Минат настан
Hardfaced на Балканска турнеја
📅 9.10.2012 @ 10:00 PM
📍 Куманово
Еден од најактивните македонски хардкор-метал состави, Охриѓаните Hardfaced, заминува на голема Балканска турнеја која ќе трае од 10-ти до 21-ви Октомври. Момците ќе имаат 11 концерти низ Романија, Унгарија, Србија, Македонија и Грција. Крајот на нивното патување ќе биде заокружен со настап во Скопје на 26-ти Октомври, како специјални гости на концертната промоција на последниот албум на нивните другари Smut.
Hardfaced постојат од 2004-та година. Зад себе имаат два студиски албуми и многубројни настапи кај нас и низ соседните земји. Во моментов работат на третиот студиски албум кој е планиран да излезе во 2013 година.