CENOTAPH ВО СКОПЈЕ
Култната Brutal Death Metal бригада пристигнува во Македонија‼️
🪦CENOTAPH🪦
Формирани во 1993 во Анкара, Турција Cenotaph се истакнат бенд во светската Death Metal сцена преку нивните брзи рифови и екстремни вокали. Нивното прво демо излегува на виделина во далечната 1995та насловено "Life Immortal" и им помогна на бендот да ја започнат нивната кариера свирејќи на локални концерти и фестивали. 30 години и 7 студиски албуми подоцна Cenotaph станаа легенди во екстремната метал сфера и имаат свирено на престижни метал фестивал како што се Obscene Extreme, Maryland Death Fest и Metalheads Mansion! Сега се на нивната европска турнеја Embryonic Gore Death каде што како претпоследната етапа на овој летен масакар ќе стигнат во Скопје да држат лекција за вистински Brutal Death Metal! Идеме олд скул со ова...крв, пот и професионален концерт во подрум!
Но на што би наликувал волку моќен бенд без еднакво моќна предгрупа! Со задоволство ви ги претставуваме:
🫀GORELUST🫀
Автентично модерно Goregrind дуо исто од Анкара, Турција исполнети со морбидни текстови изведени на најбрутален начин! Создадени во 2023та за кратко време имале можност да свират со легенди во Grindcore сцената како: VxPxOxAxAxWxAxMxCx, Putrid Pile и 5 Stabbed 4 Corpses! Фантастично хаотична припрема ќе виде оваа двојка за волку брутален ивент!
И сега доаѓаме до сегментот локални мангупи што ќе го бранат домашното достоинство!
🩸CA125🩸
Уште еден Goregrind бенд го збогатува веќе мрсниот калибар на бендови на овој настан! CA125 се млад и амбициозен бенд што со нивната прва свирка ја покажаа енергијата на локалната Grindcore сцена! Овој пат се враќаат во Трн дупло појаки и попокварени!
😷HIV😷
Иронијата што HIV се проспективен Slam бенд од Охрид а до сега секој настап им бил ексклузивно во Скопје е само знак дека HIV инфицирале доволно луѓе со нивната музика да заслужат место на овој концерт и втор дом во Скопје! Со нетрпение чекаме да видиме што крици ќе бидат испуштени овој пат!
Оваа е концерт што под НИЕДЕН услов не смее да се испушти. Brutal Death Metal, Goregrind и Slam во една вечер?! Одговорот е да, идам!
📅03.07
📍Трн
🎟️350МКД
⏰21:00h
HOPE TO SEE YOU THERE!
