Ноември 2015

Ноември 2015

Remember, remember the busy November. Поради грст (претежно оправдани( причини, патологијава доцни повеќе од две недели. Овој пат имаме 8 албуми и само тројца патолози, останатите тројца земаа одмор.
535338
9.3
Slugdge - Dim & Slimeridden Kingdoms
1781 logo
Vortex
9.5
Мојот фаворит за месецов. Иако делуваат ко несериозен бенд, мислам, пеат за мекотели створења, школки и полжави, насловите им се пародија на познати песни (самиот наслов на албум е подебнување наедна песна од Immortal) од метал жанрот, сепак Sludge се неверојатно комплетиран, повеќедимензионален и комплексен бенд. Земете го Necroticism од Carcass, успорете го, додајте мрсна продукција, малку блек метал, малку стонер... и отприлика ќе го добиете звукот на бендов. Хуморот во обработените теми е повеќе од одличен и интелигентен. Импресивно е и што е ова трет нивен албум по ред за кратко време и не можам да се одлучам кој би бил најдобар.
007 2643
Brutalic
10.0
За да користиш класични "шведски death метал" ефекти, и на крај да излезе чисто и разбирливо, треба навистина да знаеш што правиш со твојата опрема. Бендов навистина тоа го докажува низ целиот албум - "Бучно е? Ако, пак ќе разбериш". Бучен black/death, што многу потсеќа на бендови како Entombed, Dismember, Vomitory... Помислив дека ќе ми здосади да слушам толку долги песни, но одлично им се скроени.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.5
За мене Slugdge се вистинскo дет метал откритие. Релативно нов бенд со веќе 3 албуми зад себе, преслушувајќи го Dim & Slimeridden добив желба да ги слушнам и претходните два албуми, али за тоа отом потом. Цврст метал со еден куп интересни рифофи, различни видови на пеење/дерење и што ли ти не. Чисто за да добиете слика како звучат слушнете ја само Flyaing Snails и ќе ви стане јасно со каква масивна моќ располагаат. Одличен албум, одличен.
519000
8.7
My Dying Bride - Feel the Misery
1781 logo
Vortex
8.5
Бенд што не знае да напрае ни просечен албум, за лош ич да не зборуваме. Невестата и креативноста никако да им умрат и после 20 години.
007 2643
Brutalic
10.0
Feeee-eee-eeel... the misery! Одлично сработен албум! Баш ја почуствував мизеријата на "неговата невеста што "кини конци"". Не слушнав никаква маана; се си беше на место! За онакви албуми, јас мислам дека само во деведесетите со сигурност можеше да се слушнат. Иако албумов има модерен шмек, се приметува дека бендот е од таа ера. Се држат до онoј Doom метал што е институција за сите нови, таканаречени, "Doom" бендови што се редат денес.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Добар наслов на албум за музиката што ја создаваат My Dying Bride. Музика преполна со емоции, бес, болка и тага, со еден опис жива депресија бе. Ако малку подобро ги следите MDB ќе забележите дека голем дел од албумите низ својата кариера ги издаваат на есен, му идат некако како спремање на зимница за своите фанови да ја преживеаат ладната и депресивна зима. И овој пат тоа им успеало.
526007
7.8
Queensrÿche - Condition Hüman
1781 logo
Vortex
9.0
Втор албум без Geoff Tate и стварно не треба многу за да сфатиш колку Geoff Tate го кочел бендов последниве 15тина години. Todd La Tore испадна полн погодок, ем звучо ко помлад Geoff ем додава нешо свое на бендот, не знам многу примери бенд олку добро да успеал да смени вокал. Материјалот е брилијантен, има работи што потсетуваат на златното доба од 80тите, има работи ко излезени од Promised Land и има материјал кој е прилично свеж. Не можам да поверувам дека ваков албум направиле без Chris Degarmo, бидејќи низ овие 50тина минути обилува делови кои се типични за него (ете пример Just Us, немале олку добра балада уште од времето на Silent Lucidity и Bridge а кои се комплетно негови песни). Еден од најдобрите албуми годинава дефинитивно.
007 2643
Brutalic
6.5
Ете што бил проблемот со Queensryche додека Џеф Тејт сеуште беше во бендот - егото на Џеф Тејт! Се гледа дека одкако типот не е повеќе со бендот, одма почнаа да исфрлаат далеку подобри албуми. Мислам дека тој сакаше да земи преголема контрола врз бендот. Со новиов пејач, сеуште звучи како Џеф Тејт да не заминал од бендот, но тоа и не е лоша работа. Знам дека многу луѓе ги поштоваат поради квалитетот на вокалите. Овој албум, иако не им е еден од најдобрите, сепак докажува дека се оптимистички спремни за понатаму. Го ценам она што сеуште го има шмекот на постари албуми од Queensryche.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Колку и да си имун на се што содржи збор power метал кога Queensryche се во прашање треба да си подголтнеш и да продолжиш да слушаш, затоа што ова е бенд што е многу повеќе од power. Технички инструментално супериорно, вокално многу моќно Condition human го прават за најмалку две класи подобар албум од претходникот што излезе пред две години. Едно големо браво за Крис Харис, човекот кој го продуцирал овој албум, си ја завршил својата работа маестрално.
524809
7.8
Deafheaven - New Bermuda
1781 logo
Vortex
8.0
Пред 2 години бендов крена прилично голема прашина со Sunbather, албум кој наизглед звучеше ко нов пристап кон одамна преџваканиот жанр. Онака, San Francisovian Hunger (For Love and Sun). Иако голем дел од тој звук може да се сретне и на новиов албум сепак Defheaven покажуваат дека не се one hit wonder бенд. Напротив, New Bermuda е темно, комплексно и не толку весело дело ко неговиот претходник.
007 2643
Brutalic
8.0
Deafhaven направиле навистина добар контраст. Албумот почна со таква енергија и лутина, што некој би го споредил со еднаков ефект на експлозија од бомба. И така, многу брзо дојде изненадувањето; помеѓу екстремноста како Black метал бенд и мелодијата, па и влијателните амбиентални елементи - подобра комбинација немам слушнато. Се почувствував како да не знаеле што да додадат во одредени моменти, но тоа се слуша низ целиот албум и се забележува дека му е намерно скроено по тој план.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Е ваква продукција сакам за овој тип на блек метал, или како што детално го опишуваат пост блек метал. Многу ретко налетувам на блек метал, едно што јас не сум многу заинтересиран за блек металот во глобала, а друго што грото бендови од тој правец знаат повеќе да звучат смешно и досадно. Него нејсе Deafheaven имаат ретко добра успешна формула на создавање бруталност од една страна и чиста емоција на друга страна. Доказ дека од Сан Франциско има и метал бендови што не свират само треш метал :). Интересен ми е делот од Come Back некаде после 06:40 секунда онака олд скул Металика риф, па соло итн, итн. Интересен албум во секој случај и вреди да се чуе.
524845
7.5
Kylesa - Exhausting Fire
1781 logo
Vortex
8.5
Ги немам нешто посебно слушано претходно Kylesa, овој албум ми беше првото сретнување со нив. Првата песна на албумот се вика Crusher и си го заслужува името. Иако искрено малку сум презаситен со жанров и имам прилично голем проблем со фокусирање, сепак во ниту еден момент до крај на албумот не се решив да го прекинам. Комбинацијата на дебелите тешки рифови, гласот на Лаура и одличните тивки психоделични моменти се перфектно вткаени и го праат албумот интересен цело време.
007 2643
Brutalic
6.0
Концептот во албумов многу ме потсеќа на оние готик бендови од деведесетите. Можи и The Cure да се земи во обзир. Не е негатива, него познавајќи ги нивните Static Tensions и Time Will Fuse It's Worth албуми, е далеку различен од тоа. Лутината и агресивноста им се изгубени во Exhausting Fire. Она што е во новиов албум, е далеку по нежно и по лесно за слушање. Дури и доста слаџерски делува.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
А таман си помислив дека заборавивме на овие чудни sludge бендови, ги немавме изминативе два месеци. И кога оп ете ти ги Kylesa со Exhausting. Сета среќа што се работи за супер албум кој не е досаден ниту во еден момент, освен што не ми се допаѓа кој знае колку каверот од химната на Black Sabbath. За мене лично ова е еден од подобрите албуми за оваа година од овој жанр, али баш ќе ме интересира што има да кажат оние што се подобро упатени од мене во овој жанр и генерално со бендов. Crusher и Shaping the Southern Sky ќе им бидат големи хитови за свирки во живо, го осеќам тоа.
515836
5.5
Children of Bodom - I Worship Chaos
1781 logo
Vortex
6.5
После феноменалниот Halo of Blood и омотов, човек би помислил дека бендов се враќа на оној звук што ги направи тоа што се. Арно ама не, наместо тоа имаме продолжување на досадниот стил што го почнаа со Hate Crew Deathroll (не викам дека е лош албумот, ама дефинитивно не може да се мери со првите три). Има неколку одлични песни и на новиов ама за неколку недели ќе заборавам дека воопшто сум ги слушал.
007 2643
Brutalic
4.0
Албумов не е лош, ама не е ни добар. Children of Bodom се еден од бендовите кои се познати по брзи, технички и мелодски песнички. Само неколку OK песни се во албумот на таа база, но не е тоа тоа. Кога гледам како почнаа како бенд, какви албуми издадоа после тоа, и сега гледам каде се... фактички ако гледам во точка "А" како почеток и точка "Б" како крај, наместо прогрес, бендов регресирал. А тие баладите што ги вметнале, воопшто се непотребни и се гледа дека се чисти филери на албумот. Респект за преработките!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Можеби најдобриот албум на Children of Bodom во кариерата? - Да да, има и такви по интернетов што се дрзнале да отидат дури до таму што се колнат во овој албум. Ма немој да ме јебеш што би рекол Кили наш од Еквадор ако му кажеме дека нашата власт е најдобра во Европа и пошироко. Истото јас го кажувам за I worship Chaos. За лошо воопшто не е лошо, али дека е врв ајде да не се лажеме. Од мене имаат преодна оценката поради тоа што покажуваат знаци на живот после еден куп генерични албуми.
514787
4.8
Annihilator - Suicide Society
1781 logo
Vortex
6.0
Не знам по кој пат Џеф Вотерс останува сам со себе. На моменти ми делува ко помалку успешен Dave Mustaine, со помалку пари и талент. Албумиве му се или просек или промашување, чест на неколку исклучоци во последниве години (Annihilator од пред 5 години беше полн погодок. Suicidal Society е тука некаде меѓу просек и промашување, преџвакани рифови, барање инспирација во првите албуми на Metallica (колку само My Revenge е украдена Damage Inc.) и да лоши балади. Џеф, никогаш не те бивало за балади, зашо воопшто се обидуваш?
007 2643
Brutalic
2.0
Бездушни рифови, срање вокали и мизарни балади.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.5
Сум слушнал 100 пати подобри Annihilator варијанти од ова што се нуди на Suicide Society. Премногу модерно и пицнато за мој вкус и за бенд како Anihilator. Најдобра песна на цел албум им е Creepin Again ( ала Металика со многу певлив рефрен ) али со заразен риф кој знае добро да те извози. Има уште пар други солидни песни, и тука завршува се. Би сакал да можев да речам дека сум задоволен од албумов, ама за жал тоа не е така.
522121
4.5
W.A.S.P. - Golgotha
1781 logo
Vortex
5.0
Онака, жално е да се гледа во што се трансформираше човекот што некогаш вриштеше "fuck like a beast!". Никогаш нема да сфатам зошто толку многу музичари на залезот на нивната кариера го „пронаѓаат“ Исус. Имам теорија дека нивните оштетени од дрога и алкохол мозоци би можеле да бидат една од причините. Како и да е, Golgotha се обидува да црпи од славниот период на бендот без некој успех, сите песни ми звучат ко б-страни на албуми на Bon Jovi.
007 2643
Brutalic
1.0
Ако беше албумов издаден од Бон Џови, ќе ме бендисаше. Ова што го слушнав воопшто нема врска со WASP. Разбирам бендови да еволуираат низ годините, ама Блеки ептен свртил стил на Поп-Рок. Ако тоа му беше целта, поарно ќе било да го издаде албумов со друг бенд, а не со WASP. Ма, ајде...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Уште еден од легендарните калифорниски олд скул хард енд хеви бендови сака да покаже дека уште е тука и дека уште се живи. Супер е чуството да слушнеш бенд кој жарел заедно со Motley Crue уште во раните осумдесетти. Почнувајќи од Scream која сигурно ќе стане омилна песна за лајф настапи од овој албум, па преку емотивната балада Miss you и завршувајќи со Golgotha го прават овој албум повеќе од солиден. Завршувам со раперски жаргон, респект за старата школа.