Октомври 2015

Октомври 2015

Ова дефинитивно беше месец на легендите, не знам кога повторно ќе се случи Motorhead, Maiden и Slayer да исфрлат албуми во исто време. Со оглед на тоа што едните се со една нога во гроб, другите имаат клучни членови во гроб а третите само што излегоа од хемотерапија, шансите за истово да се случи се ептен мали. Покрај тоа што речиси сите бендови веќе имаат статуси на легенди во оваа патологија (со исклучок на кои Ghost се практично новороденчиња), патологијава е посебна и по тоа што има најмногу патолози до сега. Во ова издание ги имаме: Slayer, Iron Maiden, Amorphis, Nile, Ghost, The Black Dahlia Murder, Motorhead и Lamb of God.
520412
8.0
Nile - What Should Not Be Unearthed
1781 logo
Vortex
9.0
Ептен ми е тешко да напишам било што за воспоставени бендови во патологијава. Со помалку познатите ете имаш простор да го претставиш бендот, како ти звучи, да го споредиш. Што да кажеш за Nile што не е веќе кажано? Не знам ни како е физички возможно да звучат уште поекстремно и постегнато отколку на претходните албуми. Целиот албум го има тој „ќе ти удирам боксови у фаца додека не ми отпаднат рацете“ филинг. Од самиот почеток кога ќе влезат со Call to Destruction каде што имаат мадиња да ги критикуваат муслиманскине дегенерици и психопати од ИСИЛ па се до затварачот To Walk Forth не прекинува млатењето без да станат напорни или досадни.
2796976
Turpis
8.5
Сви смо ми свесни колко су Nile технички поткован бенд, колко су заебани музичари и т'ј њив препознатљив звук што од километар ќе га познаеш, и тој на ов'ј албум га покажуев. После делумно разочарувачки At the Gate of Sethu ов'ј албум ги враќа на прав пут накуде Египетски богови куде што и заслужуев да бидев (клише муабет нели?).
007 2643
Brutalic
8.0
Ќе искористам една клише фраза: Се што г-дин Сендерс компонира е закон! Сериозно, не се сеќавам бендов некогаш да ме разочарал. Сите изданија му се страшилишта. Единствено, кога споредувам нови Nile изданија, ги споредувам со Annihilation of the Wicked. Иако новиов албум им е премногу добар, сеуште не го надмина "зверот". Се надевам нареден пат!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Уште од старт Nile повикува на уништување, а ние луѓето сме шампиони во тоа, без разлика дали се работи за уништување на култура, природа, разни животни и создавање на војни за глупости и каприци. Ако веќе сте слушале Nile, од прилика знаете што да очекувате. Цврсти како армиран бетон, лути како рисови и моќни како египетските фараони пред оваа наша ебана ера. Имале далеку подобри албуми, ама ова во никој случај не е за фрлање.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.5
Како кај sludge/stoner/doom-от, така и кај brutal death металот границата меѓу добар албум и бескрајно дрвење знае да биде многу тенка. За среќа, Nile се веќе докажани легенди и новиов албум е маестрално издание. What should not be unearthed моќно отвора со Call to Destruction, чиј што текст е коментар на скорашната пракса на Исламската Држава да ги уништува сите цивилизациски траги на Средниот исток пред доаѓањето на исламот. Остатокот од албумот е очекувано исполнет со остри рифажи, солажи и ултра брзи бластови кои се музичка позадина за славење на древен Египет. Еvil to cast out Evil ми отскокнува како нешто дефинитивно ќе се памети во иднина.
Hors
masnioth
7.0
Стандарден Nile. Aгресивен, бластови над бластови, над бластови, зачинето со бластови. Мене лично ова ми е Iron Maiden на death металот. Имаат многу дефиниран звук, формула за успех, и нон стоп ја фураат. Ништо ново, ништо превозбудливо, одличен технички death метал како и секој претходен албум. Секако вреди да се слушне, ако сакате да поуживате во одлично дисперзирана агресија. Само не очекувајте нешто ново и возбудливо. Можеби благо, ама многууууууу благо експериментирање со мелодија.
513824
7.5
Ghost - Meliora
1781 logo
Vortex
8.0
Moже не подобар, ама дефинитивно полесен за слушање од претходните без некако да се наруши интегритетот. Ок, "He is" личи на ABBA ама да бидеме реални, премногу е демоде ко за денешнинава. Можеби ќе беше за чиста десетка ама ем е прекраток ем ја има "Mummy Dust" најлошата нивна песна во кариера.
2796976
Turpis
9.0
Много сакаше да га хејтам ов'ј албум, пошто у живот ми скурчи на свак метал сајт, свака новост, свако све да е повржано с'с Ghost. Едно е што су медиумски експонирани, а друго е што Meliora е факин ремек дело. Стварно сакаше да га хејтам албум, ама не можу, јебига.
007 2643
Brutalic
8.5
Неколку луѓе ми го форсираа бендов да го ислушам, но никогаш не сум нашол ни време, ни интерес. Сепак, еве дојде време со патологијава да слушнам еден од нивните албуми... Навистина ме импресионира што доста лесен бенд за слушање, но ептен психоделички делува; во последен момент, од еден просечен "happy" риф, го вртат на 180 степени во потполна психоделија. Знаат да те заинтересираат во нивното дело и да ти го држат интересот до крајот на албумот. Сега, самиот овој албум ме исфорсира да најдам време и за другите нивни албуми.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.5
Еден од најнеобичните бендови кои излегле од Шведска во поново време. Во џунглата од досадна и повторлива музика и следењто на разно-разни трендови Ghost испливуваат на површината со својот специфичен звук и појава. Слободно можам да кажам дека Meliora ебава матер на се живо и диво со својата окултност, психоделика, прогресивност и рчкањето на богот. Овој бенд да постоеше некаде рани 80 ти, веројатно ќе беше еден од најпопуларните во тоа време. Само позитивности имам за Ghost. Btw, мислам дека ова е најдобрата патологија до сеа што се онесува на понудата на бендови/албуми.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Трет по ред албум на можеби најизвиканиот бенд последниве неколку години. Иако не ми прават некој голем мерак и стварно мислам дека без имиџот немаше да догураат до таму кај што стигнаа, морам да кажам дека се навистина добри песнописци се и доста суверено си владеат со дуровите. Секоја генерација си има по еден ваков бенд чиј театрално визуелен аспект носи исто толку ако ние и повеќе од самата музика. На Meliora, може слободно да се каже дека Ghost се на врвот на својата креативност, бидејќи песните се певлив рефрен до певлив рефрен и за мене лично нема ниедна песна што плаче да ја прерипаш, без разлика на тоа колку имам против бендов.
Hors
masnioth
3.0
Бендов е глуп. Не знам како на сите им се свиѓа. Што е со вокаливе и оваа Fall Out Boy музика? Мислам дека indie сцената у Исланд има поише муда од бендов, жими све.
517686
7.4
Iron Maiden - The Book of Souls
1781 logo
Vortex
9.0
Мејдн беа критикувани заради должините на албумите и песните на последните албуми. Ко за инат, новиот албум е најдолг во целата нивна кариера и ја содржи најдолгата песна во нивната кариера. Не дека не ги сакам претходните три, ама новиов ми звучи ко да се земени најдобрите делови и би се дрзнал да го изедначам со Brave New World. Брус Дикинсон доминира преку цел албум, од почеток до крај. Материјалот е разновиден и успешно бегаат од нивната досадна формула со спор почеток на песните и нивно без потреба влечење во недоглед иако на прво слушање може така да делуваат. Можам да кажам дека ниту една песна не ми е предолга, дури ни Empire of the Clouds. Едвај чекам да дојдат во близина на следнава турнеја.
2796976
Turpis
3.5
Ја стварно не тражу од Maiden да га напраив нов Seventh Son, нити Somewhere In Time... Довољно е нешто како Brave New World, евентуално Dance Of Death. Ама не бива. Задњи три албума су ги тоталан промашај, а најавување на епску 18 минутну песму као мислиш којзнае што су отсвиреле. Да не се викаше бенд Iron Maiden, да га издаде било кој друг бенд ов'ј албум, не знам дали некој ќе га тераше албум после треќу песму.
007 2643
Brutalic
8.0
Само што почна првата песна, и се почуствував како да го слушам Seventh Son of a Seventh Son, за прв пат. Кога ги гледаме фактите, колку се стари луѓето и колку албуми имаат позади нив, Тhe Book of Souls им е навистина импресивно сработен. Обично многу ми сметаат предолги песни, но овде не ми здосади ниту една песна. Композициите многу ме потсеќаат на постарите албуми од Iron Maiden; буквално скоро се, до пред Blaze Bayley да стигни во бендот. Се надевам ќе дочекаме уште едно издание.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
10.0
Бендот со кој пораснаа еден куп различни генерации, бендот за кој можам да муабетам со дупло помлади, а и дупло постари фаци од мене., бендот кој јас го нарекувам ИНСТИТУЦИЈА на хеви метал музиката. Ало бре дали сте нормални во волку сериозни години да создавате ваква музика а? Секоја ви чест на сите до еден, ма да малку над сите го ставам Брус кој пее како во најдобрите денови. Немој некој да се дрзнал и да почне да ги споредува со некои бендови кои вадат албуми само ради стара слава, пари и слично, ве молам немој Мејден да ги ставате во тој ќош. Црниот Еди си ја отвори душата и ја раскажува приказната во цели два ома, а на нас е само да уживаме во буквална смисла на зборот. Фаворите ми се The Red in the Black и Empire of the Clouds кои вооедно се и двете најдолги песни. Тајфо, се гледаме наскоро на некој концерт. Првата десеттка од мене за оваа година.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Легендите се враќаат со нов, ептен мерачки за слушање албум. Неговото име го наговестува квалитетот на композициите, бидејќи во стварањето на секоја од нив, бендот вдахнал многу душа. Текстовите и нарацијата на Брус ми оставаат впечаток дека слушам англиска литература во аудио формат, а не хеви метал албум. The Book оf Souls e ипак створен од докажани мајстори на занаетот кои секогаш знаеле како правилно да ги усмерат своите таленти и искуството кое го стекнале со одминувањето на годините. Албумот нема бомбастични синглови ама па можеби и токму поради тоа делува како една совршена целина. Посебен ќеиф ми остави Tears of a Clown, што е непогрешливо инспирирана од трагедијата околу смртта на незаменливиот Робин Вилиамс. Real recognizes real.
Hors
masnioth
6.0
Мaiden ги сакам, и покрај фактот што го вадат истиот албум задњиве 30 години. Освен тоа што албумов е стандарден Maiden, морам да признаам дека е преебено долг.
518912
7.4
The Black Dahlia Murder - Abysmal
1781 logo
Vortex
8.5
Седми по ред одличен албум по ред. Малку бендови можат да се пофалат со толку конзистентна дискографија. И на новиов продолжуваат со нивниот мелодичен дет метал инспириран од At The Gates и Carcass. Не би можел да го споредам со старите албуми бидејќи оној што го слушам во моментов секогаш ми е најдобар. Мислев дека ете ко Everblack нема да напраат албум и дека сите после него ќе бидат празни обиди ама Abysmal во секој аспект може да се мери со него.
2796976
Turpis
8.0
Не знам колко гу пратите кариеру и дискографију на Black Dahlia Murder, ама с'с свак следеќи албум се надминуев себеси. Отприлика знаеш како ќе звучи пошто ипак цепав некој препознатљив стил ама, ретко кој, па и ја мислеше дека ќе га надмашив Everblack ама с'с ов'ј албум успеава. Тотално сазреан бенд кој више не се плаши да убаци ни black ни old school death елементи у своју музику.
007 2643
Brutalic
9.0
Остар, моќен и лут Death/Black. Што би рекле некои, нема лабаво! Имам речено и предходно, и пак ќе речам: се забележува кои бендови посветуваат соодветно, а понекогаш и премногу, внимание на нивните албуми. The Black Dahlia Murder се едни од тие бендови. Не само овој албум, но и предходни изданија, се им е кој од кој по-мангупски. Продукција е на ниво, композициски е "коска", и што да правиме повеќе муабет?!
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Бенд кој во континуитет вади супер албуми и до сеа барем според мене немале лошо издание. Должина на песни а и комплетно на албум за мерак, се слуша во еден здив, го пушташ албумот и нема запирање додека не го преслушаш. Се гледа дека момциве добри ги научиле лекциите на старата мелодична дет школа.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.0
Месец дена пробувам да го преслушам албумов од почеток до крај и некако тешко иде. Значи ај да беше некој нов бенд, али ова не го очекував од TBDM. Докажани шредеришта, брзи, моќни, а сепак на Abysmal со премалку (да не кажам ич) интересни моменти. Јебига.
Hors
masnioth
6.0
Солиден типично американски мело death. Не е бенд кој што многу го имам слушано, искрено, ама звукот не им е лош. Се примеќа Carcass-штвото и At The Gates-вото во нив, и се гледа дека целат на таа модерна америчка metalcore продукција каде што се е хипер хипер хиперпродуцирано.
517093
7.3
Amorphis - Under the Red Cloud
1781 logo
Vortex
8.5
Албумов ја продолжува низата на одлични албуми откако сфатија дека дистанцирање од метал не е многу паметна работа. Сериозно, од 2006та наваму не паметам албум од Amorphis кој не го имам убиено од слушање (посебно Skyforger). Да се арчеа мп3ките сега ќе беа шупливи ко глава на вмровец. Викаат дека добар албум се познава кога во различно време различна песна ти е фаворит. Four Wise Ones, Bad Blood, Dark Path... не знам која би избрал.
2796976
Turpis
6.0
Убав албум за позадинску музику док работиш по дома нешто, убави певљиви мелодие. Онакој ништо вауууу, ама па и ќе пројде.
007 2643
Brutalic
6.5
Кога стресот те надминува во текот на денот, овој албум е решение за тоа. Мело албумче и лесно за слушање - те носат под црвениот облак што појма немам каде е. Доста се оддалечени од оној Death/Doom кој го плешеа пред долго време. Но искрено, немам ни еден албум слушнато салам после Elegy. Значи, контакт со бендов имам потполно изгубено од Elegy на ваму. Сега би ги нарекол генеричен-мелодичен-фолк Death Metal. Без разлика кој е жанрот, доста се изменети, но не се досадни - сеуште имаат "џус".
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.5
Under The Red Cloud е еден од подобрите албуми за оваа година. Музиката што ја создаваат или не ќе можете да ја поднесете или па ќе и се восхитувате. Јас лично ги обожавам овие Amorphis. Од тивките звуци на пијаното и разните перкусии па се до тешките рифофи, заразната мелодија зачинета со фолк ориент, чистите вокали, певливите делчиња, грубите издерување и на крај прикажани со психоделичниот кавер. Буквално се им е одлично. Да не беа во иста патологија со Мејден можеби и ќе им дадев 10. Да не ви е ич криво што ќе потрошите 250 мб за да го спуштите и 50 минути за да го преслушате албумов. Вреди за секоја потрошена минута.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Минаха години од кога ги гледавме на Таксират и се радуваме дека на гости ни дошол светски метал бенд. Денес, иако со друг пејач и поинаков стил, Amorphis уште се цврсто позиционирани во скандинавската метал елита. Можеби не негувам огромни симпатии према стилот што го фураат, али ќе кажам дека Under the Red Cloud e слоевито и одлично и спродуцирано парче мечл, со интересни мелодии и вокални линии. Дефинитивен фаворит – Bad Blood.
Hors
masnioth
6.0
Да беше 1996та албумов ќе газеше. 2015 не толку. Да се разбереме, далеку е од лошо. Многу убави мелодии, клинове, целосна вожња, ама фали некоја доза современост. Многу ми е ист ко све од Аморфис претходно. А да, преку кур ми е од Ориентот веќе. Да, Dan Swano е цар, ок, продужете даље!
515163
6.8
Motörhead - Bad Magic
1781 logo
Vortex
7.0
Леми и компанијата ја туркаат и петтата деценија на бендов и некако успеваат да исфрлат нова верзија на истиот албум по 20ти пат и пак да не ти биде досаден. Барем на мене, знам луѓе кои Motorhead ги користат веќе за правење вицеви.
2796976
Turpis
7.0
Ни сам не знам што очекуеше к'д га пушти албум, пошто тија су Motorhead. Прљав звук, прљав Леми, прљава дисторзија, рокање на гласно под дифолт, алкохол до тебе уз цигаре и уживај.
007 2643
Brutalic
4.0
После овој албум, Леми навистина треба да се пензионира. Едно е што албумот е доста просечен и не интересен, а друго е што човекот е при крајот со здравјето. Ваљда албумов а резултат на тоа.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Дали ова ќе биде последниот албум на Леми и Моторхед никој со сигурност не може да знае, али дека се ближи крајот на еден од најдолговечните бендови се ближи, тоа е неминовно. Никогаш не сум им бил некој посебен фан, така да и Bad Magic не е албум што ќе ме остави со подзината уста. До душа добар одл скул хард енд хеви звук никогаш нема да ви наштети, така да респект за чичковците од Лондон.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
8.0
Иако со една нога во гроб, Леми заедно со екипата си рока со енергија ко да има 19 години. Бендот кој ја даде скицата како од блузерски рок да створиш див панк и треш метал, на нивиот петилјадити албум по ред не дава ама никакви знаци дека ќе запре или успори. По првата Victory or Die, на Bad Magic се нижат песна до песна која од која порокачина, створени да бидат адекватен саунтрак на мото клубови полни сомнителни суртуци и жени со лабав морал. Како и со останатите албуми на Motorhead, кога го пичиш Bad Magic секоја вечер е петок вечер. На крај на изданието има и преработка на Sympathy for the Devil од Rolling Stones, што за мене сега официјално им припаѓа на “the Road Crew”.
Hors
masnioth
7.5
Tипична рокенрол вожња. Ова е еден од бендовите кои што цело време вадат еден ист албум, и пак е закон! Нема што да се каже повеќе, освен тоа дека старото и на свои 70 години е спремно да рока дрско, иако се познава дека го стигнуваат годините, speed-от, разните ракии и лесните жени! Во однос на музиката, тоа е тоа. Моторхед, не очекувајте арпеџиа и експериментирање со фленџери, дилеј педали и пост панк вокали. Не поштуем што напраиле cover Стоунси, најверојатно затоа што ми се срање и прецент бенд! Како што тргнале работиве, мислам дека ова ќе биде задњи албум на Моторхед, али да не мрчам пред рука. Live Fast, Die Old! Рокајте рокенрол и кур да не ве боли! П.С. Теll me who to kill. Леми ако може пастирот и братучед му!
513815
6.6
Lamb of God - VII: Sturm und Drang
1781 logo
Vortex
7.5
После неколку албуми на кои не им ги паметам ни имињата и еден куп драма во животот на нивниот фронтмен, конечно и албум. За разлика од претходните Lamb of God на овој се обидуваат да излезат од нивниот звук и тоа прилично успешно. Имаш тука интересни влијанија кои ги немале претходно, Deftones, Alice in Chains, без да звучи ко копирање на истите. Не дека ова ќе ме направи голем фан на бендот, ама барем ќе го памтам албумов.
2796976
Turpis
7.5
Можда најочекуван албум у задњи 2-3 године од бендови од нову америчку метал школу, после Рендиево апсење и сви голготе што га пратесва бенд, коначно еве га. Продукциски албум е перфектан, дисторзие, гитаре, бас, бубањ све е на свое перфектно место. Не можеш да кажеш дека нешто имав сменето стил пошто тија су тија Lamb Of God, знаеш какву музику свирив, знаеш какви рифови и брејкови ќе стаив, туј-там ќе изненадив с'с некој бласт, клин вокал...
007 2643
Brutalic
5.0
Се убаво почна, ама од средина на ваму, малку замре албумот. Класичен Lamb of God грув, но како да ги замрзило да го доработат материјалот како што го почнале. Просек! Една петка, али не во добра смисла.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Модерно стана самите бендови да не потсетуваат кој по ред албум им е што го издаваат, а ова за Lamb of God е седми албум. Седумката по некои верувања помеѓу народот носи успех и среќа. Јас мислам дека со овој албум LOG ќе имаат успех кај нивните фанови, а со тоа тие треба да бидат среќни, така да ќе биде онаа народната и волкот сит, и овците на број. Оние неутралните како мене ќе му се диват на Крис и неговата умешност околу тропањето и сигурно ќе си про најдат некој од заразните рифофи што нема да им излегува од глава. Ова е еден од бендовите кои ја одбележуваат новата ера на металот колку и да некои од нас го негираат тоа. Нека биде се во знакот на седумката, така да од мене една заслужена седумка :)
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
7.0
Кога излезе Sacrament, бев ептен загреан за LoG, ама набргу ги открив Mastodon и тотално ги баталив првоспоменатите. Последавателните албуми не им ги есапев нешто многу многу бидејќи знаев што ме чека – стакато гитари ала At the Gates и лагани грувови на дупла. Не дека на Strum Und Drang ги нема овие толку карактеристични моменти за звукот на LoG, ама пак мора да се пофали трудот на бендот да се излезе колку толку од сопствените клишеа. Не дека го смениле целокупниот звук, но на одредени песни направиле драстични вртења од тоа по кое се познати. Одличен пример за ова е краjoт на Embers што делува ко да и песна од Deftonеs, не само поради гостувањето Чино Морено туку и поради самата музика. Исто така, поголемиот дел од Overlord делува ко потпишана од Alice in Chains, a чистиот вокал на Ренди потсетува на Фил Анселмо. Иако овие промени може на момент да делуваат ради реда, експериментот е добредојден и можеби ќе води до нови откровенија во музиката на јагнето господово.
Hors
masnioth
5.5
Lamb of God, се crowd pleaser-и и тоа ќе останат. Новиов албум е генерични crowd pleasing химни, со типичниот нивен грув, некое лошо експерментирање со Stained/Disturbed/Creed clean вокали, кои што мене лично многу ме разочараа. Истата форумла, аранжмански е толку праен по нивна рецепта, што ништо, ама баш ништо не може да те изненади. Слушнете, не дека не вреди, особено ако сте им фан, ама мене оваа музика не ме дира многу многу.
517836
4.4
Slayer - Repentless
1781 logo
Vortex
5.5
Интрото и првата песна всушност успеаја да ме излажат дека ова ќе биде одличен албум, за жал за остатокот на албумот ми беше потребна перница. Не верувам дека проблемот е што го нема Ханеман, Slayer одеа надолу последниве 20тина години. Значи секоја песна ја користи истата формула, еден до два рифа и монотоно урлање на Араја, како да заборавиле што го правеше феноменален бендов. Raining Blood, Dead Skin Mask, Mandatory Suicide, Hell Awaits... сите имаа неколку фантастични рифови дури и пред да почнат вокалите а да не зборам за понатаму. Толку ли е тешко да го забележат тоа или едноставно не се ни замараат? Вака песниве делуваат ко Кери да ги напишал набрзина за еден ден.
2796976
Turpis
3.5
Да не се понављам себе си, прочитај гу патологију за Book of Souls на Maiden погоре/подоле , смени ги наслови на албуми и тој е тој.
007 2643
Brutalic
1.0
Значи ич не можам да ги поднесам солаживе од Кери Кинг. Пушти го Reign in Blood, и пушти го Repentless, исто звучат. Материјал од пред 20 години не мрднал многу од место. Да не ме разбери некој погрешно, не го споредувам новиов албум со Reign in Blood, односно само безвезните солажи на Кери Кинг. А да не зборувам за целосниот материјал во новиов албум... лесно е да се заборави од прво, па се кладам и од 10то слушање. Во главно, сите песни им преливаат една во друга. Се скоро исто звучи и не е нешто ново што не е слушнато. Друго што ме нервира... во просек имаат 4+ години паузи помеѓу албуми. И сега, вакви албумчиња да ги редат со ред, кои од кои по-чурук, ич не го бива. Луѓе да се соберат и прв пат да земат да учат инструменти и да имаат 4 години фора за да сработат албум, убеден сум дека 100 пати подобро од ова ќе испадни. Дали уште еден албум ќе извадат после овој албум (а највероватно ќе извадат), или не, баш не ме ни интересира. Е толку ме бендиса новиов албум.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.0
Јухуууу, Slayer со нов албум. Со радости го дочекав Repentless. Едно пет пати го свртев само интрото, ептен е добро и си викам кој знае што следува после ова. Бруталниот видео запис за Repentless е слика и прилика за се она што претставува Slayer во метал музиката. Ајде да бидеме реални и да си признаеме дека и тие не се она што беа, не возат веќе со гас до даска. Искрено се радувам на секое ново нешто од чичковциве, така да нема што тука многу да мрчам, од мене имаат палец нагоре.
27101 105562199475494 105554156142965 98175 1226030 n
symbolic art
5.0
По се’ изгледа месецов мајата од новите албуми на Maiden и Motorhead ги нема фатено Slayer. Албумов за мене ги докажа сомнежите дека, без Џеф Ханеман, Slayer не се Slayer. Дури и Aраја пред скоро изјави дека додека го снимале албумот имал чудно чувство дека звукот некако не е тој без Џеф. Не дека Гери Холт не е ѕвер, ама неговата вештина најдобро доаѓа до израз во Exodus. На Repentless, Slayer не делувaат на тоа што сите го знаеме и сакаме кај нив. Фалат квалитетни рифови, фали острина и се’ делува многу исфорсирано. Освен насловната песна со која отвора албумот, останатото не нуди ништо што влага во глава и те тера да го вртиш албумот во иднина.
Hors
masnioth
4.5
Каде бе со овие 3 за 4та средно текстови. Вајленс ис д ултимејт драг летс гет хај? Ако имаат 4 шамара измеѓу сите у Slayer ја куров го сечам пред вас, жими све. Иначе албумов да. Генеричен Slayer. Најпросечен генеричен Slayer. Да, Џеф фали, не дека Holt е лош, ама Џеф фали. Здосадуе албумов у курац.