњ со бајрак во раце, тогаш пушти си го Wildfire и пичи мајсторе. Ретко може да сретнете песна со наслов Die You Fucking Pig!, нели? :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
9.0
Го искинав од слушање! Wildfire e доказ дека во 2016та сеуште можат да се појават интересни нерециклирани треш химни. Фациве требаше да свират во Скопје пред некоја година, ама им се откажа цела европска турнеја. После албумов, ептен многу се надевам дека ќе ни дојдат на гости наскоро.
548635
7.5
Anthrax - For All Kings
007 2643
Brutalic
8.5
Anthrax, еден од постарите бендови кој спаѓа во лигата на Slayer, Megadeth, Exodus, и така на таму, да не ги бројам... Поентата ми што иако се еден од постарите бендови, и имаат прилично оригинални членови во бендот (4 од 5 членови), знаеле да издадат страшен албум. Мислам дека другите бендови (што ги набројав предходно) можат да ги гледаат Anthrax како пример, и да научат некоја лекција. Искрено да речам, троа скептички го пуштив албумот да го слушам, но одма, после првите неколку песни, сватив дека воопшто не се заебавале додека работеле на албумов. Комотно би го препорачал For All Kings на Thrash љубителите.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.5
Најмалку популарниот бенд од големата четворка, што не значи дека е и најмалку квалитетен. Ако се сврти вниманието на последните албуми што во овој период ги извади ја Slayer и Megadeth, мора да се признае дека For all Kings на Anthrax е две класи бољи од нив што би рекoл Цацко. Ако некој бенд покажува смелост и енергија во ветеранските години како во музиката така и во текстовите тоа се Anthrax. Zero Tolerance за екстремисти во религијата, за расна омраза, за полициска држава, за ебените политичари. Респект \m/
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.5
Многу радио рок песниве. Сфаќам, 300ти албум во кариера, дел од големата четворка, нема што тука сега да се докажуваат. Ама па, баш од тие причини очекував поише да 'ржат. Да ми го пуштиш албумов без да ми кажеш од кој е, тешко дека ќе погодам дека се Anthrax.
544332
7.3
Obscura - Akróasis
007 2643
Brutalic
8.5
Мислам дека овој албум им е најдобар од сите што ги имаат издадено. Најквалитетно искомпониран и снимен. Мана една што ме боди во секоја песна што ја слушнав... Тие вокалите со еден тон ефекти врз нив... многу убаво се сеќава дека Obscura имаат направено "copy+paste" од Cynic - Focus. Потполно исти ефекти на вокалите, како и во албумот Focus. Освен тоа, немам никакви други негативни коментари. Доста оригинален албум, чисто снимен, одлично составен - во глобала интересен албум, и покрај тоа што имало измени во бендов на клучни луѓе (Hannes Grossmann, Christian Munzner), по мое мислење.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.5
Помина скоро деценија од како Obscura свиреа во Кастро, и тогаш беа релативно непознат бенд. Вечерта кога Obscura свиреа јас бев на свадба, па фатив магла така накитен џоа законик, и сеа ете ми стои во сиви дека сум имал прилика да ги гледам во живо :). Веројатно тогаш не ни можевме да претпоставиме по која патека ќе се движи бендов, а да бидам искрен тие ги надминаа моите очекување. Супер надмоќен инструментален технички дет метал со одличен вокал, а инструменталката на крај од албум им е врв. Германските бендови во поново време скоро и да не вадат лош албум. Ова ми е многу подобро од Alkaloid.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
4.0
Koгa ги гледав 2007 во Кастро искочив од што ми беше досадно (два пати во живот имам напуштено концерт од отприлика 600 одгледани). Трудење од петни жили да се Death, aма некако не им иде. Death не се тоа што се само поради техничкото свирење, него бидејќи имаат тон душа и муда. Пред две недели пак ги гледав во Солун каде што го промовираа албумов. Да можев радо ќе сменев место со некој што стварно му значат. Колку и да се трудам, никако да увидам кај лежи фамата.
549531
6.8
Rotting Christ - Rituals
007 2643
Brutalic
7.0
Грциве јак албум направиле. Добар состав од неколку стилови, но два што се забележуваат, што ми идат на ум, се индустриален и мелодичен дет метал. Доста иновативно звучи, иако многу просто делува композициски. На некои делови малку ми делуваше клише-рски, со ефектите, и вокалите... Сепак, кога би го слушале албумов од почеток до крај, има доста добар тек.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.5
Rotting Christ ги паметам уште од 2004 година кога заедно со Сињак имаа супер свирка во Мкц. Тој период во кус временски интервал во Скопје свирeа уште и Kreator, Machine Head, God Forbid и Calliban, златни времиња бе. Туку нејсе, да кажам збор два за Rituals. Ритуален племенски говор и бесконечно повторување на рифови. Морам да признаам дека рифовите знаат да дигнат и мртов човек, али здосадуваат бе, дај сменете нешто. Ако песната почне со некој риф, очекувајте го тој риф низ цела песна, и нормално Сатана, Сатана :). Се супер звучи, али апла досадно, тоа е тоа.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Rituals гази дрско од прва до последна песна, али реално на ничие изненадување пошо јужниве соседи си држат до репутацијата за стегнат метал. Продукцијата би можела да биде малку помрсна по мое мислење, али ок е и вака.
551019
6.8
Entombed A.D. - Dead Dawn
007 2643
Brutalic
6.0
Сум слушнал полоши албуми од Entombed, но сум слушнал и далеку подобри албуми од овој. Просечно составен албум, со очекувани елементи на "Death 'n' Roll", како што некој ги нарекуваат. Ги има оние моменти на психоделија, со бизарни lead гитари. Сепак, тоа не го спасува албумов од скоро просечна оценка. Ако ви треба музика за позадина во секојдневието, овој албум е супер за тоа.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Death 'n' Rol до коска со троа повеќе тинтрање кога се обидуваат да ја спуштат топката и да играат лабаво, останатото е остро и на прва. Далеку од тоа дека Dead Dawn е нешто што ќе ве остави без ѕдив, али се почитува во ова време да си фураш мрсноча наспроти нашминканост и еден тон пудра. Ларс- Горан Петров гази на вокали. Чисто да си кажам што се однесува до оваа стара шведска дет метал школа, Dismember сеуште ми се шампиони.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.5
Последниот нивен албум не ми фати баш уво, што не е случај со Dead Dawn. Очекувано мрсен death 'n roll, по рецепт на оригиналните мајстори. Карактеристичниот штим во комбинација со закон вокалот на LG наш, го прават албумов доследно издание за името Entombed. Би било јако пак се гледаат во живо.