Печат во Браво
Издавачката куќа на македонските метал групи МРАК ве поканува во петок, на 28 ноември во 21 часот во Браво да дојдете на слушачката промоција на првото издание со кое се означува почетокот на работењето на издавачката куќа - компилацијата „Печат“.
„Печат“ беше замислен како проект кој ќе биде одраз на тековните струења кои доминираат во македонската метал сцена и буквално ќе стави печат на едно време кое се одликува и отсликува преку творбите со кои активните и актуелни бендови го диктираат музичкиот квалитет на сцената. Компилацијата е составена од 15 бендови од најразлични метал поджанрови и интердисциплинарна хибридизација со останати музички жанрови од рокенрол проминиенција. Во изборот на композициите се целеше да се постигне диверзитет на метал поджанровите за да се покаже широкиот дијапазон на самата сцена во Македонија и притоа архивирајќи го работењето на овие изведувачи. Изданието е со времетраење од 76 минути. На него се наоѓаат бендовите: Верка, Maras, Chromatic Point, Vandal, Ambroz, Spеwn, Fusnota, Beyond the Horizon, Exotist, Middlestep, Гласном, Arrested Army, Fighting Windmills, Groaned Cold, Waldir. Промотивната цена на компилацијата изнесува 200 денари. На промоцијата во продажба ќе има и блузи со долги ракави со логото на издавачката куќа и беџови со обвивката на компилацијата. За потребите на промоцијата ви подготвивме и едно видео изненадување. Влезот е слободен.
Се гледаме во петок во 21 часот во Браво. \m/