Дионис васкресе!
Сефте бела позадина на форумот, време е малце по малце да се реактивираме и да станеме од торпорот во кој метал заедницата, за жал, длабоко упадна. За да се помогне на овој ефект решив да пишнам два-три збора за некој албум. Проблем, сепак, е што од музиката која ја слушам веќе некое време се нема ништо ново чуено, па бев приморан да изберам меѓу вртење индастријал саундтрекот на V:TM - Bloodlines и слушање на прастари Emperor траки се' додека не излезе Skyrim. За жал, појавувањето на Skyrim значи дека Wintersun официјално никад нема да извадат нов албум и дека Keep of Kalessin ќе починат играјќи оти они се увек нешто змаеви ова-она. Така, џбарајќи меѓу прашината во мојата My Music папка најдов нешто постаро за кое би сакал да кажам два збора. Собирајќи ги пајажините, решив повторно да го рокнам Evangelion од Behemoth.
Behemoth се бенд кој едноставно смрди на бласфемија и заудара на свежо набрана Телема. Познати по својот заебан и бескомпромисен микс на блек и дет метал, тие отсекогаш стоеле како трн во око за полските верници, трн со изгравиран пентаграм кој воедно и јаде леукемија за доручек.
Да не се лажеме, Evangelion е најдоброто нешто што Behemoth го извадиле.
На Evangelion полјаците докажуваат дека знаат истовремено да растурат мајка од ебење и да ја шармираат нејзината готик ќерка. Што оваа премногу дубиозна метафора сака да изрази е дека момците се способни истовремено да остварат кичмокршачки рифови и да ја одржат атмосферата која е есенцијална за музиката од овој тип. Во својата целина, албумот е составен од еднакви делови бластови побрзи од корејски Старкрафт прогејмер и слоевитоста и пополнетоста која ја даваат блек метал акордите. Многу бендови мораат да го жртвуваат едниот адут за другиот, но не и Behemoth.
Behemoth ја отвораат нивната симфонија на пакост со содома и едно отсечно Дионис васкресе!, одат низ девет кругови на сакинујучи вратоломии кои рангираат од 3 до 8 минути, секој од нив мајсторски искован со неверојатната поткованост на полските воини. Изненадувачки добар е самиот микс, кој за разлика од некои порани изданија не губи многу во длабочина и не го истенчува звукот во својот обид да се звучи што поагресивно. Такоџе, за разлика од истите тие изданија, брзината на музиката неверојатно варира, Behemoth знаат да застанат со длабоки тонови, сјебани акорди додека тапанарот чисто го чека знакот да го растури најмрсниот бласт кој некогаш постоел, за во следниот момент сигналот да биде даден и Behemoth да исшредаат со доволна брзина да ги изрендаат лицата на сите свештеници во радиус од 42 км. Одличниот микс и оваа способност за заебани премини даваат неверојатна тежина на музиката, атрибут кој е одговорен за бруталниот, сепак атмосферски лик на Evangelion.
Овие карактеристики го прават Evangelion најдинамичното издание на Behemoth, а со тоа и нивниот најдобар и најбрутален подарок на светот. Текстовите, како што е редот кај Behemoth, се прилично интересни и зрачат со одредено ниво на саркастична, бескомпромисна интелигенција, главниот атрибут кој всушност и сакаат да го доловат во нивната музика. Песните не мораат да се гледаат одделно, тие се изградени на сосем истиот концепт за да нема шетање лево-десно, но се доволно различно склопени за да се одржи различност.
Мора, сепак, да се спомнат трите спота издадени за Evangelion, поточно спотовите на Ov Fire and the Void, Alas, Lord us Upon Me и Lucifer. Со овие три клипа Behemoth докажуваат дека се еден од неколкуте вистински мултимедијални бендови. Behemoth се комплетен имиџ и идеја, Behemoth се теософија и теомахија за оние кои бараат нешто тешко да ги мавне во муда. Тоа е Evangelion. Еден комплетен, антитеолошки бокс директно во фамилијата.
FINAL VERDICT