Претстојна свирка
Marduk во Скопје на 8-ми октомври
📅 8.10.2026 @ 08:00 PM
📍 Младински Културен Центар
Еден збор совршено ги опишува, Стравопочит!
Marduk не се непознати на Македонската публика, а нивниот прв концерт далечната 2007ма во Кастро и ден денес се прераскажува низ андерграундот.
После 7 години се враќаат во Скопје да проверат до кај сме и што сме 🙂
Трошење зборови за најава се непотребни.
35 години позади себе, 15 официјални албуми и уште еден куп изданија, ги имаат зацементирано на екстремниот блек метал трон
AMBROZ
Титани на Македонската сцена со децении.
Симфоничен блек метал без тронка компромис и со разорен звук.
WARHAMMER (GR)
Грчка блек метал машина од Атинското подземје.
Бенд кој неуморно коси низ сите континенти по глобусот.
Брзо, бавно, атмосферично,хаотично...лудо!
МКЦ 08.10.2026
Инфо за карти наскоро
TERRORVOID-PROMOTIONS