Минат настан
LYCKA TILL + НОВА ГЕНЕРАЦИЈА @ La Kaña
📅 30.5.2012 @ 08:00 PM
📍 Ла Кања
Од далечната Умеа, некогашната колевка на најизвиканите европски хард кор бендови доаѓаат LYCKA TILL. Пејат на шведски, звучат светски, ги носат блузот и фолкот во себе, но сепак ги свират панкерски.
НОВА ГЕНЕРАЦИЈА се скопски панк деца кои се обидуваат да ја продолжат линијата на младешка бунтовност и бучен, брз троакорден бес.
Концертот е на 30ти мај, а почнува во 22:00. Влезот е 200 денари (нема слободен влез, сите пари се за бендот на турнеја!).
Boiling Point е кумановската организациска помош.