Септември 2015

Септември 2015

Сезоната на ајварот ја отвараат новите албуми на Cattle Decapitation, Black Fast, Soulfly, Hate Eternal, Fear Factory, Krisiun, Rivers of Nihil и We Lost The Sea. Повторно сме пет патолози, ќе бевме шест ама едниот реши да паузира а во меѓувреме добивме патолог од Куманово.
512105
8.7
Cattle Decapitation - The Anthropocene Extinction
1781 logo
Vortex
9.0
Само две работи поштувам поврзани со веганство. Vegan Black Metal Chef и Cattle Decapitation. Од сосем просечен и досаден бенд со текот на годините CD успеаја да еволуираат во еден од најмоќните дет метал бендови на денешнината. Дискутабилно е дали новиов албум може со претходниот Monolith of Inhumanity ама е проклето забавен од почеток до крај.
2796976
Turpis
10.0
Да да да! Cattle Decapitation су ми можда ед'н од омиљени бендови, и свак албум се чека с'с нестрпљење и дозу на стра да не гу усерев работу. Ама на ов'ј су се брате надмашиле на сви пољиња. Аранжмански, музички и тија clean/grim/незнамкаквису вокали што ги убацуев од време на време, јао јао! Фала ви дечки за најбољи албум овуј годину.
007 2643
Brutalic
8.5
Машинерија. Многу заразни вокали. Од прво слушање многу чудно звучат, но после неколку песни, ти се вкоренуваат. Доста специфичен звук... Горе долу успеваат да ја држат формулата на компонирање како и во предходни албуми, но сепак, Cattle Decapitation, сеуште се инвентивни.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
9.0
Алек пред некој месец имаше направено супер интервју со Тревис Рајан ( вокалот ) на Cattle Decapitation. Во тоа интервју Тревис зборуваше дека The Anthropocene Extinction ќе биде страшен албум чак и подобар од претходникот Monolith....Мое лично мислење е дека успеа да си издржи на зборот и да издадат пеколно дет/грајнд ремек дело. Иако само двајца од членовите се вегетеријанци, ќе си земам за право да кажам дека се најдобриот вегетеријански екстремен метал бенд на планетава. Да им го препорачаме бендов на некој од Анима Мунди а?
Hors
masnioth
7.0
Oк, има многу бластови, а тоа не може да е лошо во никој случај. Продукциски е супер, све звучи коска, иако има доста grind-ерски моменти, а тоа не треба да е чисто, ама ете, све трпи ради death металот. Вокалите само некако многу синтетички ми звучат, особено тој scream-от што е ко нервозна Шенка Колозова. Се на се, добар албум, ако сакате агресивна музика, обратете пажња!
516207
8.5
Rivers of Nihil - Monarchy
1781 logo
Vortex
9.0
Вака би звучеле Nevermore кога би свиреле дет метал. Феноменални рифови, одлични солажи, никогаш досадни структури на песните. Дури и им успеало некако да инкорпорираат џент и пост метал моменти без тоа да звучи одвратно лошо. Еден од најдобрите албуми годинава.
2796976
Turpis
9.0
Ќе биду кратак овде. Слушате ли дет метал? Свиѓа ли ви се дет метал? Ќе ви се свиѓа страшно много ов'ј албум. Можда нешто најбоље за 2015ту.
007 2643
Brutalic
10.0
За ваков екстремен бенд, продукцијата е 10/10. Да не се лажеме, сите знаеме дека во по-екстремните бендови (Death, Black метали), во глобала, бас гитарата не успева да се пробија на снимките. За ваков екстремен бенд, како Rivers of Nihil, буквално сите инструменти можат да се слушнат јасно и гласно на Monarchy. Почетокот многу ме зарази поради тоа што сум голем фан на дисонантни музички ствари. Композициите им се неверојатни. Кога би го споредил бендов со нешто, ми звучи на перфектен микс од Martyr, Deathspell Omega и Necrophagist. Ова е втората моја десетка, поради тоа што албумот, од почеток до крај, ме остави во восхит и стравопочит.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.5
Што и да кажам ќе погрешам, бар такви мисли ми идат додека ги слушам дечкиве. Техничкиот дет метал не е лесен ниту за свирење, нити пак за варење. Дали јас сум презаситен од овој стил кој упорно се форсира последниве години, или па стварно Rivers of Nihil се само уште еден просечен бенд што по ништо не се одвојува од баграта тоа времето ќе покаже. Мене оваа прва дружба со нив не ми е воопшто ветувачка, тешко дека ќе има наше пријателство.
Hors
masnioth
9.0
Убаво интерстеларно патување. Одличен death metal звук, супер вокал, супер гитарски new school делници. Волку не сум се журкал на технички death од Obscura кога беа у Кастро и од кога го извадоја Cosmogenesis. Дефинитвно најдобриот албум на патологијава месецов. Особено ме плени metalcore-ашките делови кои што се така вклопени во серија од прекрасно зачинети бластови, мелодии ван сериско добри исто така. Cover art-ов исто така мамата у пичка. Ова е Тоше на техничкиот death, дефинитвно.
Cover
7.8
We Lost The Sea - Departure Songs
1781 logo
Vortex
8.0
Не е баш албум што „кликнува“ на првите неколку слушања ама не е ни нешто напорен за слушање ко новиот на Krisiun. Звучи ко Cult of Luna и Neurosis да се договориле да праат посмирена музика. Инаку, како што подоцна дознав ова било ептен важно издание за бендот бидејќи се прв пат без нивниот вокал кој се самоубил пред некоја година.
2796976
Turpis
7.0
Прво слушање - што слушам овој срање о господе? One man band ли е? Второ слушање - Много е добро, ептен ми се свиѓа, колко члана су у бенд, чек да проверу? СЕДАМ!?! Ок. Иначе да нема забуна што свирив - некој пост метал, пост рок, атмосферик, од све по малце.
007 2643
Brutalic
9.0
И покрај експерименталните амбиентални елементи, се гледа дека се "d*ck-hard" за Neurosis. Мислам дека каверот од албумот, музички е одлично представен. Во овој албум конкретно (за разлика од предходна патологија која ја пишував, Tempel - The Moon Lit Our Path), воопшто не се потребни вокали. Цела приказна е прикажана инструментално и професионално. Во ни еден момент не се најдов во исчекување на нешто повеќе.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Последниот албум што го преслушав од оваа патологија. И да ви кажам право после 7 нервозни бендови, We lost the Sea се супер бенд за заокражување на овој месец. Овде нема екстремност, нема врескање и дерење, нема омраза. Постои мелодија полна со болка и тага. Кога малку прочачкав што како за бендов, прочитав дека вокалот Крис починал пред две години, и бендот не знаел што понатака, дали да продолжи и треба да престанат. Членовите на бендот познавајќи го Крис знаеле дека тој не би сакал бендот да замре. Departure Songs е неизмерно инструментално покажување почит кон Крис. Многу добар албум.
Hors
masnioth
7.0
Времето денес до умерено депресивено, со интересни мелодии, мелодични дронажи и можност за антиерективни дејства. Ми се допаѓа звукот на бендов како комплет. Не е нешто што би го слушал секој ден цел ден, ама мислам дека звуков им е тотална инкарнација на Ноември како месец(досаден, напорен, долг, нема слави, и нема логика да постои). Вреди да се слушне за секој љубител на инструментална музика, искрено ќе кажам редок инструментален албум во последено време да не е досаден како другар ми Мартинчо на табла. Исто така гитарџии дркаџии прогери, слушнете го албумот да видиете дека со гитарата може и поинаку од тие вашите досадни шредања, а пак да звучи ок.
515003
6.9
Hate Eternal - Infernus
1781 logo
Vortex
8.5
Лесно можев да ставам на ова многу ниска оценка бидејќи по првите слушања звучеше помонотоно. Ќе ги обвинам Krisiun за тоа, нивниот албум го одзеде уживањето во било кое дет метал издание. Infernus, не само што не е монотон туку е можеби еден од најдобрите албуми во нивната кариера. Ќе се дрзнам да кажам дека на моменти ми звучи како дет метал верзија на Ripping Corpse.
2796976
Turpis
4.0
Ерик Рутан одувек ми е бија закон фаца, гитарист и продуцент. С'г тој не е пресудан момент да кажу: Брат Ерик Рутан Закон, Hate Eternal закон, нов албум закон! Далеко од тој. Много ми е некако генерички некој дет метал, чисто онакој издаден колко да се каже - ради реда. Једина ствар што вреди за мене на цел албум е насловна трака Infernus ама па, една песма албум не прави. Знам дека на пуно ликови ќе ги се допадне албум, ама ја не сам ед'н од тија.
007 2643
Brutalic
8.0
Тотален хаос! Што ми фати увото - ме бендиса. Што не ми фати - воопшто не сум сигурен како ги доживеав тие празнини. Едноставно, сакам по втор пат да го пуштам албумов и вистински да го оценам. Ме остави во позитивен копнеж (ако прави ова некаква смисла). За сега осумка, а во моментов, си го пуштам албумов по втор пат...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.5
Тоа е таа банда која располага со моќна артилерија и прави пустош со својот дет метал арсенал од калибарот на Morbid Angel. Се дивам на бендови кои пркосат на модерните трендови што се случуваат на метал сцената, Hate Eternal се еден од ретките кои цврсто стојат на свои нозе. Не дека не сте слушнале ваков дет метал, или па дека нема да чуете во блиска иднина албум како Infernus, али овде има се што треба да поседува еден дет метал бенд. Ја има разурнувачката моќ на ураганот Катрина, а сите знаеме каква сила беше тоа и какви последици остави . Еден од топ 10 албумите за оваа година ДЕФИНИТИВНО.
Hors
masnioth
5.5
Кој би рекол. Уште еден генеричен death metal албум. Вау, навистина никад доста од овие. Шала на страна, не барам да се измисли топла вода, ама малце да се излезе од конфорт зоната на бластови, истите брејкови и сквизови од 1987та. Фино е стварно, агресивно звучи, ама може малце да се проба нешто ново. Не викам гранџ албум да извадат. Али пробајте нешто ново.
513498
6.9
Fear Factory - Genexus
1781 logo
Vortex
7.5
После 20 години барање и рафинирање на нивниот звук заклучија дека најдобро звучеле на Demanufacture? Ок, некој можеби ќе мрчи за ова, ама мислам дека е ова најквалитетниот нивен материјал во последните 20 години. Ако ме праша некој не се ни сеќавам на ниту една песна од последните неколку албуми а на овој има 5-6 песни што не ти излегуваат од глава.
2796976
Turpis
4.0
Ау, колко се ја тој израдува к'д виде дека дечки вадив нов албум. Ау, колко тај радост кратко траеше. Слушајќе га албум сфати дека јебига, не ми се свиѓа нешто овам. Текна ми да заврту и по некој стар албум да се потсету, супер ми бева, значи негде су гу заебале работу на ов'ј албум. Повтарање е мајка на знање, ама буквално су га сфатиле некако тој. Прилично оргиналан бенд бева, далеко су с'г од тој. Надам се на нешто боље у наредњу прилику.
007 2643
Brutalic
8.0
Во текот на овој албум, додека го слушав, имав една голема реализација која ме доведе до една дебата: кој фактички го развија под-жанрот Djent? Размислете... Инаку, конкретно за албумот - солидно сработен, како и што би се очекувало од Fear Factory. Некои од насловите ми беа сомнителни, бидејќи изгледаат како трибут до филмот Bladerunner. И сум бил во право! После слушање на песната Genexus, се забележува дека вметнале линија од филмот: "That's what it is to be a slave." Исто и во последната амбиентална песна имаа линии вметнато од истиот филм. Ме изненадува што и после толку години, и покрај поедноставен правец кој го бичат, Fear Factory сеуште знаат да одржат еден специфичен, брендиран звук.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
8.0
Индустриал метал пионерите имаат нов албум. Со омот кој најдобро ја отсликува нивната роботозирана музика Fear Factory само не потсетуваат дека тие се тука и не треба да ги заборавиме. Ако сакате да слушате рифофи проследени со стопати побрз бубањ, агресивно, мелодично пеење и мрморење зачинето со електроника ондак бујрум и навалете на Genexus. Не сакам да правам споредби со Demanufacture од пред 20 години, али морам да признаам дека и Genexus ми звучи повеќе од пристојно.
Hors
masnioth
7.0
Супер звук супер продукција, и достојна замена за Gene Hoglan, иако не е баш он, ама нејсе. Во однос на тоа што многу ми се допаѓа е тоа дека за glitch-ање финти Fear Factory ми се цареви, дури и многу повеќе ми се свиѓаат од Meshsuggah. Oсобено ја ценам биполарноста во песните, како со самата музика, така и со вокалите. Малце е долг албумот за мој вкус, ама навистна сепак има што да се каже. Реџенерејт- многу мејнстрим јака!
516007
6.3
Black Fast - Terms of Surrender
1781 logo
Vortex
7.5
Еден од подобрите траш метал бендови во последно време. Звучат ко помало и поретардирано братче на Vektor. Едвај чекам некој да ги преведе ко „Црно Брзо“.
2796976
Turpis
8.0
О да! Т'ј е т'ј сељачки (у позитивину смислу, да не биду погрешно сфатен) дет/треш што док га слушаш се осеќаш како да си ги на свирку, негде на шипку а позади е мош. Оваква продукција ретко успева, ќе си кажеш ебате кој ги снимаја, ама за њим и за рецимо Vektor е факт боље ништо не може да ги стои. Одличан албум, топло препоручују.
007 2643
Brutalic
4.5
До сега, од кога почнав да пишувам патологии, Black Fast се нај-амтерскиот бенд што сум го слушнал, одма после Six Feet Under (SFU се сеуште на врвот). Да не звучам многу остро кон бендот, но онакви рифови и шеми, слушани ми се од пред десет години и фазла, кај бендови што биле "хип" во деведесетите и почетоците на новиот милениум. Добро сработен материјал, но на аматерски начин. Се познава дека се дечишта слушајќи го самиот албум...
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
5.0
Релативно млад бенд, а веќе со два албуми позади себе. Да го слушнев Terms of Surrender пред едно 15 години можеби и ќе ми се допаднеше, ама сега после преслушани еден куп албуми и истенчен вкус нештово не ми се допаѓа, баш Copy paste бенд ми се, без идентитет. Не сакам ваков треш метал, не.
Hors
masnioth
6.5
Mногу ок амерички blackened thrash. Малце е old school, малце е hardcore punk од време на време, добри гитарски делници, како и рокачки бубњеви. Вокалот исто така е прилично вриштачки висок, но сепак многу добро лепи на музикава. Не е баш мој стил, ама вреди да се слушне. Исто така има пар добри лептири!
515319
5.5
Soulfly - Archangel
1781 logo
Vortex
7.0
Продуктивноста на Макс е импресивна. Имам филинг ко секоја година да исфрла по еден албум. Она што е интересно е што на секој албум се обидува да звучи поинаку, некогаш успешно (Savages), понекогаш неуспешно (Omen, Conquer, Enslaved...). Секако, трејдмарк елементите како идиотските стихови на Макс ("Fuck your politics, we don't need this kind of shit"), опседнатоста со „трајбал“ звуци и позајмувањеto од Sepultura се секогаш присатни. Archangel ќе го сместам во успешните. Успат, разбирам дека омотот на Infernus од Hate Eternal го има цртано истиот уметник, ама вака ми изгледа ко истата сцена сликана од два различни агли.
2796976
Turpis
3.0
Разбирам дека е имало договор с'с издавачку куќу за албум и морале да издадев, ама к'д не иде, не е зор. Стварно ми е чудно дека још има онакви Кавалера фанови, што на свак албум га вадив и ударав од астал, ама факт е дека треба Макс да стави крај на ов'ј бенд, доста беше.
007 2643
Brutalic
3.5
После толку албуми, лека-полека (што би рекол Колозов), и Soulfy станаа еден генеричен метал бенд. Баш воопшто не-интересен албум за разлика од она што го издаваа во почетоците и во развитокот на кариерата. Да замижев и некој да ми го пуштеше албумов, ич немаше да познам дека се Soulfly. Поранешните албуми им беа со умур на стил. Овој албум - потполно неинвентивен.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
6.0
Чичко Макс Кавалера и на постари години знае да биде многу продуктивен, еднаш во годината обавезно вади албум, една година со Soulfly, а наредната со Cavalera Conspiracy, за да нема лутење. Јас лично ја поздравувам сета негова енергија, целиот негов труд што го вложува ама ова Архангел издание не ме извади од патики. Тато ќе свири и пее, а ти сине само тропај, тоа е таа формула. Да бидам искрен синот на Макс супер си ја завршил работата само што ја сум презаситен од музиката што ја создава Макс после ерата на Сепултура. Добра работа е што албумов трае прилично кратко, оти брзо здосадува.
Hors
masnioth
8.0
HARDCORE PUNK! Супер звук, супер албум, не знам вака што станал Макс толку по верата, али ако поштуем ја све тоа, православна брача ау ау. Ми има убава уметничка нота, а сепак одлични делови кои повикуваат на големи тежини на бенч клупата. Звукот, мање више како и се што напраил некад Макс, звучи беспрекорно. Исто така многу ми е кеф што напраиле песна за мојот ценет пријател Дамјан Јанев, со соодветен наслов Sodomites.
519994
4.9
Krisiun - Forged in Fury
1781 logo
Vortex
6.0
После неколку успешни и неуспешни обиди да се напрае албум ко Conquerors of Armageddon (пошо Black Force Domain да бидеме реални се прави само еднаш и никогаш повеќе), бразилциве се надминаа себеси со Southern Storm. Претходниот албум, The Great Execution беше нивниот South of Heaven, прилично успешно успорување на звукот иако траеше дури 1 час. Еден час Krisiun не е заебанција. Не знам што сакале да напраат со новиов албум, брзината ја нема, продукцијата е просечна а песните се предолги и монотони.
2796976
Turpis
3.0
Никад не сам бија некој фан на Krisiun, не дека сам ги и нешто посебно слушаја ама тој што сам слушаја е било ултра брзо, знаеш дека брзина ги е била врлина. С'г овој што слушам, далеко е много. Дали пред некое време су смениле стил, немам појма, ама не ми се свиѓа нешто. Онакој, албум што јутре ќе забравиш дека ги слушаја и која песма како иде. Испод просек.
007 2643
Brutalic
3.0
Многу бездушно сработен албум. Иако се генеричен брутален Death Metal бенд, знаеа порано да сработат ствари кои вредат да се слушнат. Но овој албум, се забележува дека воопшто недоволно време посветиле за крајниот продукт да биди, горе-долу, интересен. Ич не ми фати уво, и воопшто не ме заинтересира. Единствено, продукцијата им е ОК, но и тоа им е премногу кредит од мене.
69857 123177877738404 100001385771792 151380 7779860 n
temninata
7.5
Krisiun од секогаш ми биле опаки момци, а тоа ми го докажаа кога имав шанса да ги гледам и во живо. Еден од ретките состави на денешницата што нема никакви промени на членови во 25 годишната кариера, податок што заслужува целосен респект. Forget in Fury не е ни најблиску од она што сум навикнал да го слушам од бразилциве, али сепак звучи подобро од 90 проценти на новите бендови што го фураат овој стил. Каверот на Electric Funeral ич ама да не ми се свиѓа, ич, можеле и без него.
Hors
masnioth
5.0
Генеричен death metal. Ништо повеќе, ништо помалку. Искрено, Кирисун е еден од најдосадните live бендови кои што сум ги гледал, и на албум ми звучат мање више слично. Никогаш не ме импресионирале, звучат како секој death metal бенд, не знам како се икони во овој правец на металот. Ок е да го слушнеш, и албумов супер звучи, за 1987. А да, што кур бараат луѓе после Shock Troopers да праат cover на Electric Funeral, кога тој е cover-от и тоа е тоа.