MKMETAL
Промоција на DVD од Steel Temple концерт
Минат настан

Промоција на DVD од Steel Temple концерт

📅 10.11.2012 @ 07:00 PM
📍 Кинотека

Промоција на ДВД од последниот концерт на хеви-метал групата Steel Temple одржан на 2 јуни, 2012 г. ДВД-то содржи 14 песни, во времетраење од 80 мин.
Steel Temple постојат од 2000-тата, и зад себе имаат еден издаден албум (2004) и еден снимен (2007). Во јули 2006-та беа предгрупа на „Whitesnake“ на концертот во Скопје.
Минатово лето го издадоа синглот „Life is Easy.“

ДВД промоцијата ќе биде со проекција на концертот во Кинотека на Македонија, проследена со коктел.

ДВД изданието служи како промо материјал на бендот, и нема да биде за продажба.

Следниот ден, Недела, ќе биде светската промоција на интернет, и ќе биде поставен за free download.

Снимен со 3 камери на концертот минатото лето, аудио материјалот измиксан од Дарко Блуз, видео материјалот едитиран од Златко Стровјановски Мендо (Demency).

!http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-prn1/22526_10151721629625715_889403088_n.jpg!