MKMETAL
AGNI KAI за првпат во Струга
Минат настан

AGNI KAI за првпат во Струга

📅 16.8.2014 @ 07:30 PM
📍 Fes Beach Bar, Струга

Бидете присутни на едно несекојдневно хеви метал збиднување под отворено небо и близу бранувањата на Охридско езеро!

Aтмосферата ќе се загрева со селектиран метал репертоар, a подоцна ќе биде заокружена со премиерна промоција на струшко-кумановскиот состав AGNI KAI. Настанот ќе се одржува оваа сабота на широката платформа на ресторан „Фес“.
АGNI KAI има досие од неколку свирки зад себе, а неодамна имаше чест да настапи и на еден од најголемите светски хеви метал фестивали: Wacken Open Air.
Патем, цената на влезницата ќе биде само педесет денари, а парите ќе бидат искористени за озвучувањето и патните трошоци на бендот.
Го очекуваме вашето присуство и солидарност да ја поддржите македонската андерграунд сцена!

Се гледаме!